1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумџики кои ја одбележаа 2020 година

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од cresa-jagoda, 5 декември 2020.

  1. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.329
    Допаѓања:
    91.526
    Пол:
    Женски
    И тоа како човек не може да не те примети без разлика во која тема пишуваш.
    Твој збор знае дукат да вреди.
    Бар за мене така е :hug:
     
    На LejlaD и Dentina им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.441
    Пол:
    Женски
    @Ketchup лелееее беее :l: Фалааа
    Гушкам силно силно најсилно :hug:
     
    На LejlaD и Ketchup им се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Иако не бев активен годинава многу многу, сепак доста работи приметив и сменив мислења, некои на позитивно некои на негативно, па да си номинирам луѓе.Плус сега завршија изборите, може да ќенкаме јако.

    Најдобар модератор/администратор: @RainBow, за првпат ќе ја ставам Реин во оваа категорија бидејќи сметам дека годинава за разлика од другите многу поуспешно се справи со сите проблеми и компликации што беа на форумов, со намален интезитет на саркастични смајлиња и одговори, успешно се справи и со дивиот бел тигар иако на моменти падна на тестот и дозволи да биде тригерната, оваа година си топ, да не спомнам што ја почна годината со затварање на темата 40ка (сеа помалце мислења имаат од ФМЌ), така да не знам дали кризава со корона допрела до мене па да видам нешто убаво у Реин, ете не знам што се случува.

    Најлош модератор/администратор: Па пола се откажаа веќе, се смалува списокот некако, ќе го ставам @Mihajlo тука за лошата спремност на избори и одбивање да ме направи глобален модератор или пак да ги набљудувам лично изборите. Срамота реално, као едно машко кон друго можеш да пуштиш некој бонус ден да бидам модератор...

    Најинтелигентна форумџика: Како и секоја година така и оваа, нема најинтелигентна, сите сте интелегентни и прекрасни женски битиа иако понекогаш ми го кревате шекерот на доста теми што ве чистам особено политики и изборни теми.

    Најдуховита: Тука имам две членки што ќе ги издвојам годинава, @KateKane ме има пресмеено многу пати,особено со пцовките и клеветите кон тие што не носат маски(иако не е за смеење јбг), и @Herrera со долгите постови и сликички, као и кога ќе почне да ги буцка членките наоколу.

    Најсериозна: @LiliBoz година по година, не успевам да допрам до оваа девојка, ги одбива моите шали и постови, ама ќе биде еден ден....ќе биде. Ќе го доживеам и тој хаха ме пресмеа Јипман цитат.
    (инаку појма немам кој е најсериозен, као годинава све е отидено, не знам ни дали останал некој сериозен)

    Најтупаџика: @Ева33, уште 100 мислења да пуштиш у политиката за како Македонија ја продале нема никој да чита и се замара бидејќи кога требало да ја браниш никаде те немало, така да сите овие "патриотски" борби се едно големо тупење....

    Најпровокаторка: @Bridget, оваа година најубаво видов, требаше и други години да ја окупира оваа категорија, ете грешка од моја страна, оваа година само еден професионалец има за буцкање а тоа е Бриџа, други се обидуваат саркастично, цинично нешто ама џабе, ми текнува кога беше проблемот со секс темата на Вајлд да се отвори, и бидејќи Реферетка кажа дека не требало или нешто така, и се закачи да ја буцкаш не ја пушти, не дека ти беше гајле за темата или пак ќе пишуваше у нејзе повеќе од два поста, ама бидејќи Реферетка пиша така, тоа е тоа, she must pay the iron price, глеам и во други теми ќе пишат или испонашаат нешто и ќе им се закачиш со прашалник спротивен на тоа што го пишале. Позитивно или негативно не знам, ама е професионално стварно, ете у мои 10 год не сум видел други да можат истото да го направат.

    Најспамер: @Abracadaver и неговите вмровски спамирања и теории на заговор и обиди да звучи паметно, ќе биде не викам не, може за 4 години ќе биде, не секираj.

    Најкреативна: @theowndemon те ставив и пред две години, ќе те ставам и оваа година, не пратам многу креативните теми оваа година така да на стара слава ќе ставам номинација.

    Најстабилна во ставови: @Mantub, Често читам разни теми низ форумов, разни дисксии, проблеми и совети што и како се делат на луѓе и нивните реакции, кај некои е или тоа што им одговара зборат, или само едната страна ја гледаат и ја зафаќаат ја бранат, додека другата страна комплетно ја игнорираат или се прават на глупи или едно у една тема друго мислење во друга тема не знаеш кај им е крајот итн итн итн...
    Кај тебе Мантубе, сум приметил без разлика дали е машко или женско, без разлика дали е популарен или не, секогаш си имаш стабилен став да им кажеш тоа што е погрешно а што не е, нема bullshit, нема ќенкање, нема еј ќе ти простам и барам изговори бидејќи си женско ама ако машко го направи истото ќе го стаам на клада, и мислам дека годинава од сите можни дебати и аргументи и све, со твоите постови најмногу сум се согласувал и сум ги читал секогаш кога ќе ги видам у секција на нови мислења. Браво и се надевам ќе си останеш вака, нема да потпаднеш под "еј го знам членот па ќе го бранам иако не е у право"
    (Патем еднаш видов у нотификации ми дојде Мантуб како лајк ми ставила и кога отидов да видам на кое мислење радосно, го немаше, го повлекла, дел од мене згасна да знаеш, е така....)

