Некои од вас се однесуваат како да сте вработени на форумов. Значи форум е... а темава е од забавен карактер, не даваат стан награда.
Форумскиот чат никој не го користи, поддржувам отварање на тема која ќе се вика "чат тема" и чатот не мора да постои Од ПЦ може и на нешто личи, од телефон е pain in the ass искрено
I'm back bitches! Дојдов да гласам, годинава само за една, најзаслужена Касно е за 69, па тераме до победа! Чекај сега да видам прослава да организираме нешто
Ми кажуваш за 40ка како тема, ама пак го спомнуваш изборот... Инаку се согласувам околу тоа. Но, мене муабетот ми е друг и не се разбираме Не ми смета 40ка воопшто, ок е пишувајте си таму, може и јас ќе ви дојдам некогаш... Како што кажав и поназад, за некои прашања што се поставуваат во соодветна тема, одговор нема, нема кој да одговори. А истите тие прашања се можеби 10 пати одговорени во 40ка. Тоа ми е муабетот.
Кај овие над 40, по една ролна волна и игли за подарок. И ретинол. Овие под 40, може уште на хидратантна крема да се шлепаат. Буџетски оправдано и форумски ферски.
Добро сега, ако не измрчам ќе биде исто како да не сум се вратила Сакам да кажам за драмата дојдов, ама ептен е last season. Три години ист mindset и муабет, нит е нормално, нит е здраво. Сами себе како не си се здосадувате да знам, ИСТ муабет секоја година. Притоа да си ги поздравам сите драги луѓе на форумов, сами си знаете кои сте да не ве тагнувам. Ве почитувам и сакам, дел сте и на листата
Имаше и една тема за луѓе што не се пронаоѓаат ни во ФМЌ ни во 40ка, отприлика за 20+ 30 годишни. Одма ја заклучија. А многу луѓе би се пронашле таму, меѓу кои сега и јас, не сум веќе ни средношколка ни студентка да пишувам во ќошето ко порано, ниту отворам или се пронаоѓам многу во 40ка. Исто и во Introverts United на времето нѐ предупредуваа. Сите вакви теми се заклучуваат со образложение дека имало чет (кој скоро никој не го користи, бидејќи не е исто чет и тема). Ако има, нека има сѐ, и сите (надежно) среќни. *Ништо против, само дојдов да кажам дека ми текна на оваа тема. Не учествувам во драмиве.
Па во тема за изборот сме, затоа Пак ти кажувам дека нема сила што ќе натера некој во некоја соодветна тема да даде одговор, сите сме тука доброволно, каде сакаме пишуваме, додека ни одговара. Ако не ни одговара не сме должни да дадеме свој придонес. Односно, "решение" за тоа што го гледаш како проблем (со кој и се согласувам) не е во построго модерирање на таа тема, затоа што тие таму што одговориле на нешто, не можеш со сила да ги натераш на друго место да одговорат, туку нема никаде да одговорат. И да, досадно е кога нема никаква дебата, тоа зависи од заинтересираноста на младата популација општо, фактот што форумов "старее" е општа слика за цела држава, што поинтересно им е на Редит или кадегод да пишуваат или воопшто да не пишуваат никаде. Дебатите и промените и новите мисли се најчесто одлика на младите, кои тоа им е "работа", да гледаат што не чини во светот каков што е и да го предизвикуваат. Повеќето повозрасни се поконформистички настроени и тоа е многу нормална појава. А зошто младите девојки во Македонија не се заинтересирани да дојдат овде и да отвораат теми, да дебатираат, да носат свежи мисли, ставови - не знам. Едни те исти сме што и како млади и сега како повозрасни во тие теми ги (и ме) има.
Секоја година се' појасно ми е зошто никој не сака да се најде на листава. Па човече, тоа дно дна ќе те направат од пуста љубомора. На анонимен форум човече
За ова не можеш да знаеш. Башка, како можат да се активираат на темава на пример или на други теми каде ќе се развие муабет против нив? Одма ја напуштаат удобноста на 40/ка и одат во „напад„ Затоа и ги викаат клан, иако мене повеќе на чопор ме асоцираат Каде еден, таму сите
All I want for Christmas is 69 Барем мене да ми се исполни желбата Јас сум под 40, а користам ретинол, така шо ретинол и волна за сите, независно од возраста. @KateKane @Celltica 2025-та тропа на врата, а ние останавме незалапани.
Ја чекам @Celltica да дојде да ме собере и доаѓаме маци. Може и тамам видео да напраиме, па в година да освоиме трипл икс награда на форумов, па тек тогаш револуција да се дигне.
Некоја во темата бременост Еве ,јас од таму победив една година. Добро , ме подржаа и 40ката , ама дефинитивно -вонтелесното- ме качи на врвот Ако и Демонка не ви е погодена за форумџика оваа година , јас стварно не знам која би била "соодветна" за да нема тензии Просто Не ми се верува дека и годинава има драми. Пу,јаз'к!