Како не? Каките наговестуваат дали детето е сито. Дали е настинато. Да набројувам уште ? Каките е земено само како синоним аааа
Јас пак од 2011 сум член,а ниту еден трач незнам,ве читам сега и се чудам како е можно до толку да не сум била во тек,а не сум баш малку години овде активна
Нормално е на сите нови мами да им се вртат триста прашалници во глава. И јас сум нова мама и се согласувам, не мислев да навредам, но некои жени навистина не знаат да разговараат за ништо друго освен за домашни обврски и деца. Не значи дека ако сме станале мајки треба да се ограничиме само на деца/куќа и крај, за друго нити да прогугламе , нити да прочитаме, нити да слушнеме. Навистина сум имала контакт со такви жени и навистина немам волја да ги слушам, напорни се. Не мислев да те навредам лично, зборев општо, дека такви има и во реалниот живот и на форумов.
Беа златни времиња тоа, а ние млади... Ах... пред 6 години било тоа...летнаВа... Убаво го памтам и е прича што стално се смеам... Ама тогаш се убедив во моќта на ЛП. Инволвираните страни да кажале на 2 членки, од еднаш целиот форум дозна за се, а јавно никаде не се пиша.
Пошто гледам нема ставено оваа година што е подарокот.Сигурно е мистерија.Јас да ви ја разрешам.ОВАА ГОДИНА ПОКЛОНОТ ЌЕ Е СЕРВИС ФИЛЏАНИ (и поклонче локумче успат) Спојлер: ПОКЛОН
Јас ќе си кажам ништо не ве разбрав ни кој кажал ни што кажал. За гласањево за форумџика нешто било поврзано што цел форум дознал???
Ама подмолно се пикаш... не се гурај преку ред.... Ме натеравте да копам мислења од историјата, чојче сеа жал ми е што каснам и што тогаш си бев "верна" само на еден форум. Па мачкина кашлица се нивните драми во споредба со овие тука
Во тоа време беше многу КУЛ да се пишува кирилично англиски. Ми фали девојката што поставуваше фотографии..Мила? И @Gea која чат пат ќе шкртне нешто. Најкреативни девојки ЕВЕР. БАЈ Д ВЕЈ, како никогаш порано на форумов денес има издржани и исцрпни мислења од кои многу може да се научи. Едит: мојот глас оваа година за @danichap @Dust @Someonespecial Лани победи исто така мој фаворит. Слатката @joy1 До година да победи @bittersweet и веќе не гласам
Не ни забележав дека токму и ти си пишала околу каките Не се осетив навредена а богами и имав таков период. Сега можеби не сум толку опседната околу мајчинските теми,но самото излегување од дома си има свој удел. Муабетот ми беше општ за дискусијата кој дали е заслужен да биде членка на годината и зошто? Едноставно и јасно е. Кој кого сака ке гласа,па макар и од причина разбирлива само за себе. Сите имаме различни гледишта за животот и човештвото воопшто па и за форумот. Единствено не би подржала за член на годината,и би ми било несватливо доколу се најде на листата па и биде избран дури,одреден член кој постојано навредува. Тоа е и против правилата на форумот нели. Но имавме прилики да видиме како и такви ликови се и номинирани и гласани. Не е битно ако за мене е несФатливо ако ете другите сметаат поинаку.
Не, туку дешавка надвор од форумот, а инволвирани форумџики од форумов, во период кога баш беше гласањето. И имаш прогласување на најфорумџика, а цел форум разочаран. Мислам со честитки со све и после некое време уште повеќе се прошири од еден на друг. Сите знаат, а се прават на тристадеведесет.
@galapce ама тоа е демократија. Секој има право да номинира и д аго сака дури и членот што навредува кога во овој случај тоа на членот му е карактеристика па поради и која останал приметен и сигнал до номинација. Секој има некој свој препознатлив стил. И секој има право да го цени или како тебе да се чуди на ценењето на таков стил. Ко некој што има потпис Ве сакам сите,некој едноставно има потпис Ве мразам сите. И во двата случаи ништо лично,до вкус е во прешање,а за вкусови попаметно е да не дискутираме.
И јас ќе прашав што било,ама дека веќе се испрашав за што ми е непознато си велам ај некој друг нека праша за ова.
Добро Галабо, друга беше поентата. Ко божем ние останативе под камен живееме и не сме виделе мајки. Ниту пак мајки не раснеле. И има многу мајки низ темиве кои знаат и нешто друго да кажат. Неспорно е да се зборува дека детето е некому најважно, ама тоа не ни беше муабетот. И ни за овој муабет не е аргумент - ќе видите. Можеби. Не бираме најмајка, туку најфорумџика. Што значи придонес со квалитетни мислења во повеќе теми. Не алудирам на никого, за сите номинирани имам позитивно мислење, но дека се бира "најсрцка" а не најквалитетна во поглед на дискусии членка, тоа го тврдам и стојам зад тоа. И самиот форум наметнува неможност за бирање на квалитетни форумџики кои се активни во повеќе разновидни теми, зошто да бидеме искрени, квалитетни дискусии скоро и да нема. И не е важно кој ќе биде "изгласан", сеедно е кој ќе биде. Секоја од номинираните заслужува. Ама грото на гласачи... како да кажам, нивното однесување, зборување, активност е тоа што зборува. И колку што знам има специјализирани форуми за родителство, а на форумов истото е една од категориите.