Овде ке си пишуваме која ни е форумџика на денот и зошто.. Мене денес ми е Little -Pinkyзаради интересните мислења и активноста
Неколкуте на кои им е роденден или именден. Се сеќавам дека беа Someonespecial, nikiii, sweet-нешто..Извинете ако заборавив некого.
За форумџика на денов ја бирам @Rama . Само што се уклучив на Фемина сабајлево и тука од страната на последните коментари видов дека пишала нешто во темата Обожавање на блажената Марија (Богородица). Го прочитав коментарот и заклучив дека девојкава е прекрасна. Се восхитувам на нејзината вера но и нејзината скромност. Досега само убави и пристојни коментари читам од неа, што е реткост на форумов. Затоа и ја давам титулата форумџика на денот. А читам и дека си ги сака внучињата, многу често пишува за нив. Знам колку е посебна таа врска и таа љубов. Браво девојко за твојата чиста душа и ум.
@Ketrin.Moon со нејзината поезија Не само денес, туку на секој ден кога инспирира споделувајќи ја својата инспирација во СДК. Многу ми е мило што ни се врати и ја живна темата, што пак почна редовно да ги боиш и разубавуваш страниците со твојата креативност
Не е форумџика, форумџија е Драгиот наш @Vitaly Прееска пишував во топ 10 форумџии, него го заборавив па се редактирав но сега решив да му посветам еден пост само нему. Браво младичу за твојот бистар ум, а во иднина се надевам ќе прераснеш во уште попаметен и подобар човек.