Најдобар мод/админ: @RainBow Најлош мод/админ: @Mihajlo (не го гледам многу нешто на форумов активно зато) Најинтелигентна форумџика: @Someonespecial Најрастурка: @Lella Најсериозна: тешка одлука...хммм @Ketchup тебе ќе те ставам Најкреативна: @Valerin ваљо мор стално ми си топ со твоите идеи шо ти се вртат во главата Најстабилна во ставови: @MayDiamonds ми се допаѓаат твоите ставови посебно за Величествениот темата и Косем Најдосадна: @simonna.a уствари јас Најинтересен машки член: @Sawyer (фалиш море врати се) @Bokchee @PogbaPol Најфорумџика во позитивен поглед за цела година: @Kukla994 @Anabelle.Amorette Најдружељубива: @Be-yO-nCe @Adi888 комшики мои Најзабеган машки член во позитивна смисла: @viktorxD реалнио така викица? ако заборавив некого некаде да вметнам ненамерно е де
@Bender Rodriguez ај вака како кавалер објасни ми зошто антипатична?! Баш сум заинтегрирана Јас сум позитивно изненадена од кометариве и ознаките за мене, многу ви благодарам
Најдобар мод/админ: @RainBow Најлош мод/админ: Најинтелигентна форумџика: @Valerin Најдуховита: @Elenna @Sanjichka007 Најсериозна: ./ Најтупаџика: / Најпровокаторка: / Најспамер: / Најкреативна: @crimson Најстабилна во ставови: @Someonespecial @crimson @Anabelle.Amorette Најлажга: / Најискрена: @Someonespecial @Anabelle.Amorette Најзаљубена: @Viktorijaa5 Најприземена (објективена): Најдрска: Најдиректна: @Kukla994 Најфина: @hermosa Најдосадна: / Најинтересен машки член: @PogbaPol @Ketchup @Sawyer @Скопјетесакам Форумџика со најтапа смисла за хумор : Најфорумџика во негативен поглед за цела година:/ Најфорумџика во позитивен поглед за цела година: @Anabelle.Amorette
Ај јас да одговорам. Ти си нешто како tessie, фина, добра, ама некогаш кога ќе ја затупите и двете со долги и клише постови крај ви се нема. Ко без душа да пишувате, туку така, колку да се допаднете на толпата. Не секогаш, понекогаш.
Витамина, не знам точно како да ти објаснам, ама некогаш работи кои се претерано добри, популарни, фалени од сите и сл. кај мене знаат да предизвикаат сосема спротивна реакција. Така и со тебе - толку си фина по сите теми, несебично се трудиш да дадеш совет и да помогнеш, што на крај мојата симпатија кон тебе се претвори во антипатија. Што би се рекло - It's not you, it's me. Можда ако некој успее да те изнервира или ако наидам на некое не-толку-фино мислење од тебе, колку да видам дека и ти си only human, ќе ми се сменат чувствата. Дефинитивно, најискрената. АНЕКС 2: Луѓе кои несакајќи ги испуштив у првата листа: Најастроном: @imelda Најфина форумџика, која не ми предизвикува антипатија : @Jordanovska-K Форумџика со најсекси кафиња: @danichap
Морам да си го надополнам списоков и категорииве, ова беше фаќање на неспремно. Најфорумџики кои даваат зрели љубовни совети: @eloves @theowndemon @Nausicaa со кои редовно се сложувам. Форумџика која ме изненади со својата дружељубивост и комуникативност: @jovanovska94 Форумџија без кого четот не е чет: @Bokchee дефинитивно. Како маскота е. Најубавици со совршен талент за шминкање: од многуте ги издвојувам @kim.k @Artemission и @Rose96 (всушност, секоја која ставила слика во таа тема е со неприкосновена убавина) Форумџика која многу ме потсетува на мојата мајка: @lunicka дефинитивно Форумџика која е најтајно жарче (во смисла, ги мислиш сериозни, а тие растураат со зафрканции): @danichap и @anel, кои ми се многу драги Форумџика со најурнебесни семејни дешавки: убедливо ми е @bittersweet, луѓе, нема пост со кој не ме изнасмеала Најмајчински настроена форумџика: @ozbilnazena, се сеќавам кога се зачлени на форумов колку мајчински совети им подели на многу збунети девојки во тоа време, а башка и најнеозбилна е По речникот на @Abeja - НајMILF-ица: @referentka со кожните пантолони. Најоткачен форумџија од +/-40: @ninja35, па и @Peco. Форумџика која недостасува со своите поредовни постови: @marama дефинитивно, особено со оние блогерските. Најриба од Модни критики: @1209 Форумџика чиј Фемина инстаграм рецепт најмногу пати се репродуцираше: @Val-Dim, која ми е воедно и една прекрасна личност. Најтрудници на форумов: @RainBow @Cka (преубаво и' влијае бременоста) @AngelOfArh П.С. Во најкреативни заборавив во стариот список да ја ставам @Sky-butterfly, не смеев да ја испуштам Ако ми текне уште нешто, ќе се надополнам, ама морав да го разглобам првичниот список.
