Дури сега те прочитав Домашни служби платеници у срансво. Ем ништо не им се погаѓа,ем завидливи. Такви времиња дојдоа, јбг Уште мислам @јolene у што категорија да ја ставам- најкомшика ваљда. Ментално у иста зграда живееме
Дофта ма, мене ми е најомилена , врата до врата живееме, и на проја ќе си ја викнам (пошто никој дома не ми ја јаде. И без глутен е)
Ти ќе бидеш категорија најпроја јадачка без друшто. А она ќе биде нај-мразачка на активности од градинка.
Лелее јас најзаљубна. Прво се изнасмеав на ова ама сега размислувам и... Како и да е, фала ти @DS10 што си се сетил на мене Јас нема да номинирам од неколку причини. Прво ич не ми се интересни овие теми за јавно коментирање и препукување, а второ воопшто не памтам кој, што, како напишал, а не пак да следам и правам анализи, статистики, записници... Ајде многу многу да не мрчам, да не се најдам на листата најдосаден член Ве поздравувам сите и се надевам нема да се испоубиете до моето следно доаѓање
Баш пријатно се изненадив, инаку не ми стигна известување туку видов ме означила друга членка и сосема случајно читнав и се пронајдов. Ти благодарам. Е сега овде бев означена, исто така благодарам. Двете ме препознавте под цртичка еден и три, а јас сум пет во едно, моментално Поточно најбитна ми е петтата, уште еднаш големо благодарам за двете.
Јас ќе си напишам мои категории, не следам до толку за да знам кој е најзаљубен и сл. Според мене титулата оваа година треба да и припадне на @theowndemon - никогаш со никој мислам дека не се замерила, и на најзлобниот коментар знае учтиво да возврати. Пример за борец. Други кои ми оставиле мнооогу убав впечаток: @Biljarkata објективни ставови, не се труди да е фина и има доза на сарказам која и ја обожавам. @Gosh еден збор ја опишува БРУТАЛНА. И ептем оригинална. @Adidas888 често успеа да ме насмее, иако ретко да се сложам со неа. Ама во ред е сите да сме различни нели. @staycalm и @FriendOfDorothy интересни ми се да ги читам секогаш. @1209 ќе ја спомнам тука за да и посакам 2025 да е нејзина година, мислам дека заслужува. @LejlaD кога и да ја читам останувам без коментар. Жена жениште. И секако @ALISA0000
Најпрво, сакам да изразам благодарност до сите кои ме спомнаа. Убаво е да се знае дека сум оставил некаков впечаток, макар било и негативен! А сега, моите номинации после неколкудневно одложување (не можам деновиве да мислам, се извинувам на сите кои ги имам пропуштено, сигурно ги има.) Најдобар модератор/администратор: @RainBow. Годинава сфатив дека уствари е објективна и не е злопамтило. Couldn't be me, затоа иде у најдобар мод/админ за мене. Најинтелигентна форумџика: @Someonespecial @Lella @KateKane @theowndemon @Angie1432. Има и други сигурно, не ми текнуе, а да одлучам за 1-2 не можам. Најдуховита: @FriendOfDorothy и членката што пишува(ше) смешни стихови, не ми текнува јузер. Најпровокаторка: @DS10 . IYKYN @Gosh Најкреативна: @Antoninaaa @Ugly Duckling @theowndemon Најдрска: Јас , @Feminka22, @Gosh и уште некој имаше. Најдиректна: Јас @Mrs. right @Tanjamm Најинтересен машки член: @FriendOfDorothy сите други машки членови сме засенети откако легендава стана активен член на форумов! Кучко, срам да ти е. Форумџика со најтапа смисла за хумор: Сите од темата за хумор со сликичките од српски „мим пејџови“, а богами и овие со фар рајт меменцата. Форумџика во позитивен поглед за цела година: @theowndemon , @Angie1432 (this might come as a surprise, but I grew fond of her. Enemies to...... allies? ) Најевровизиски опседнат фан на ниво на нездрава опсесија на која што дефинитивно трбеа да поработи, за добро на своето ментално здравје а и за останатите околу него: ЈАС! Најwoke: јас, @Someonespecial, @Lella & @FriendOfDorothy. Најспамер: @нина122, @RespectAndObey, сори, стварно спамираш некогаш. Ноу хард филингс. Нај-eкс-опседнати со Тим А vs Б: јас, @DS10, @Mrs.Right, @$ophia , @Mumoftwo30 , @Antoninaaa Нај-ми-недостига-на-форумов: @Someonespecial и @WildMk (sad violin.mp3)
