Јас од брчки се плашам, на 40 ботокс ми е планиран како среќен роденден. Ретинол, се знај, совреме. Се трудам да не ми треба порано ботокс зато вака.
Добро бе луѓе ај стан или кола да даваат па да се расправате.. сериозно толку немате исполнети животи па ви бодат членки од 40 ка, да ги навредувате толку?
Тоа и кажав поназад, секоја од нас некаде ја имало, а не само 40ка, затоа е нефер муабетот. Тебе те имало во ивф, мене ме имало на други подфоруми, за сите важи тоа. Затоа што е пробано во многу наврати низ годиниве, ќе престанат да зборат на одредена тема, ама нема да продолжат во "соодветна". Не е од вчера темата и членовите, па сега да не знаеме
Коментарот ми беше за банот на Феминка. Не знам ти што разбра Инаки да, девојката можеби заслужила. Никој не познавам тука за да го тврдам тоа.
Ауу 21 страна се испишало. Јас не сум од 40ка па ја гласав Демонка. Заслужува да победи. Во врска со темава клан 40ка, мислам дека повеќе им е тоа дека има буквално членови што се уклучуваат од година на година само за да гласаат, а цела година никаде ги немало и се членови на 40ка. И таквите ситни ствари ги тераат на вакви мислења. Во секој случај @Stark е во право, да има две гласања хахах, компромис и чиста сметка, долга љубов.
Јас ги номинирав и гласав @theowndemon @Angie1432 и @Biljarkata оти според мене беа најприсутни и со најиздржани мислења во темите шо ги читам. Воедно, Демон сметам дека требаше да биди победник и во некоја од претходните години, ама претпоставувам сѐ во свое време. Во однос на останатите проблематики, врти заврти истиот муабет секоја година, иако никој не останал покусо, па да не искоментира.
Аман значи со муабетиве, 40ка та 40ка, секоја година исто. Па создадете и вие ваков “клан” па драмете дека сте појаки. И јас ја гласав демонка а ниту еднаш не сум влегла во 40ката, значи ја има насекаде и на многу ни оставила пријатен впечаток. И од труднички си ги гласав фаворитките нормално Нека ви е со среќа на сите, заслужувате да бидете во номинациите. Ама да не ве снема како другите победнички, останете верни на фемина и со титула
Исто! Ми има оставено впечаток уште од времето на Гламстик ја памтам… Секогаш ја читам, интересна ми е и посебна. Ете никогаш не сум влегла во темата 40ка, мислев дека е само за 40+ Смешни се коментарите за кланови, мислам форум е уживајте малце. Сметам дека најзаслужена победа ќе е годинава.