Ех, на мое форумско време машки член требаше да постира професионални фотографии, да пишува стручни филмски рецензии и издржани прогресивни мислења за да припари до листава, а сега... боље да си поќутам Битно квалитетот на крај победува
реално машко не ни треба да има на листата дека нели фемина... зошто сум ставен и кој ме номинирал и ја незнам али изгледа преку глава им е на сите од прогресивни паа.. ај да си прекутам
Јас гласав за Реалист и сите реални девојки, а за машките па и тие позади женски профили нема што да додадам си знаат дека треба да гласаат за него. Ајде аирлија нека е наредно одење Неготино таму Кавадарци не знам кај се наоѓа на средина ќе се најдиме и ќе чести една ракија.
Сите номинирани на листата се нашле таму со причина, значи дека некој сака да ги чита и паднале в очи. И секогаш тоа така било низ годините, без разлика дали нас лично ни се допаѓаат членовите и колку сме ги забележале низ темите. Нема да кажам јавно за кој и дали воопшто гласав, но тоа е тоа, мнозинството одлучува, како за номинираните така и за победникот, нема што да се буниме или лутиме. Да сме здрави и живи само.
Што си номинирав, тоа си гласав За жал не можам уште еден глас, ама пошто годинава ќе победи широксокак КОНЕЧнО , догодина ќе ја хајпам @Angie1432
Кои и да сте вие што сте ме номинирале, ви благодарам Годинава ми почна многу тешко со смртта на мајка ми, па некако се повлеков од форумов.. Со моите дури 226 мислења годинава, изненадена сум што не сте ме заборавиле. Ви праќам големи Чувајте се и сакајте се.. Следната година да е поубава
Секогаш тие што се најгласни власта ги замолчува, така да муабетот и држи вода до негде на девојката. Ниту навредуваше ниту ништо ама кај има сила нема правдина.
Како мислиш "кои и да сте"? Кажи фала на 40-ка. Местиме номинации, избори, поклони, ликвидираме членови (со бан )... Машинерија сме ние, не е заебанција.
Awww, трите номинирани ми ги има тука. Енџи1432, Билјарката и Демонче. Ќе одам со Доундимон оти го оживува форумот и е непресушен извор на идеи за дискусија кој што даваат живост и разноликост овде. Ни треба тоа. You go, girl.
Секоја година истото со процентите. Не секој ги користи трите гласа, некој гласа за една, некој за две, некој за три. Затоа и процентот ти испаѓа така.
Демонка фаворит оваа година. Оригинална, униканта, секоја дискусија на место, борец плус локал патриот си сум Битола
Абе како да не, врска немаше пишаното, девојчето заслужено е на листата годинава, ниту некој правел кланови во 40ка, ниту мене некој со сила ме натерал да ја гласам/номинирам Демонка. Доста недостатокот на основна култура и воспитувње, го нарекувате ИСКРЕНОСТ. И не, немам ништо против никого, само треба рационално да гледаме на работите. Патем, ич не ме занимаат никакви кланови, ниту пак оговарања на форумов.
Не ги знам критериумите според кои се избира член? Отварање најмногу теми? Половина од отворените теми, ако не и 80% беа актуелни трендови од тикток кои што активните членови од 40+ не ги разбираат. Јасно ни е дека таму најмногу се читаат, даваат совети меѓусебно, и јас понекогаш ги читам, но еднаш да бидеме реални дека таму се малцинство, каде што при изборот тие имаат најмногу влијание. Баш ми е жал што и годинава изборот е на член од таму. Следната година може да се преименува темава во Форумџика на годината од темата 40+ Спојлер Ништо лично спрема демонка!