Тоа е таа енергија.На темава на секоја секунда има по некој одговор.Тоа е таа предновогодишно гласачка еуфорија.Ајде уште некој постар сочен скандал извлечете.Ние,поновите членови да си прочитаме што како било.
Кој ти нов член, ти си од времето кога се носела штафетата на Тито. Јас сум нов член. Ај, до утре ќе се напише уште нешто на темава, тоа е сигурно.
Кога сме веќе кај желбите и "честитките" јас повторно се јавувам на темава за да кажам дека сакам таблет...менѓуши...ланче. Било што од овогодинешната награда. Редовно си правам порачки од форумов и на крајот ништо не добивам! Сите на списокот сте тапа. Требаше мене да ме има на сите десет места, на што личи оваа селективна правда?! Сум имала испод 500 мислења, и не сте ме знаеле, па што ако?
Ке треба на секое да велиме фала кога јадиме трошки Поентата беше дека ако се дава критика ,и нема ништо лошо во тоа се додека се користи цивилизиран речник , не е све до наградата (трошки)
Пак нешто пропуштам трачеви? Значи секад! Јас пирамида ја пропуштив, ама добро памтам кога уз пораѓај се вадеа гласови
И јас се сложувам дека сите на списокот се тапа, штом мене ме нема. Ама не се грижи, ќе ти купам јас ебан поклон Или неебан сакаш?
Кога веќе Даст спомна дека модераторите ни пенкало не добиле, мислам редно е ние обичните членови да собереме пари и да им купиме нешто во знак на внимание, за целиот труд и нерви што ги вложуваат (како во школо на класната што се купува) @Justicija Членката Мама25 беше жена, мајка ,кралица...И со стари и со млади беше фина и најдобра особа. Имаше дечиња како од списание, преубави филџани, се шеташе на најатактивни места, сама таа имаше преубаво тело и алишта...не ми текнува дали имаше професија или беше домаќинка После открија дека се било лага и ја банираа ...Дека децата се модели од списание, дека сликите од прошети се на други личности, дека филџаните се од странски сајтови. За податали информации влези во темата Банирани корисници и читај ги последните страници. А може вратена е со нов ник...Од каде да знаеме
Али овие случки се од 2011,тоа е баааги одамна.Јас не сум запознаена.Јас дојдов после сите дешавки.Трендафилка ја немаше,Пирамида итн.Сум ја пропуштила целата забава... Почнува журката,загрејте си столчињата,народе.
Најстариот скандал на форумов е со Притица мислам уште 2009, мада што не знам деталите кои се, освен дека крв се пролеало во некоја тема Скопје вс. провинција
Од партија мислиш? За вработување 15 сигурни гласачи, за на Фемина листа на номинирани колку, 30 ли? Исто ко на оние на раководни функции што се, оти форумов е институција.
@sesilija Еве и јас 8 месеци како сум изненадена Иако ме нема номинирано, може за мене едно дубаче Поклон. Се шалам , сега ми текна како и пукав сеир на Сноу Куин 2013, ако победи за Форумџика, дубак да и купиме , ама тркалото се врти И тој период беше фешти За оваа Мама25 не ни знаев, искрено арно шо ја отворив темата, па дознав и трк у Банирани Слатко си се изнасмеав до сега сум читала Сум ја пропуштила неа, не сум читала ич. Инаку јас би сакала @Annath да биде форумџика на годината, бидејќи во многу наврати ми се нашла преку Лп, баш 'форумска мама' ми е
Aма јас пишав за пенкало со знак феминка на годината. Не на сон,за тоа ќе скандираш И ќе биде. А не да се плачело кој од црна кој од бела листа бил номиниран. А Министаров без ресор никаде го немало. Епа кој му е крив кога нема ресор. Ај следната година појќе среќа и појќе скандирање со време.
Не ме гласајте, не ме гласајте...уааа ..долу Даст.. така некако? Подобро да не сум форумџика на годината... тие што биле, знаат зошто
Порано имало повеќе сплетки и интриги зашто биле поопасни редовните членови...Во тоа време интернет дома можеа да си дозволат само фраери и џомби, а не тролови...Плус скапи биле таблетите и лаптопите, па членовите навистина се тепале и бореле за награда. А сега веќе секој има пристап до интернет, се е поминато и видено, нема ни вистинска кавга пошто на никој не му е дојдено до наградата Членовите на список немаат мотив за драма. (Реално не ни има потреба од кавги, ама може да пробате да ги брцнете ако сакате)