@Realist1 ми е еден од номинираните. Квалитетен член со широко знаење. Знае цивилизирано да дискутира и почитува туѓи граници. Реален човек.
@Angie1432 доста ја номинирате, а она не сака. Зошто Енџи не сакаш? Со години вака се натегаш за листава.
Јас само сакам некој да ја тргне клетвата од победникот. Видете колку многу победници за кратко време го напуштија форумот по победата. Некои се вратија со пола од тоа што беа присутни и немаат време за форумот.
Абе Маљчики море, какви Хеј словени Ова младиве сопартијци све треба да ги учиш, значи ееее Ех тетино, тоа беа песни
Мој фаворит е @theowndemon Вообичаено на фемина доаѓам да читам и once in a blue moon да пишам по нешто. Имам прочитано многу од оваа членка. И се восхитувам на знаењето, хуморот и борбеноста. You have a fan here girl, and a bit of a stalker: Честопати сум читала series recommendations/ explanations од нејзина страна па затоа ја завикав The series girl. Обично на маж ми му кажувам: ќе ја гледаме таа и таа серија затоа што прочитав едно убаво објаснето мислење на форумот од The Series Girl Ти посакувам Победа овде и во приватен живот. You have my vote!
Сега се карам сама дека годинава ме мрзеше да си ја напишам годишната листа со предлози. Ама има уште од годинава. Ама како шо @staycalm ми рече мене, ако некогаш ти треба предлог слободно пиши ми имам при рака за секој жанр по нешто, башка се ми е детално бележено на тв тајм. Од Октомври навака се ми е бележено со плус кратка нота. Спојлер Додуша годинава можам најлесно да дропнам Халоувин предлог листа со хорори за 2025. Се канев и за Божиќни филмој ама после првиот се откажав и ги оставам божиќните филмој за божиќен маратон уз колачиња со другар4ињата.
Уште малку ,за 7 г.ќе ја прекрстам... +/- 60... За темава предлогот оди кај @theowndemon .Девојчево за мене е херој,интелигентна,емотивна ,со специфичен вкус... Други не номинирам од причина што не го ,, веслам" форумов уздуж и попреко. Многу членки и не ми се познати... Така да ,Демонче само напред.
Toлку пренемагање, формација на кланови од одредени членови кои ми биле за среќа екс пријатели, кога ќе видам ми доаѓа да превртам очи. Но, си правам инстантен reality check, бидејќи на крај од денот тоа е реалноста на меѓучовечките односи и надвор од столичноста на форумов. Во склоп на темата ,,Форумџика на годината'' не гласав за никого, сите ме разочараа. Поздрав.
Јас немам уште номинирано, ако некој ме подмити некако, може и ќе го номинирам баш него/неа бидејки ми е омилен/а форумски лик..