Спојлер Иако користам гифов, ако имаше начин ќе се читав таму за да се потсетам колку кринџ бев. Таму бев како основец.
Туку се сеќавате ли на времето тие од младинско ќоше колку силни беа исто како 40ка. Сега изгледа сите отидоа во 40ка. За мене @theowndemon би била заслужен победник, која храбро се бори со нејзините модерни теми(ние теткиве не и ги разбираме иако се предолго и добро објаснети) важно има идеи .Активна е во повеќе различни тема со свои ставови и мислења. Кај една члекна ценам да не пцува и вреѓа.Добро демонка ми е смешна со нејзиниот битолски акцент. Посакува една тема никогаш да не отвореше не само она никоја млада личност.Ама и посакувам среќа и да победи во нејзината битка. @Biljarkata е личност за која секоја година единствено гласам.Се надевам грл ќе победиш догодина и ќе пишеш дали стварно живееш во Калиненград. **Не гласам за членики што еднаш победиле пошто не би било фер пак да победат.
Девојки и по некој дечак СИТЕ идете накај 40ка , така да побрзо приклучете се да не снема место и ретинол гратис ќе добиете
Ај уште денес да доставиме официјален допис на мрачните сили од 40-ка, па догодина уредно да си го внесат ова во нивниот таен годишен план на завери. Знаеш, да не ги фатиме неподготвени, оти човек мора да биде професионален дури и во хаосот.
Не ги познавам мрачните сили ама еве кажувам Биљи за претседателка догодина.Упси форумџика на годината ама прво да заборави за штиклите @Biljarkata .
Не зезај сега, ај без импровизации. Шо мислиш ти кој ги крева цените на јајцата и ги планира сите наши животни случајности? Плус, некој мора да подготви свечена церемонија со договорен дрес код: без штикли, ама со драматичен влез под рефлектори. Да не се случи некое чудо, па да изгледаме несериозно пред јавноста. Нели, да останеме на нивото на заверите! Ако треба ќе им направиме и табела со рокови, задачи и резервни завери, да не им се случи некоја мрачна сила да касни со проектот.
Зошто вадите муабети вака? Немаме ние врска со јајцата, само за бензин и нафта контролираме цени. Спојлер Спојлер И кокаин
Знаев дека сте сериозна империја! Со пилешка супа ли ќе се зезаме коа имаме снегулки на залиха. Али ако веќе сте во тој бизнис, барем еден попуст за лојални клиенти да воведете. Ништо, ќе мора да си одгледувам кокошки на балкон.
Ако јас можев марула и млад кромид да никнам во саксија на балкон, што не би можело и кокошки да се чуваат?
Ми се свиѓа, нов бизнис. Али може ќе треба да го реновирам балконот, да стане мини фарма, со кокошки шо ќе бидат новите урбани активисти, а јајцата премиум прозивод. Ако успеам да ги научам да несат у саксија, ќе станам магистер за органски балконски производи. А комшииве ќе мислат дека сум почнала аграрна револуција у стан. Лол!
Не стигнав да номинирам никој, ама поштено, со рака на срце ко бившиот ни ПремиЈер, због ради баланс во еново опшесво за сите, си ги гласав @theowndemon, @Biljarkata, @eliesaab Демонка ја читам овде 100 години, буквално таа го движи форумов, ама искрена ќе бидам не ја дочитувам секогаш со долгите постови, ме мрзи, ама дека има што да научи човек од неа, тоа си е факт, дека е културна и сестрана личност исто е факт. Демонче те гушкам и ти посакувам само убавини Билјарката и порано сум ја гласала, некогаш ме остава така малку ту мач "несфатена" и сум како што сакаше да каже писателот, ама секогаш учам по нешто од неа, и си е жена на место де, му треба на форумов Ели ја гласав бидејќи си ја почитувам и исто така долго ја читам, се согласувам со голем дел од нејзините ставови, секогаш културно и смирено знае да дебатира Од листава најсилнооооо ќе си ја гушнам @Dust
Гласав за @theowndemon зошто е емпатичен, постојан и сестран лик. Поентата на секој форум е да поттикнува дискусија, а душа му дава виртуелната поврзаност, блискост меѓу членовите. Таа е и двете . Веќе со години. Сосема независно од лични приватни моменти, ваљда што и справувањето со нив е многу позитивна порака во случајов. Зошто сепак гласаме за форумски инфлуенсер тука , а таа шири убав инфлуенс . Другите два избори ми се @Biljarkata и @Angie1432. Биљарката отсекогаш ми била симпатична и е еден од првите ликови што ми падна во очи уште од кога се зачленав тука. Позитивен лик ми е, без лоши/позадински мисли кон било кого. Некако ми е спој на мудрост и отвореност кон нови перспективи. @Angie1432 зошто знае да размислува критички. Секогаш подзастанувам на нејзино мислење и ми е ќејф да го прочитам без разлика дали се согласувам или не. Има и други членки на листава што ми се супер, ама дека морам три .