Си поминувам убаво тука гледам, на стара слава. Пар месеци слабо читав, па ќе пишувам малку поопшто. Останатото е по сеќавање. Ок, ready to dive in? Вака ве доживувам, освен кога не ве доживувам вака. Најреален песимист: Секогаш има сценарио како се во животот може да тргне наопаку. И има тефтер! Што е многу битно. @nextredstyle Најдолг документарен пост: Кога ќе напише мислење, ми треба пауза за кафе додека го прочитам до крај. Деталноста е како од National Geographic, од опишување на темата до тоа што мисли комшијата. @theowndemon Најлут ентузијазист: Кога ќе се изнервира, зрачи преку екран. Чиниш дебатира во парламент и бурно реагира за да докаже поента. Или за да докаже дека е во право. Може мисли дека ја чувствуваме како глас на народот. @Feminka22 Најоригинален ник: Толку е специфичен, што изгледа како да е составен од случајни букви на тастатурата. Или пак не. @Трагедијаупмм Најуспешен микрофон во рака момент: Кога ќе дојде онака со толку добар одговор што буквално сакам да видам како заминува со микрофонот на крајот од дискусијата. @Angie1432 Најпознат форумски шпион: Сите оние што секогаш знаат што се случува зад сцената, како да имаат приватен дрон што снима муабети во ПП. Ги има неколку. Најкреативен тест на трпение: уел, дечки, ова се оние мислења што ќе те натераат да се прашаш: Ова сарказам е или навистина мисли така? @Biljarkata Најнеуморен форумски боксер: Кога ќе се фати за дебата, нема сила што може да го запре, ниту време, ниту логика. Хинт: вакцини. Да, Јаре е. @yarre Најнаивна провокација: Ова е она кое ќе почнеш со демек невино мислење, а завршуваш со дискусија долга 50 страници и барем 10 предупредувања од модератор. @нина122 @Just.do.it @Lady D ❤️ Најдобар доктор за дијагнози од интернет: Без диплома, ама со 100% сигурност знае што му е од симптомите што ги гуглал. Секако дека јас. Слободно ролајте очи. Најнеочекуван троен удар: Еден пост, мудрост, сарказам и провокација во исто време. @Gosh Најуспешен форумски авантурист: Отвара теми за работи што никој не размислувал дека постојат, од вселена до зошто мачките мјаукаат. @theowndemon Спам генератор: никогаш не знаеш кога ќе почне, али знаеш дека нема да застане. Ко дневна рутина, уште на фиксен телефон да почне спамира. @нина122 Предвидлив судија: Го пропушта секој голем проблем, ама те опоменува за ситница како погрешен редослед на запирки. @RainBow Форумски менаџер: Темите му се уредни како канцеларија на директор. Али, бан хамер коа не слушаш. Барем знаеш дека се е од љубов, оти претходат шанси и совети. @theowndemon Најуспешен дизајнер на заговори: сите оние кои увек наоѓаат некое скриено значење зад се што се случува. Светот е управуван од тајни друштва и мистериозни сили. Ако у ова не веруваш, очигледно си уште една пијавица на глобалниот план за доминација. Патем, имаат завршено постдипломски курс по замајување, али упорно тврдат дека 2+2=×. Х никако не го објаснуваат, ама ти си тој што не разбира. Професионални советници од работниот век: Ако во текот на нивната кариера не научиле комбинација или две, тогаш која е поентата на животот? Не пропуштаат да споменат како успеале да се искачат на корпоративната скала и сега се тука да ги споделат мудростите што ги стекнале за време на работа... пред 100 години. @Cosmi Евентуално пред 2, 3. @Lady D ❤️ @Just.do.it Уметнички сарказам, мајсторска карикатура на стварноста. Дефинитивно @Biljarkata Форумски номад: На жалост ретко активна, ама секогаш впечатлива. Потребен е само еден пост за впечаток што ќе трае подолго од нејзиното