Јaс сaмo ќе кaжaм декa пoрaснaв сo @Annath и нејзините сoвети. Се нaдевaм декa oвaa гoдинa нaгрaдaтa ќе oтиде вo прaви рaце.
Мојот глас отиде за @Gosh , незз зошто, најверојатно зошто мислам дека нема влакна на јазикот, иако понекогаш ми се „иритантни“ нејзините мислења сепак не може да не ти падне во очи
Конечно да стигнам и ја нешто да чкртнам на темава. Ќе се сложам со констатацијата на @baba Rada – и ја мислам дека сум (по)тапа годинава – помалку ме имаше, помалку пишував и помалку дискутирав на форумов оваа година – што од недостиг на време, што од недостиг на инспирација. Морам да признаам и дека годинава настапувам без никаква осмислена кампања на избориве – нешто како нашиве партии на последните избори – не знам само која би била мојата парола: Секогаш работа, секогаш Фемина или Живот на Фемина. И иако бев без идеја, како прав македонски политичар – па дури и без предизборни ветувања – сепак, добив многу повеќе гласови одошто очекував. Фала им на сите кои ме номинираа, на сите кои ме поддржуваат и гласаат за мене годинава – не знам стварно што да кажам освен – имате одличен вкус. @Yowannty ме пресмеа со споредбата со Ди Каприо, ама секоја споредба со Лео, без разлика у кој контекст, за мене е комплимент.
Ај бе да напраиме нешто сојузче, коалиција... со тебе и @Gosh Таман и одметници од модераторски тим, и исти фанови и хејтери делиме Нема да ни може никој ништо, бичемо јачи од судбине!
Стварно бе шо е ова, сите тројца се откажаа, сите номинирани. Па знаете ли за кого гласате бе вие луѓе? Кого сте номинирале???
Тие што во моментов имаат најмногу гласови - првпат го читам нивниот ник во темава, досега не знаев дека постојат. Значи, сето ова е сечено, местено, лепено, монтирано, од странски служби, илуминати од дијаспората, масонската ложа, Тито, билдерберг, рептилите, сивите, користејќи ги Tor, ECHELON и HAARP системитe се со цел Фемина да добие повеќе гласови, т.е. членови, т.е. маркетинг комзументи. Или тоа, или не ги читам сите подфоруми и теми на Фемина.
Стварно бе, ми фалеше кампања како онаа на поддржувачите на СДСМ - секој глас кој не е даден за мене е уствари фрлен глас, потрошен глас, глас за ВМРО. Ние се откажавме од министерските места, мислевме градоначалици ќе стануваме, ама на крај останавме со празни раце.
Јас мислам Danichap од станство пушта алуминиум во македонскиот воздух и им го заматува мозокот за да гласаат за неа. Се извинувам навистина ама морав да ја откријам вистината.
Богами, за дивно чудо, гласањето и изгласаните ми се допаѓа, реално и вистинско...најплеменитите членови се на врвот...
@RainBow и @JollyGirl Џоли и Реин, Пред сè ова е за Џоли додуша, сметам дека ова е соодветната тема зошто спомена хакирање профили и сл. Дајте ми ја уште сега на мене наградата, сите овие профили доле: @Bender Rodriguez , @Gosh , @joy1 , @danichap , @Dust @Annath , @Lianna Anna , @Someonespecial @referentka се лично мои! Жалам ако некој разочарав, али ете, да ве поштедам од маки. Каде и да ги пратите наградите тие ќе стигнат во мои раце. Поздрав
И јас сум Крсто! Јас сум од оние што некои од вас прв пат ги гледате иако и лани бев во топ 7 Мило ми е што се запознавме. Јас сум Дасти...
Илиминати, алуминати, алиминиум - тоа е, chemtrails, се е поврзано. Што мислиш, петокот како така загадувањето го исклучија за еден ден? Тк на копче. Мислиш тоа случајно е, или поради избориве на Фемина? И многумина не знаат, ама не реметат со ставање на глутен во сода бикарбоната, човек мора да пази, за да гледа чисто, инаку ќе го замаат - готово.
Зошто баш мене ме спомнуваш заедно со Реин? Реин е глобален модератор, а јас сум обичен член Пошто си прилично нов, еве сликовито да ти објасниме... Реин е со камшикот, а јас сум тој долу Така да, други модератори означи си со време...Да си фатиш врски Немам врска со изборите, се извинувам...Каков ќе си одлучи народот така ќе биде
Што е работава ?!? Оваа година како да нема избори или од ДИК ги собраа сите пари па не останаа за кампања на форумов ? Нема предизборен штаб, нема агитирање, нема изборна еуфорија... А ја очекував партиски препукувања, за џабе спремив пуканките...пу ј'зк
Не знам ни јас Џоли оти башка те спомна... Нешто да не сакате да ни кажете. Не ни мачкај очи со сликово
Дана ако победи скапо ќе ве кошта dhl до Германија.Нема смисла трошоци да се праат во ова сиромашно време Даница сори морам антиреклама да ти напраам