Па богами да верглаш на форумов више 10, 11 години......... животно дело е. Шо книги ќе напишев досега. Инфлуенсер ќе станев. Бев и останав будала, тоа е.
Најдобар модератор/администратор: @kukla21 @cresa-jagoda @Dust @Dream-Girl @Sesil Најлош модератор/администратор: незнам Најинтелигентна форумџика: @Cka Најдуховита: @stetoskop Најсериозна: @Mantub Најтупаџика: @melissa Најпровокаторка: незнам Најспамер: у секси темите Најкреативна: @theowndemon Најстабилна во ставови: @Lilit Најлажга: таа за градинката која прашуваше, незнам како се вика, за платите што лажеше дека за пријателка прашува Најискрена: @LejlaD @mareane @Dream-Girl @Sexybaby86 Најзаљубена: @cresa-jagoda @Bubce38 Најобјективна: @Peperutce1115 Најдрска: @Bridget Најдиректна: @WildMk Најфина: @M&M @duffi @narcis @Yowannty y Најдосадна: незнам Најинтересен машки член: @John Snow Форумџика со најтапа смисла за хумор: незнам Форумџика во негативен поглед за цела година: нема таква Форумџика во позитивен поглед за цела година: @dunika
Јас решавам да изоставам некои категории, свесно. Мислам дека секоја година изоставам, не се сеќавам искрено. Ќе си додаам и некои мои чисто за мајтап и смеа. И ќе се обидам да означувам по еден, до двајца членови во категорија, сите сте во поќе категории ама сакам да се осеќате специјално хехе. Најдобар модератор/администратор: @Ketchup пошто иако не играм нешто особено Симс и да спамам во темата со слики од фамилиите, пак, по едно 50 различни мислења кои треба да се спојат, ама сепак ми се греши да го напрам ова. Во моја одбрана - се самопријавувам. Најинтелигентна форумџика: @Briar Rose и мислам тука нема потреба од објаснување зошто. Аналитички мислења, детални. Кога гледам тема и ме интересира и сакам да научам нешто, со душа чекам нејзино мислење да налета. Најдуховита: @Gosh и нејзините мислења, па некој ќе се најди навреден? Као, како? Истото го читаме? Форум? Барам одговори. Најсериозна: @nextredstyle оваа категорија е категорија која обично ја изоставувам. Не дека сериозноста е лоша карактеристика ама некои луѓе ја доживуваат како таква. Некогаш и треба да си сериозен и реален и то е супер. Најкреативна: @Natali.3 жими се, као ... жими се, Натали идол ми е. Седев еден ден со дрвени боички и гледав шо црта и се прашвав како има нерви и сакав да бидам како неа „ко ќе пораснам“. И Нат, пораснав, ахахах? Најстабилна во ставови: @DAngel секогаш си се држи до своето, секогаш поентата е таа како и да ја врти и пак некако одредени успеваат да ја промаршат. You keep up the good work. Најискрена: @Nigredo Odor секогаш со сите карти на маса. Никогаш не треба да се прашаш зошто, како, на шо сум. Секогаш знајш на шо си. И то е нешто шо ни фали општо кај многу луѓе. Најзаљубена: @prominent - без конкуренција! Како таа и либе ми се the ultimate OTP! Совршени заедно, совршено заљубени. Читам мислење на Проминент и онака и да плачам, а се имам пофалено дека сум плачка, онака ме стоплува и наеднаш денот поубав е. Најобјективна: @Bender Rodriguez иако толку го има ретко. За казна не требаше да го означвам аххаха. Едно време дур отворив профилот да му го мањачам дали уште пиши оти ми недостигаше објективноста негова која ја носеше во секоја тема. Пријатно освежување. Најдиректна: @Lilit гледам дека е unpopular opinion да ја сакаш Лилит, ама кога се зачленив ми беше прв член кој го забележав ради нејзина директност. Мислењето не ми се смена за неа. Знам да не се согласам со неа, знам да се согласам со неа ама то не го менва фактот дека Лилит беше и остана директна. Како шо пишав за искреноста на Одор погоре, знајш на шо си. Нема маски. Најфина: @Rama и @cresa-jagoda не знам колку виде двете се дружите во вистински живот, навистина. Ама, вие