отсуство. @Someonespecial Најмистериозен лик: Сите нови ликови, шо сите ги знаат, ама никој вистински не знае ништо за нив. Дали се машки, женски или вонземјани. Најенергичен интернет активист: Секогаш го брани своето мислење со страст како да е пред избори. @CameliaMiller Моментална сензација: Како нов хит на радио, забележуваш веднаш и веќе не можеш да не читаш даље. @FriendOfDorothy Тема која никој не сака да ја отвори, а сите ја читаат: 40 +. Темата што сите ја игнорираат, но кога никој не гледа, тајно се скрола до крај. Да беше филм, ќе беше онаа сцена што сите демек ја мразат, али сепак, сите сакаат да ја видат! Форумски легенди: Ова се членките од 40-ка, кланот што никој не го побара. Сенката што ги контролира дискусиите и изборите за форумџика на годината. Според форумските теории, нивната тајна агенда е толку добро скриена, што ни самите не знаат дека ја имаат.Реалноста е сосема спротивна, али ок, нека стои митот, барем некој да внесе драма во монотонијата. Баланс мајстори: Нивните ставови се толку објективни, што личат на упатство за микробранова. Ако ги прашаш за мислење, ќе добиеш швајцарска прецизност, али без страст. Оти страста е само за аматери. @CameliaMiller @theowndemon @Angie1432 @Lella @Yowannty @Bezimenka90 @crimson @Annath Форумски модератор во сенка: Нема админ права, ама делува како да има. Секогаш опоменува за правилата, дури и ако не се прекршени. Веројатно има копија од правилникот под перница. @nextredstyle Форумски нотар: Секој коментар звучи како да ќе биде заверен и архивиран. Форумот никако не е забава, туку многу важна платформа. Некад мислам дека носи костум додека пишува. @nextredstyle Форумска гравитација: Ова дечки, се оние ликови кои кога ќе влезат во дискусија, секој разговор станува тежок. Оти се е прашање на принципи, морал и сериозна анализа. Дури и на теми за рецепти, ќе отворат расправа за етиката на користење на путерот. Форумски носталгичар: Ова се оние ликови кои живеат во сеќавање на златното време на форумот, кога се знаел нели редот. Секој нов член е дел од проблемот, а старите времиња се нешто што само тие го разбираат и почитуваат. Форумџика во позитивен поглед за 2024 @theowndemon. Како и секоја година, поздрав до @Dust Голема благодарност до @joy1 која ми беше голема поддршка и буквално дневник за сите стравови и тешки мисли што ги имав во екстремно тежок период.
Тапа ми е хуморот, шо да праам. Али дај признајте ми за обидот. Лол! Леле не знаеш додека пишував колку се смеев јас со самата себе. Пошо онака, секој член го замислувам у соодветна категорија.
п.с. Мачките мјаукаат за да комуницираат со луѓе. Т.е. е прилагодено за комуникација со луѓе и многу ретко комуницираат меѓусебе со мјаукање. Не знам за другите, ама на мене функционира мјаукањето. На комшијата не баш, зато се неќиме.
@Lianna Anna Ти благодарам за тагот не мислев дека би се нашла во темава (искрено не ја ни отворив ) И не ,не се случајни букви на тастатура
@theowndemon, @nextredstyle, @Amellie13 Фала ви девојки, навистина ми значи тоа што сте ме означиле за најфина форумџика, нескромно ќе звучам, ама да, со години ме има како таква на листата со номинации, мило ми е што сум оставила убав впечаток овде и после 100 поминати години. Ама и јас сум имала ситни испади и кавгички, сум знаела и да не бидам толку фина, ама тоа било капка вода во морето Доволен показател е мислам и тоа што немам досега добиено ниту еден бан на форумов Доволно се испофалив самата, ај сега да се испратам Ах да @nextredstyle си ме означила и за редок бисер, не сфатив во која смисла е тоа, се надевам позитивна? Навистина, ништо нема да ве чини ако и овде и во риал лајф бидете пофини кон луѓето, за почеток, пробајте да бидете промената која сакате да ја видете кај другите.