Лошо е што тоа е женски, а не толку и машки фокус И можеш да ми ги испревртуваш мислењата, океј е. Ако си толку зафатена, нели тој пола саат можеш да го посветиш на нешто друго? Ако мене 23 саати ми одат на дете, куќа, кариера, милениче, you name it... зошто и тој 1 саат да го посветам на истово? Болд 1: токму така. Тука е боЉката. Ми фалат убавите, конструктивни мислења од овие жени. Болд 2: има... затоа што ако Сноу Квин можела во 2013 мислам да собере толку гласови... шта речи. Кој е тој квалитет? Во номинациите ми беше јасно годинава. Ја номинирам Трпана зашто е најсрцка
That's the point. Вечната дилема! Камелијо ќути таму, кога ќе родиш и ќе се омажиш центар на светот ти станува домот, ручекот и пелените на детето. До тогаш врска немаш, немаш ни право да коментираш. Ко жената само за домаќинлук да е створена, самите си се деградираме.
Луѓе, не ги копајте мислењата од страшната 2013. Јас бев од таборот на Сноу. Mistakes were made. Патем, @Bender Rodriguez очекувано ти било на женски форум да се збори за бебови и какушки? Сексисту, мрш на кајгана штом така.
Море чупиња,не се работи за деградација. Во тој еден час гледаш да размениш мислење плус од шо мислиш,те уште едно мислење плус па да видам до каде сум. Си викаш,ова само јас вака изрод сум или има исти како мене. Но ете како растат поминува и тоа,ама и ние растеме.
А за што би друго? Уште не сум сигурна дали го заслужувам воздухов што го дишам... Старееш Бриџо, старееш...
Ако некад станам ваква, ве молам да ме потсетите на муабетов. Со време да преземам мерки. @Lolipop23 а што им фали на мајкиве на форумов кои иако се мајки, уште не дошле на "твоето"?
Аааа не, не си минеш со лесно. Нема да те тагирам во бебешки теми. Ќе бистриме политика. Ако биде нека биде работата, салам да те разбудам од зимскиот сон
Ме погоди сега... дај нешто улога на жената во домот, модерни бракови, хомосексуалци, религија... ептен сум аполитична
Не Лоли, јас на твоето нема да дојдам верувај ми. Сакам дете еден ден, ама исто така се сакам и самата себеси, може детето ќе ми е приоритет, ама животот нема да ми се врти околу мочки, полни пелени, детергенти, ручкови, колку перални сум пуштила денес и слично. Кога ќе створам семејство животот треба да ми почне а не да се заврши тука.
Ако им веруваш на форумџиките, тоа ти е невозможна мисија. Среќа па не живееме изолирани, јас еве не знам како од мои 6 другарки, 4 имаат бебиња, а сосема нормално се однесуваат...
И јас така викав, ама сосема друго излезе на крајот, девојче. Затоа, прво скокни, па кажи оп. Ако ти се погоди бебе што сака 23 часа во раце, и те како ќе мислиш само на бебето.