Лол! Сарказам е. Не знам дали чекаме свечена церемонија или боја за банерот, ама дајте веќе официјално!
Абе компир со грашак манџа, без месо, е мојот jam шо сакам да го поделам со светот #мојатакомпирманџа
Изборната комисија се уште спие или заборави поклон да купи па чека да отворат продавниците @theowndemon честитки! Заслужена победа. Нека биде твоја годинава!
И официјално, ФОРУМЏИКА НА 2024 ГОДИНА е: theowndemon Најискрено ѝ честитаме и ѝ подаруваме: Polaroid Instant Camera Now+ Gen 2 и XIAOMI Робот правосмукалка E10, 400 ml Ви благодариме на сите кои учествувавте во изборот и ви посакуваме СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!!!
Победава на @theowndemon може да се толкува на два начина: 1. сликај се и 2. бриши. Сакав да се воздржам ама посилно беше од мене. Се надевам дека нема да ми ја пратите Феминка да ме реши за хуморов... *Честитки за победата и со здравје да се служиш со наградиве.
Епа другари и другарки, мене ми се исполни желба што си ја носев уште од 2018 година. Честитки од срце @theowndemon, се прерадував. Многу сум горда на нас овој пат искрено, со чесен (не) исклучок на поединци кои нема да ги коментирам, се сплотивме сите и донесовме насмевка на човек кој и те како заслужи. Нека ова ни стане традиција и понатаму, да се поддржуваме една со друга, затоа што така сме најсилни. Честитки и до другите номинирани и Среќна Нова на сите.
Честитки @theowndemon Продолжи да бидеш каква што си и да го правиш форумов место каде што сите сакаме да си поминеме дел од слободното време.
Честитки @theowndemon! Заслужено и презаслужено со години наназад. Една од ретките што уште вреди да се читаат на форумот и една од ретките што ми се премногу драги! Остани ПРЕКРАСНА каква што си, нека ти е среќна Новава година и најискрено ти посакувам само здравје и убавини да ти биде полна! На останатите, исто среќна нека ви биде годината, бидете здрави и живи, за сѐ останато можеме да се потрудиме и самите
Честитки @theowndemon Повели тиарата. Сигурна сум дека ја предавам во вистински раце. Оваа година и сите наредни нека ти бидат во духот на победите! Фантастични девојки имаше на листата. Со одличен хумор, со лични борби, сестрани, полни животни искуства и квалитет. Среќна нова година на сите! Грабајте го животот, дишете со полни гради и не прифаќајте ништо помалку од она што заслужувате!