Да има 500 мислења најмалку е критериум, другото си е во форумџиски раце. Која највеќе нè бендисува - таа. Имало години кога по 2-3 членки на листата не сум знаела ни кои се, ама ете некои ги знаеле - ги номинирале. Симпл.
Уште одма првиот ден ко се отвори темава сите од 40ка почнаа да скокаат некој ако рече нешто лошо за само еден член од нивните. И после сите што викаа дека има кланови (а особено @nextredstyle) ги правеа будали и дека биле заостанати во минатото. Еве ја лично до лани како било појма немам, ама годинава и тоа како има поделба и победникот го бира само ЕДНА тема од вкупно 22.441 на форумов. Ништо немам против демонка, дури и јас би ја номинирал ако се номинираа повеќе од 3 члена (одбрав 3 други кои повеќе сум ги читал и се порелевантни за мене), ама и тоа каков факт е дека нејзе победата годинава и ја даде 40ка. Како што имаше некој претходно пишано: Доколку добиеш доверба кај пензионерите, си ги победил изборите, така овде, доколку пишуваш во 40ка и пробуваш да си со сите од нив фин, си форумџика на годината иако не си пишал во другиве 22.440 теми ниту еднаш во годината.
Минимално било 500 мислења да има номинираниот член, па нормално дека ќе ги има кога во темата си реплицираат постојано. Видете која тема е нај актвна. Имаме теми за рецепти, здравје, секс, ама таму се пишува за се. Таму нема оффтопици (ако целата тема е оффтопик) Форумов може исто да се пременува во Фемина 40+
Ај сеа Дс и ти, а и сите други, не ја претерувајте. Дека е една од најактивните на форумов со години, и тоа бајаги години, е, највеќе теми од сите други има отворано девојката, и стварно ретко во која тема нема коментирано. Не знам како не си ја начекал, вајда оти пишува долги реферати, па не ви се читаат. Некои теми и се баш океј и одлични, некои според мене се глупост, ама секој со своето нели. Дека се труди, се труди доста, и креативна си е. Али дека постојат кланови, и те како, да не се правиме будали, нема смисла. Има разни кланови, членки и членови си се дружат и приватно, блиски си се, си се поддржуваат. И си стои и тоа дека скоро секоја година победува некоја која е активна во кланот 40 ка, кој е највлијателен.
Демон колку теми своерачно има отворено, со сите салтанати, поставена тема убаво со цел дебата, мислење изнесено лично со свои гледишта и аргументи, вас што ве мрзи да читате или само една тема читате па може да ви е непознато истово. Не верувам дека има подфорум во кој не постојат бројни нејзини теми. И да, самите теми како бројка не значат ништо, квалитетот на истите е значаен. Читнете во нејзините, ако не ви се замара до толку со "реферати". Еве да сакам некој да номинирам од темите за облека, готвење, мајчинство, не би можела, не ни знам кои се таму најактивни, што мислења споделуваат итн. Во подфорумите каде што читам - таму си ги наоѓам номинираните П.С. Демонка и Биљарка конкретно, со години се на листава, а двете буквално по цел форум ги има. Да не зборам дека Демонка ваљда последниве 6-7 месеци во 40ка пишува, годиниве наназад еве не знам кој ја номинираше и гласаше кога не пишуваше таму.
Абе се си во право, ама @theowndemon баш и не ти е репер за говоров предизборен што го одржа. Девојката е толку присутна во 22.400 теми по форумов, што дури едно 500 теми сама има отворено. Ама нема везе битно е да се руга само нели Ват евр, позади добар демон, прашина се дига Иначе мој втор извор е @Dust
Јас мислам да се затвори 40ка, за да може рајат да дишете. Како не ви се смачи секоја година истото па истото. Еднаш да оставевте некој да се израдува во победата без притоа да исправате криви Дрини.
Откачи ми се жено бре, ко пијајца закачена едвај чекаш да ме начекаш негде контра да ми ојш. Верува многу пати си имала исто мислење ко мене ама ко си прочитала дека ја така вика инстант си го сменила да има со кого да се контраш. Ти кажав, ништо против демонка и дека ако се номинираа по 5 души на пример, 100% ќе ми беше ви нив. И јас не реков дека таа не пишува, реков дека ако сакаш да победиш занемари го сите 22.440 и пишувај во 40ка и ете ти титула.
А да, од една страна се кука више 5+ години за темата од 40ка, каде има еден куп жени што си нашле свое катче, си споделуваат секојдневие, искуства, совети (и тоа баш е пријатно да се прочита некогаш совет од човек со повеќе животно искуство), а од друга страна сите вие што кукате една тема немате отворено за да се мрдне форумот. Бујрум, отворете теми, направете паралелно катче на 40ка, пишувајте, па може ќе победите, пошто нели до тоа е. Ексик.
Ќе почнете сега да се собирате како глувци на сирење. Бре мајката, чисто манипулаторско размислување да се затворела 40ка. Па нека се затвори, малку да бидат поактивни и другите теми (нели ако се залагате за напредок на форумов ) И пак ќе кажам немам ништо против девојката, туку против тоа што се понашате како дежурни полицајци. Една членка од 40ка да се закачи со друга членка, сите напаѓате. И кога ќе ви коментираат за тоа, зашто се вреѓате?
И јас ти кажав дека си у право, ама кај сила нема правдина, шта чеш, 40ка е водеча партија на форумов Ама па баш дека демонка ради тоа победува, ептен утка. Девојката го држи форумов, со години.
Е баш тука даваш одговор како се одвиваат работите. Тие кланови шо ги зборите се уствари луѓе што кликаат на разни основи и се во принцип истомисленици. Па така, логично е да има навидум поделби, а уствари се само интереси, вкус, менталитет и остали работи у прашање. За тебе се едни најрелевантни што најмногу си ги читал, за друг се други.
Зошто инсинуираш работи кои не се вистина, а сите кои сме пишувале и кои моментално се активни во темата се наоѓаат прозвани, многу нормално. Сите имаат право да им се допаѓа тој што им се допаѓа, од свои лични субјективни причини, таман може да номинирам некоја што само во "што последно си купивте" постира слики. Јебига, ако некаде се пронашле Х број на луѓе, а ти не се пронаоѓаш, не е до луѓето.
Ами години се поминати на форумов а и на темата 40ска нормално е да се браниме другаЧки сме Тебе шо толку ти боде очи 40ската? Како може нешто да ви смета а да го пратите? Штом ви смета не ја читајте ич едноставно е