мене ми давате толку позитивна енергија, и некое чувство дека сте сестри, па то чудо некое. Штом видам ваква слика, забавувам да прочитам мислењето оти знам дека е комплексна тема ќе ја зборате во некое смирено расположение, со кое уствари секој ќе се согласи. Најинтересен машки член: @Keanu_R.Wick ќе излажам ако речам дека Кијану не го забележав од старт и дека секогаш со врвот на окото го гледам. Ситуации со кои се согласуваме се многу ретки, ама то не спречва да не ми е интересен. Форумџика во позитивен поглед за цела година: @Anabelle.Amorette пошто ми е многу мила. Во многу работи можиме да се пронајдиме. Муабетот ни оди. Плус то, девојче на место. Миммастер: @x.Daisy.x многу луѓе можат да имаат име, ама колку луѓе можат да имаат ''x'' пред И ПОСЛЕ името? Така и си мислев. Синка. Најгејмер: @Scott Weiland пошто од кога почна да игра сериозно го видов пак пред некој ден. Дур се чудев од каде Скоти се најде и тој ден се вика Скотовден. Не е од тука: @simonna.a сите знајме дека не е од тука туку од Шпанија. Е сега не физички ама шојмаврскааман. Најљубовџија: @John Snow не знам дали знајте, ама Џони оди со сите. Кога спамам во категорија игри и оживувам игри со означување членови, секогаш прв избор ми е Џони. Особено во темите за парови каде спаруваме членови. 100% го означувам Џони оти Џони оди со сите. Џони е како сол за манџа. Најтвитерџија: @Someonespecial искрено и не знам дали некој друг воопшто има твитер. Можда има, не се лутете ако не знам. Во моја одбрана не користам ама куц туц ѕиркам шо се случва. Имам акаунт жими се. Најбегалец: @ivi1987 замина и замин. Цк, цк, цк. Ама то не ме спречва да те мањачам на Инстаграм, ама то посекако го знајш по лајкојте со кои се расфрлам. Ама шо да прам, супер жена си, супер жена за муабет, лична упм, интересна и воглавно - недостигаш. Де иди почесто, стварно ретко те гледам. Ти се греши ама сепак бегалец си. Најдругарка: @SStasia пошто ми е другарка, ако не е доволно очигледно. Најмајка: @Amellie13 со Ејми си градиме паралелно фамилија. Та маче, јас маче. Јас куче, та куче. Па споредби за вакцини, па размена на сликички. Па како е какето. Ок ова веќе мајтап последното. Најмотиватор: @Annath ми стои за една од омилените членови на форумов. Жена со став, доктор и пол. Ми се чини да не беше Анат дур ја читав, немаше да се мотивирам куц- туц да тркнам до на забар. Во моја одбрана, докторката поќе не ми работи, таман се јавив да закажам. Ама то е само мојата среќа. Недостига: @crimson се сеќавам кога Кримсон беше редовна. Сега, а ја видам по лајкови некаде, или да пиши мислење си прам „ете ја!“ и после пак ја нема кузнај колку време. Неубо вака. Член со најздрави навики: @Doozy е член на кој симнувам капа кога се работи за здрав начин на живот. Дали тоа било исхрана, дали тоа било вежбање, дали тоа било козметика. Небитно. Знам дека ако нешто ми треба, наоѓам темата и после барам мислење нејзино за координација. Член кој не ми верва поќе: @KateKane жимисенемадатеизлажамзаништо. Имаше пишано Кејти, еднаш со Анабел ја тролнавме. Па после кога ѝ кажав дека дипломирав не ми верваше, ама демек та ме тролнуваше. Најсимсеџија: @ToksycznaReakcja која премногу ни недостига со Одор за информации околу Симсот. Дал има нов апдејт, дал има нови страни за алишта, како да решиме одредени багови. Требаш. Специјален поздрав за: @Kukla994 а дали ти ова го очекуваше? Член со кој најмногу се согласувам: @lovestoneddd ем ставови на место, ем профилна слика од соништата. И за крај сакам да знаете дека се ова е уствари специјален поздрав за сите тука. @Kukla994 ова значи дека уствари ти добиваш од мене два специјални поздрави, во едно исто мислење од мене. Дали ти уствари го очекуваше ова?
