Да сакав преписки со тебе, ќе те цитирав. Слободно рипни ме во иднина, освен ако конечно пораснеш и престанеш да влечкаш здравствени проблеми на членки по теми. Немаш никакво право на тоа! Да, срам да ти е! И тебе и на сите останати што делат мислење со тебе!
Ептен на дијагноза удри сестро, не глуми сега наивна Иначе и @eliesaab видов сега на постов лајка ставила, и она ми е омилен лик и фавроит.❤ Да не беше Демонка, за неа ќе гласав, активна е и паметна девојка, има што да каже. И за Даст го мислам истото, ама она оваа година послабо беше активна.
Абре што си пишал со мали букви пиши си ко чоек. Ние 40ка го извртевме? Сам пиша што пиша, никој не може да изврти ништо ако имаш аргумент, во овој случај цитат.
Као ланска кралица осеќам дужност да се произнесам ама темава сериозно ја однесовте непотребно многу далеку. Не знам како возрасни толку си дозволувате сериозно и лично да сфаќате вакви баналности. Големи сте ваљда си ги знаете личните животни трауми и фрустрации. Ама ја от руф те темава! Демонка ја има извојувано, веројатно најголемата животна битка, така што сигурно не и дошло да “се лиже” бтв ова се ваши зборови, кај било кој овде за оваа победа тука. И редно е, да сте малку подоблесни и да престанете да спомнувате било чии дијагнози овде. Секако, ќе победи оти е квалитетен член пред се. И со задоволство ќе наминам пак да и ја предадам круната. Аман те. Празници се дечки. Опуштете се. Пивнете некој алкохол. Олабавете. Место огорченост која и од смајлињата ви извира, има нешто што се вика забава и хумор, дај ѕирнете во себе и пронајдете ги. Чирс! Мери Крисмас & Хепи Њу Јиар!
Е ај Злато кажи ми што пишав? Каде ја спомнав демонка во негативем аспект? I didn't order a yappuccino!
Твоето мислење ми е баш на нивото на темата, ирелевантно! Сепак, тхнх за грижата, ќе ја ставам во фиока со сите други непотребни совети! Напнатоста е твое хоби, ако продолжиш, ќе ти треба техничка поддршка.
Жално е што модератори па и админи спијат на увото. На никој не му е дојдено до титула на форум или парфем, ама кога веќе се организира коректно и интересно ќе беше да се номинираа членови од сите подфоруми. Активни членови кои неуморно даваат совет, дали во шминка, храна, семејство, бременост, политика… Овие кандидати можеше да ги одберат админите или модераторите, (сигурно гледаат активност) и од тука ние да ги гласавме тие што се номинирани. А за отварање теми секој еден може да отвори тема, дискусијата е интересна недела две и стагнира. Јас кога и да отворам во темата за козметика на лице ја читам @koritsaki Секогаш знае да даде совет.
Па ако тргнеме апла според прописи, и модератори треба да се исклучуваат од листата. Зошто? Зашто има тенденција на пристрасност и необјективност. Инаку да, го делам мислењето дека има активни членови во одредени теми. Конкретно номинирав членка што не влезе во листата, а пишува поквалитетни мислења.
Членовите најдобро знаат кој активно придонесува на форумот, без разлика дали се работи за козметика, храна, семејство или политика. Во спротивно, изборот станува ограничен и селективен и не само што нема да е транспарентен, туку ќе ја исклучи и можноста на вистински заслужните членови да бидат признати. Ако веќе имаме ваква иницијатива, треба да биде фер и отворена за сите. Членови номинираат, членови бираат. Ако идеме по логиката од погоре, модератор е ограничен на свои теми, свој терен. Глобалните, не дека читаат сегде. А ако се оди по статистика кој има најголем придонес, епа сори, ама не може тема у козметика или игрици еве не знам, да има поголема тежина од, шо знам, на пример, тема за права на животната средина или политика. Рецимо, тие области имаат директно влијание на општеството и иднината на сите нас, додека козметиката, иако е важна за личниот изглед, не носи иста тежина кога станува збор за глобални или општествени промени. Или пак физичко и ментално здравје, едукација итн. Следствено, секој член има право да номинира кого сака. Ако читаш у козметика најмногу, номинираш таму. На тој начин и се одвиваат номинациите. Односно, секој има свој критериум што и не страшно. Страшното е што е осуден ама буквално секој што се нашол на листа, секоја е*ана година! Некој поназад праша зошто некој не би сакал да е номиниран. Дечки, еве ви го одговорот погоре. За вакви драми, кој па би сакал¿!
Ограничен е изборот ако бираат модератори а не е ограничен изборот што номинираат едни исти од иста тема години уназад?
Или си ти ограничена што читаш само на ограничени теми, пошо немаш појма каде пишуваат членките очигледно. Да, ограничен е изборот.
Шо и се напна на девојката, делите различни мислења и во ред е тоа, не ти седнала на вечерата за вака да се изживуваш. Вака читам и веќе срам ме фати што се најдов на листава. Ај да беа само помладите ајде, ама вие постарите барем политички може да преминете низ некој работи па ако гледате дека не сфаќаат да ја завртите на смеа а не на лично препирање, и децата ли дома вака си ги третирате на секое несогласување со омаловажување и различни други деградации? Мислам два дена поминаа и ова што го читам не е ок, доаѓаме тука после напорни денови проблеми и останато да се релаксираме, споделиме мислење, шала, научиме нешто ново а не да се заморуваме од читањето или на некој да му го направиме денот уште полош. Предлог мој до админите нека се укинат коментарите на темава и нека остане само гласањето. Жално е колку е неетично ова.