Ајде... -кул млади девојки кои пишуваат фино, паметно и одмерено - @Giovanna @Daydream @SuperGirl24 @AnaKarenina @Lady Phoenix @marama -истата категорија од горе само со плус по едно боцкало во себе - @sesilija @LivingGlam @Nausicaa -кул млади мајки и жени кои релаксирачки е да ги читаш - @Annath @Peppermint @MacenceEna @Ariel @ph.orhideja @Sky-butterfly @green.eyes -истата категорија од горе само со плус едно или две боцкала во себе - @Abeja @danichap @bittersweet @RainBow @AngelOfArh -позитивно лудa жена - @imelda -мажи на форумот - @Bender Rodriguez @Captain-Omni Само нив ги гледам низ другите теми, останатите бркаат милфици -фемини чија душа најјасно се отсликува преку екрани - @lunicka @Lilit -да сум машко лесно би се заљубила во @crimson -најмногу сум се смеела на постови од @Doozy Ја замислувам како дебелка која кога се смее од срце зацрвенува во образите и цело тело вибрира -најдобра во кулинарски вештини - @Serafima -секси мачки во модни критики - @Rose96 @LaraSolare @BoaVista @senza.parole @1209 @mims-89 Се извинувам што ќе ве разочарам, ама добар ми е денов, башка празници се ближат па ќе изоставам негативности во овој пост. Поздрав.
Најдобар мод/админ: освен за @RainBow незнам дека воопшто има друг Најлош мод/админ: ако има друг освен Раин, сите други Најинтелигентна форумџика: ги има повеќе Најдуховита: @referentka Најсериозна: @Cuci81 Најтупаџика: @Acisal НајпровокаторкаCka Најспамер: @Pepelaska25 или како и да беше Најкреативна: @Serafima Најстабилна во ставови: @bittersweet Најлажга: има доста во оваа категорија, иако не сфаќам што има да глумиш лудило на анонимен форум Најискрена: @Amorce2 Најзаљубена: @Cka (читав еден многу убав пост од неа) Најприземена (објективена): @darcy @joy1 @butterflysk Најдрска: @Bridget Најдиректна: @Cka Најфина: @danichap Најдосадна: тие што ми се досадни ги скролам Најинтересен машки член: @ninja35 Најфорумџика во позитивен поглед за цела година: @danichap Најхерои за 2015 сите од поддршка и вештачко: @alisijad @Ninichka @MADO @Natasa. P @Kristula @Bebulleee @ocicka2014 @ANGIE1 @*Cloudy Girl* @guldzana @sakambebe @bebaa @wings @delvi @emkaemka сигурно некого испуштив. Жал ми е што многу не има...
@Bender Rodriguez Што се однесува до номинацијата најдосадна од твоја страна, би ти порачала воопшто да не читаш мислења што ти се напорни за да не се доведуваш во ситуација да си го трошиш драгоценото време во недочитани редови напишани од прилично возрасна личноста која одамна ја помина фазата девојченце. Поздрав
Не се трудам јас да му се допаднам на некого од овде а ниту најмалку да бидам во ичија толпа ако ме разбирате?! Јас сум тоа што сум а ако на некој од вас тоа не му се допаѓа и сум му антипатична со моите "тупи" постови и со постови кој што се реплицирани пред се на нови членови со "ненапумпани статуси" може слободно да притисне на копчето ignore и да бркате работа, крај краева и тоа копче е наменето за луѓе нели?! Патем поздрав до сите подржувачи кој што сметаат дека нивното единствено оружје им е лицемесрството за да продолжат да фунционираат на овој форум во најдобро светло . Не го пишувам ова за да барам пажња и лајкови туку чисто за да се објаснам себе си дека и јас имам јазик и уста за дискусија и противречност ако во случај некој намерно или ненамерно "ги рипа" моиве постови и нивната поента. Поздрав од "девојчето" кое што одамна ја помина фазата "девојче" како што кажа @poenta .
Вaкa не си игрaме вo oвaa темa, имaјте дoстoинствo и прифaтете декa рaзлични луѓе рaзличнo ве дoживувaaт. Oбјaснете се вo други теми aкo ви стoи вo грлo, нo тукa aкo пoчнеме сите дa се прaвдaме и лутиме oтиде темaтa. Oти еднa не се јaви дa рече-не сум јaс тaкa дoбрa, пaметнa, духoвитa, зoштo сте ме избрaле зa тaквa?
Како што ти @Bridget имаш право да пишеш или по твое да си играш на оваа тема со членовите, така и јас имам право да пишам и да си играм ме сваќаш?! И да, имам достоинство и не сум газолижач па затоа и ти реплицирам, мала важа кој што мисли за мене знаеш, индиферентна сум?! Пак ќе ти речам игнорирај ме и бркај работа.
Talk about no hard feelings... Морам да прашам нешто у врска со темава, пошто прв пат ја гледам и пишувам во неа. Зошто во листата постојат категории како најтупаџика, најпровокаторка, најлажга, најдрска, најдосадна и слични негативни карактеристики, ако членовите кои ќе се најдат во некоја од нив тоа го сфатат како навреда и напад врз нивната личност? Не знам како било претходните години, ама мене листава ми е поише за забава и дефинитивно не е нешто што би требало да се сфаќа пресериозно, а уште помалку навредливо. But that's just me. Ако више овие „негативни“ категории предизвикуваат вакви реакции, дајте нека се исфрлат, зашто вака испаѓа дека тенденциозно се ствараат тензии и бош атмосфера по форумов. У секој случај, барем мене не ми беше намерата да навредам никој од мојата „топ-листа“, па ако сум навредил и некој друг освен @vitamina и @poenta, сакам и на нив вака јавно да им се извинам. Поздрав!