Уште за одликување сме шо висиме со години тука Ама уште сме ватрени за дискутирање. Додуша, не до толку у последно ради мањак време. Ај мош ќе родам едно-две деца, па ќе се ослободам временски и ментално, па ќе се вратам со повише жар. Тогаш кај мајките ќе трујам. Ха!
Ќути ма, што ни фали. Староседелци . Јас завршив факс, се омажив, дете родив, се разведов, дете порасна, ослабев. Не паметам и што друго веќе . Мислам дека заслужено е да не наградат за верност Ти уште треба овде да раѓаш
Најдобар модератор/администратор: @Dust @Dream-Girl Најлош модератор/администратор: сите останати што имате време да бришете мислења, а немате време да пишете зашто бришете Најинтелигентна форумџика: @Dream-Girl @sjdgo @Lilit @Gosh Најдуховита: не ми паднала никоја посебно во очи Најсериозна: @Gosh @Bridget @Lilit @Lella always Најтупаџика: @buba4e89 @LiliBoz Најпровокаторка: @Bridget @LiliBoz и @Gosh ама Гош ја пишувам во позитивна смисла бидејќи нејзините дрски постови ги доживувам како ,,да не влече за јазик да го кажеме тоа што стварно го мислиме" Најспамер: сите тролови на форумов кои ги толерирате и сите кои упорно во Политика и Религија истото па истото го вртите, @ocicka2014 ми има паднато во очи во Политика, @EvAngelos во Религија, онака највеќе Најкреативна: @theowndemon и @1209 Најстабилна во ставови: има доста, поготово од постарите кои се веќе созреани Најлажга: / немам ваква Најискрена: / Најзаљубена: @Tan4ence @Dream-Girl @prominent Најобјективна: @Gosh Најдрска: @Gosh @LiliBoz @Bridget @buba4e89 Најдиректна: @Gosh пак ти хахаах и @WildMk @Herrera @Nigredo Odor Најфина: @Kukla994 ептен те засакав годинава, и @fana исто Најдосадна: имаше една членка која Форумски игри ги спамаше до немај каде ама не ми текнува која беше да ја означам.Со зелено нешто и беше аватарот Најинтересен машки член: @John Snow Форумџика со најтапа смисла за хумор: сите кога се караме па пробуваме преку иронија нешто да кажеме, као не е смешно ич Форумџика во негативен поглед за цела година: / Форумџика во позитивен поглед зацела година: @joy1 @Dream-Girl
Кога веќе го терате муабетот за наградување, кажете си со каква награда би сакале да бидете благословени, од кај да знаете празничната магија дали нема да го омекне Михо.
Скромно како за ветеран. Мислам оти требЕ да се испуштЕ. Што се неколку милилитри хијалурон за 1/3 живот оставен на овие страници.
Си читам јас редовно, еве и темава си ја читкав и си се најдов без да очекувам Само мачно ми е да пишувам од телефон, па затоа ме снемува. А не ми доаѓа да уклучам фемина од друг уред.
Гледам дека за многу од вас важам за најзаљубена Не пречи, баш убаво што го добивам ова признание. Барем од сите тие (слатки) нервози да испадне нешто. Се шалам, секако. Не можам да одречам дека ми е убаво кога ќе видам дека моите мислења тука ви влијаат позитивно
Карта за у еден правец, за до Џерманија. Со Виз па речиси и ко за без пари ќе им испадне. Нека не се скржават, кичмата си ја оставивме на Фемина. Темава веќе станува демоде, треба можеби редно е да си смислиме нешто ново. И онака сме мала виртуелна населба, си ги знаеме дијагнозите, па не е интересно ни кога избива ку*шлус.