    Најлажга: Немам некој за ова бидејќи не пратам многу, може единствено да пишам некои овие што се фалат дека цела година не биле на кафиња и остало поради корона, да де сите тоа го викаат и 100к случаеви ќе имаме наскоро...

    Најискрена: HAH, секоја година ме смее категоријава:drunk:...

    Најштотребадасеспомне: @S.W.A.G , 8 години на форумов, сепак е нешто, срамота никој да не те спомне у номинациите.

    Најзаљубена: @Dream-Girl.

    Најфорумсканинџа: @crimson, секогаш во сенките на форумот, набљудува, надгледува, спремна да ја одбрани честа на фемина и нејзините членови:bandit:.

    Најобјективна: @Mantub поради причините наведени погоре.

    Најдрска: @Gosh, не ни помислувам на некој друг тука да ставам освен Гош, иако ја нема у последно време, сепак дрските влаѓања у некоја тема нема рамен:!:.

    Најдиректна: @DAngel, со тоа линковите со све, патем уште ме болат нејзините зборови у изборите за форумџиките;(. @buba4e89 исто би ја ставил во оваа категорија, иако некогаш знае да биде доста груба со директните постови.

    Најлицемерна: @Tan4ence , ми текнува ноември коментарине кој им е крив на мажите што се самоубиваат и остало, па после честитање среќен ден на мажите у лп ми е стварно лицемерно. Може ќе се ставам и јас тука поради што ги ќенкам вмровците а после им праќам цвеќиња за 8ми..

    Најмодерна: @BoaVista, две слики стави годинава, доволно беше, уште од тогаш кажав оваа категорија е нејзина до денот кога ќе се откаже од форумот или банираат. Затоа и на инстаграм ја следам, другари викаат следиш на инстаграм поради убавина, НЕ, значи не, нема врска убавина, станеш сабајле и си викаш, дај да видам што има на инста, и оп се појавува таму Боа, и си викаш лелеее, каква убава....м-мода. Многу модерна девојка значи. Најмодерна.
    А во случај ако ја остраниме Боа, тогаш дефинитивно @joy1. Иако ме боли левото око секојпат кога треба да го пишам имево, особено кога ја гледам во нотификации се појавува кога ќе го спомнам Бендер....

    Најфина: @Ugly Duckling , мада викаат сите првите 2 години на форумов се фини, ќе видиме...ќе видиме.... @cresa-jagoda , фина е, топ, додека не ми избрише некое мислење.

    Најразочарување: @lovestoneddd, реално доста ме разочара за оние коментарине и начинот на кој беше кажан меѓу редови за мажот што го силуваа у Куманово пролетта, реално вакви коментари немаше да делиш да беше женско, иако не е темата за тука ќе спомнам ако си лоша личност или шупак не значи дека заслужува силување, има и девојки кои се закануваат дека ќе објаваат работи,тоа не значи дека треба да бидат силувани или тепани. Морам да кажам дека тогаш стварно ме разочара, не дека ти е гајле или пак нешто ќе биде потресно у животот твој за ова што сум го пишал, ама ете сакам да го потенцирам.

    Најдосадна: Групана вмровци у политикине, па ќе повторам уште 100 пати да пишете и постирате линкови од разни портали пак никој не ви верува, немате кребилитет за да можете да убедите некој да гласа за вас, досаѓате повеќе него што постирате некоја си вистина. Плус тоа , замисли крадец да збори и се буни наоколу како другите крадат.

    Најинтересен машки член: @Ahoy.

    Форумџика со најтапа смисла за хумор: Сите си имаат посебен хумор, кој сум јас да им кажам дали е нивниот хумор тапа или не, ако успеат да насмеат барем една личност, топ си се.

    Членки што фалат да бидат поактивни: @Lady Phoenix, @Someonespecial, @VoodooGirl, @КикиМаус, @galapce и поранешниот кампања менаџер summerlover од 2016.

    Форумџика во негативен поглед за цела година: Ај таква е годината коронска, ај ќе скокнеме овој пат...ај...

    Форумџика во позитивен поглед за цела година: @JuLleE може да се каже дека позитивно гледаше годинава:devil:
    DID YOU GET IT?
    DID YOU ?
    ???
    [​IMG]

    И така, среќна нова година на сите:talk:.
     
    На Gosh, Ariel, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    На LejlaD, Yowannty и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364
    @Yipman2 , браааааааат :hug:

    Ме знаеш ти мене, мајтап терам јас , таква ми е ѕвездата , само што морам да пазам оти и ко се зафркавам форумџиките си земаат се на срце и одма ми се лутат.

    Ајде денес нема да ги буцкам форумџиките да ја испратиме 2020 весело :party:

    [​IMG]



    Иначе ..... :devil:


    [​IMG]
     
    На M&M, LejlaD, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.