Е добро, нормално да гласаат жени од мајчински муабети, кога има куп членки со дечиња што се активни само таму.
Jaoooo.... Ќе се потепате бе. Што награда е во прашање? Ваљда победува оној кој има 80% од тука на ФБ . До година ако даваат ваучер за мебел, да се активирам од лажен профил. Мила, фина, љубезна со сите...
И јас се налутив што ме немало на листава ниту моите фаворити Со муабетот сега сум во план да прам деца да го освојам одморот на Бора Бора Ајде сесрее сите да засукаме раце и да праиме дечиња Наталитетов да го покачиме во држававаа
Што има врска финоќата и милостина? @Gosh јавно е мразачка на луѓе, мајсторски ги тера сите у три лепе па има над 100 гласови... Битна е харизмата и пристапот кон членовите, а не да си лигле цуци муци со сите. И јас мислам на Мама25 треба награда да и се даде. Толку труд да вложиш да бараш слики од туѓи деца, од туѓи филџани, од туѓи соби, заслужува барем еден мобилен. Битно тогаш отворената беше темата за сите јавно да ја ругаат, да и се смејат у фаца и после се заклучи.
И јас сум мајка , па не се пронаоѓам во тој подфорум и ретко имам комнтирано, се случувала да се надоврзам на некој коментар, но не можам да пишувам реферати од тој тип. Не значи дека ако сум мајка ,треба да зборам само за деца , пелени,доење , за жолти и зелени каки и.т.н. Еднаш и зборував за ова во СДК за жени што не знаат да зборат ништо друго, освен на пораѓај и за деца и ми се напорни за слушање и читање, но дел од ниив што коментираат таму ги има и по други теми што значи дека гласачкото тело ( )не го црпат само од мјчински муабети Не знам зошто се лутите за тоа кој за кого дал глас, дали имало лобирање или не, што е важно, им се може. Инаку на финиве и добродушниве што со сите се нај нај слаткотечлови воопшто не им верувам и не ги обожувам , како што викаат, плаши се од тој што ќути, а не од од тој што дрнда, оти добрициве во суштина се најопасни. Што награда ќе беше толку што ве возбуди?
Ако доминираше младината муабетот ќе беше - ете дечурлана се номинира меѓу себе, се гласа и ќе победи. Ако доминираа поактивните од модни критики - ете таа ја знаат дека е лепотица и неа ја гласаат. Ако повеќето од списокот беа најактивните во хроно - ете се знаат меѓу себе преку групата на фб затоа се гласаат, ајде сите на хроно. итн итн Секогаш некој ќе биде незадоволен. Aкo, кој губи има право и да се подналути. Ама не ќе да е некој само за забава овде нели е толку битно кој доминира и кој ќе победи
Зашто толку сериозно се сфаќаат овие избори? Кој е толку заплаен да победи ќе победи. Ама не е на арно таква болна амбиција. Нема никава награда на свет,нишЧо баШ нишЧо поради кое јас не би била јас во начинот на кои се изразувам,во содржината на изразеното,во се што споделувам на форумов. За мене се ова е забава. Секој обид да се пее друга песна освен удри бригу на весеље ми е обидот на Еленка на ТЛЗП.
Многу ме интересира вака од околу на кого толку се с'снавте со муабетиве.. Од списоков ми има само еден логичен одговор ама не знам зошто не пишете онака јавно, место фини да се правите додека терате мајтап на туѓа сметка
@Lilit таман помислив дека годинава темата е досадна- налетав на муабетите за дешавки од минатите избори Супер ми легнаа со сончогледот, не осетив колку страници исчитав Кога веќе ја спомнавте Пирамид, јас имав чувство дека се врати повторно на форумот под името Пирана и Пирана2- ептен ми беше сличен стилот на пишување, не знам зошто... Богами @Offspring остаревме на форумот, кога ќе ми текне на почетоците и колку бевме активни, а сега најчесто ѕиркаме од навика, и морам да признаам дека баш се изненадив кога пред некој видов дека @ludoto19 очекува бебе А инаку после мабетите на @Bridget за тоа колку сме лековерни како група, ми е страв да кажам за кого гласав, немој да сум во заблуда (again) ...
Не сакам да ме сфатите погрешно, ама мене ми е чудно @Lianna Anna што е номинирана. Многу ретко ја среќавам по форумов, барем јас.
А кoлку се интересни oние штo едвaј чекaaт нештo бaр мaлку нa критикa дa личи дa се пише, пa дa пoчнaт сo -aјдееее се испoтепaвте, љубoмoрни, не знaете избoри дoстoинственo дa oдржите, видете пoкoљ нa темaтa, пa пукaнки се вaдaт, пa прaвдaaт, пa мирoтвoрци Абе смешки.
Не можам да го заборавам моментот со таксито... Како да им објасниш дека беше дешкавка над дешавките... Или кој губи има право да се лути... или теориите дека мајки на темата, па затоа се номинирале. Реков сеа мачкарска тема ќе отворам за да проверам дали е така... Пошо ете има зрелост на остатокот на колективот чуму стравот? Најлесен начин да се создаде драма...
Па мене после нејзината изјава за црната листа некако ми олесна... Ама што ја знаеш... Пред некој ден најдов една слика од три кокошки седнати у кафич, едната имаше дедо мраз на фацата... не знам зошто...
ке го сватам ова како зафрканција и по незнам кој пат сум обвинета лажно за некој си профил . Се надевам дека е последен пат , следниот пат ке реагирам кај Реин да преземи остри санкции. Чао А која е таа мама25 ? Не сум ја сретнала низ форумов ..... Може детали ? И јас некои прв пат ги сретнав на листава ... Изгледа заради темите со мајки ,бебиња, деца , бракови , разводи , што не ги отворам Лиана Ана сум ја срекавала баш во сите теми и супер ми е како форумски лик а скоро пола од другиве прв пат ги видов на листава.
Мене ми е сеедно кој ќе победи. Сметам дека листата си е на место. Ама дека е засновано на исцрпни, аргументирани дискусии.. не баш Секој си има свој "победник" и секој си знае зошто, ама реално, ако на "женски форум" се' што имаме да кажеме е за каки, храна и шминки... тоа многу зборува за нас во целина, а не за одреден член поединечно. Инаку, убаво си рече @sesilija ... ако не знам дали ме сака, бар знам дека не ме нејќе Бриџа