Арен е сега, сменивме исхрана, прво медицинска па се навикнавме на нормална. Фала Богу одамна сме немале пролив, да не го урочам. Него снашка како е, умни ли сте, здрави ли сте?
Иаме ново маче... кое управо јадеше тиква, а доби и таблета за прочистување...и ќе чистам каки до после...осеќам... ќе биде спектакуларно. Леле кај спомнав сега одма ќе направат филм дека вреѓам евентуално леле ненормална споредува бебе со мачка... за заебавам луѓе, женава се буни за гомца, а се радувала на гомце на мачорот, за неупатените.
@Justicija , @Asistentkа , станува збор за една форумџика (@Umbrella22) која почина пред пола година, а нејзиното семејство беа и веројатно сеуште се многу сиромашни... ама не ми се оди во детали на темава овде, заклучени ви се профилите, ако ве интересираат детали пишете ми пораче А во однос на иницијативата на @simonka93 , интересна идеја е, треба да им се предложи на администраторите... ех кога би можела чадорче да види колку ја сакаме сеуште
@Lolipop23 се сеќавам дека сакав да те читам, и сестра ти Анфејтфул. Мислам дека имавте и другарка Вомен ин ред? Баш се израдував на твојот кам бек. Ретки се членовите кои се активни со ист интензитет како на самите почетоци, ама секогаш ми е мило кога ќе наидам на мислење од некоја членка која сум ја читала на самите почетоци. На крај, имам впечаток дека Пирамид испадна како Лорд Волдеморт (He-who-must-not-be-named) Се спомна за неа дури после 6 години. Се замислив- одржува ли некој контакт со неа во 2017 год? Вечерва се осетив како на прослава од годишнина од матура... Подзаборавени настани, случки од далечно минато за кои така бурно си реагирал,секавање за тоа кои кавги биле низ темите, за рефератите кои сме ги пишувале за да се објасниме, а сега сето тоа е само еден спомен кој буди насмевка.
Или збунетост кај нас новиве кој не ја знаеме легендата и никој не ни ја објаснува детално. Туку имало 2форумџики направиле нешто надвор од форум.Сите дознале и се правеле дека не знаат. Ова е смешното?
Мислам дека не се разбравме. А околу она,квалитетна дискусија,и тоа е релевантна работа. Ете да речеме Сања рече како дискусијава низ темава,одамна немало низ форумов. Јас не се согладувам со неа. Паѓаат индиректни навреди,да не речам без муда. Неосновано. И за мене тоа не значи издржана дискусија. А не дека мене многу ме бива за таквите. Едносравно не постојат критериуми по кои се бира членка на годината и нема зошто безпотребно да паѓаат навреди. Уствари во случајов не паѓаат кандидатките што се гласаат.
Ех, каде бевте кога Мања и уште неколку членки пред неколку месеци раскажуваа за сите овие трачеви во една друга тема. Одма напади добив дека сум ширела негативна енергија. И мене ми е мило што се потсетуваме стандардно секоја година за легендарното гласање во 2013 година, и посакувам секоја година да правиме ваква ретроспектива на трачеви и епик моменти на форумскиот ни живот овде. И јас сум еден од постарите членови и убаво ми доаѓа на душичката кога се потсетувам на сето тоа затоа што ме враќа во едни дамнешни времиња, убави времиња. За помладите членови, мислите дека слушнавте се што се случувало изминативе години. Лажни измислени животи, лични разочарувања, нудење пари за да се дознае идентитет, оговарачки, трачеви, смешки, плачки, ама она што можеби не го знаете како еден од најбизарните моменти на форумот е дека имаше лажирање сопствена смрт од една активна феминка, па нејзино разоткривање па циркузи. Тој момент никогаш нема да го заборавам. Туку, не ми се верува дека не сум едната од петте најнеомилени на @Bridget . Ви реков еднаш дека на крај бфф ќе бидеме. Бриџо лав ју! Не е фер само @Gosh на листава да е од таборот на мрчаторите, фалиме и ние двете. И на крај, гласав за @danichap затоа што ја има и во козметика, и постира слики, и во тема мода. Во мајчински ја читаме, во тема за провинцијалци, во тема за готвење, во сите теми едноставно. Затоа според мене таа ја заслужува титуалата годинава. И така...
И јас сум повеќе за тоа да се контактираат администраторите и парите што би се дале за подарок на форумџика на годината, да се дадат на семејството на Чадорче. Навистина верувам дека ним би и биле покорисни.
Ко мајките за каките. Љубителките на домашно милениче за каките за миленичето. Членкиве со километража за времињата. Како тргна арно @Lilit што отвори тема бабински муабети,јас не сум се уште за натаму. Ве напуштам,останете ми во добро расположение. И некои две од Вас да пазат надвор од форум што прават да не треба пак сите да глумиме дека не знаеме ништо,а у суштина навистина да испадне дека не знаеме ништо,ама Вие да не знаете дека ние не знаеме.... .
Види, пошто членувам на повеќе форуми, и наши и странски, можам да направам компарација. Тоа нема никаква врска со членкиве кои се годинава номинирани, туки со "вајбот" на самиот форум. Како што кажав во претходно мислење, не ми е реално во теми кои наметнуваат дискусија - да нема дискусија, затоа што "одбраната" (со која и ти се послужи сега) е - ќе родите па ќе видите, имам право на мислење и... толку. Значи нема дискусија, ама тоа е така затоа што членовите не се расположени за дискусија, што и да се каже некој е увреден и повреден и се брани со емоции, а не со реални аргументи - класичен пример секогаш за тоа ќе биде религија. Јас кажав дека изборов лично не го сметам за вистинско бирање на најквалитетна форумџика, затоа што за мене тие што треба да ги има - ги нема. Ги набројав и тие за кои мислам дека најмногу вредат. А најголем дел од нив се мајки Тука ПРЕМНОГУ луѓе се знаат приватно, и затоа гласањето нема шанса да биде непристрасно. И сето ова нема врска со тоа колку е некому важно мајчинството, туку колку еден од македонските најактивни форуми е едноличен.
@Lilit Ај кога веќе почна,одкодирај ја цела работа со "двете форумџики надвор"- ме заинтригира де,а и @Asistentkа те праша неколку пати
За едноличнста се согласувам. Мада далеку сум од твоето форумско искуство како што сама наброја. Ако она што јас го спомнав за мајките тебе ти алудираше дека сакам да пресечам дискусија од типот на,не сте мајки немате право на дискусија,и твоево испага,немате форумско искуство како јас и затоа не знаете да пресудите како и кој треба да биде на листата не? Немав таква намера. Затоа се бира членка која ја одбележа годината. Доколку се вреднува само квалитетот односно способност во дебатирање конкретно,насловот ваљда би бил поинаков.
Абе пак за тие навреди. Мислам дека треба да отворите една тема за тие што се мрчатори и навредувачи и да гласате. Можда со љубов и разбирање ќе го промените човекот ако толку пречи како таков, пошо ете има категорија на членки кои се без точка на себе и се различни од озогласените. Одма знам дека сум у топ 10. У суштина на нештото ако загледате ќе видите дека уствари истото важи и за вас самите и пак доаѓа до некое изедначување. И мене ме вреѓа нешто што го прават "нежните" и "културните" и тоа страшно многу, ама сега тоа е. Не му копам гроб да јаде бан или да го обележувам како чисто зло. Шомиегајле. И ќе беше до душа се така, но не смеам да зборувам зошто дадов збор и тука ќе застанам. И не паѓам на личен ПР. За некој нешто што е навреда, за друг не е. Побогу имам читано брдо расправии каде едната стана не конта баш заради отсуство на смајлиња од другата страна и ... куршлус... а во суштина истото го кажуваат...но тоа тера и тера со страни и страни... Некогаш полесно поминуваш со некого со кој ќе се направиш парче ама јаааааааако, отколку со некој кој не знаеш што свила ти преде зад грб. Со Бриџит партали сме се правеле... ако додадеш доволно хумор ќе го доживееш ко фидбек. У една расправија мнооогу одамна со неа јас променив нешто кај себе што мнооогу ми помогна потоа во еден сегмент. Мхм. И тоа го има. Многу повеќе ме повреди членка која негуваше нормален однос се додека нешто не и штракна и ме направила лом на многу низок начин. Нејсе... повеќе научив од безоразната погоре, него ли од финава... И не може мене да ме вреѓа нешто од некого кој си пишува своја дешавка и мислење за надвор само зошто јас се пронаоѓам во истото... ок си е, кул е... Се е до перспектива на гледање и колку ќе си дозволиш да видиш назад кој е проблемот. А сите проблеми на форумов доаѓаат од тоа... од неискажување ко што треба и прозивање без име. Категоризации. Демонизирање, па изолирање. Луѓе, како викате, возрасни сме? Епа не сме. Овака се однесувавме во осмо со егата до плафон. А реално... има стварно глупости на кои не можеш да останеш имун. Тоа е како онаа со венеричните болести да речеме дека е информирана и паметна. Рама ај во друга прилика, се посмеавме битно. Мислам и нема што многу тоа е тоа што е пишано...
Не Галабо, не дека ти сакаше да пресечеш, мада, искрено да кажам, твојата реакција и ми е оправдана, се читаме по форумов, јасно ми е. Но верувај дека постојат луѓе кои се однесуваат како тоа што воопшто родиле да ги прави посебно посебни и исправни. Конкретно на форумов мислам, ептен е изразено. За едно апсолутно си во право - но бираме врз основа на тоа во кои категории читаме па ако победи некој што само во мајчински пишува исклучиво, значи доаѓаме до моето дека тоа не зборува за победникот, туку за гласачите (односно дека таму е сконцентриран цел ОПШТ форум)
Да, затоа и кажав дека листата си е во ред. Ако земеме во предвид што е нонстоп актуелно по темиве, изборот е одличен, но фалат луѓе, можеби зошто не се толку активни последно време.