За трачарење на кој му се трачари ке си најде место. Ето видиш неко све зна а неко је тамо далеко. Јас мислев точно на полноќ.
Се што имаше, се кажавме изминативе денови. Тоа само во почетокот имаше такви интриги и скандали. Сега во најново време врвна дешавка овде е Мама25 која вода може да им носи на троловите од минатото. Многу попрофи беа и поинтересни. Уште утре сум тука, додека трае темава, после се враќам во зимски сон, ќе ме нема овде. Освен ако не се согласи нивното височество да се отвори Фемина приказни.
Ти се нервираш тие што така млади а спијат нели? Не знаат да ги искористат годините и аклот. Ај да си легнеме. Утре ќе честитаме,секако е од мајките
Ја не откривам за кого гласав, ете така да знаете. Може во лп ќе пишам, не дека е битно, ама ете, јас сега глас, они мене некад помош. Одамна се мислам како и каде да го поставам прашањето, а овде некако ми изгледа океј. Не за друго, таква тема почнавте: каки, јадевме/спиевме/плачевме, најмајка итн. Ако бебињата навистина ви одземаат толку време, ако вие навистина 23 часа сте посветени на мајчинството, ако имате обврски околу домот, како имате време да пишувате тука? Факат не ми е јасно. Велите дека сте жени и мајки, некои од вас се вработени, дури и кариера имаат. Значи вие, (веројатно) заедно со вашиот сопруг се грижите за домот и детето, одите на работа, денот ви е исполнет. Како тогаш имате време, желба и сила да пишувате и на форумов? Некои работат.
Јас пак се чудам кога ве читам како имате кариери ,исполнет социјален живот до максимуН а сте активни на повеќе форуми. Одаааам.
Кај мори Галабо ми најде кариера, социјален живот максинуН? Шта то беше? Нердче сум си по малку, антисоцијално...
Е шо мислиш ти, зашто доВаѓаме ние на темава пред крај на секоја година. Малце сеир ова она, гаќи прслуци... Е ајде бе бекни кажи ја петорката неинспиративни од листата, од преска чекам, ни на филм не можам да се сконцетрирам. Не знам за вас, ама мене кога ќе ме лајкнат @kravce и @zhap4e се радувам како дете на милка пакетче, као цело животинско царство да ме лајкнало (заедно со мене као претставник од инсектите, ама не ви кажувам како се самолајкнувам), тогаш сум морален победник на секоја можна и неможна листа. Цуцички мои слатки на ви Од што уживам во вашите лајкови, ќе почнам само во СП да ве поздравувам минимуН пет пута на дан. Кога почнав да читам сега на темава, се осетив како да залутав во некоја тема за мајчинство, што сте направиле женички мои...како можете да мешате мајчинство во ваква прекрасна тема, ваква идеална творевина за полноќно читање и воодушевување. Срамота.
Арно велиш, ама ако ми е - си го барав. Кариера немам, работам добро платена работа и тоа е тоа. Ни стаж немам. Не сум тип кој може да има социјален живот на максимум, прва причина - немам многу другарки јер не умам да глумам цуци-буци, друга причина - и другарките мои работат, па со време сме ограничени. Кога ќе постанам жена и мајка, 100% нема да сум вака активна. Времето кое ќе ми е слободно сигурно нема да го трошам на форум.
Кај ти текна на мене, алал да ти е. А читам тука што си зборите и памтам скоро се што се дешавало, па ја пораснав со форумов, ама буквално. И морам да додадам, ама форумов ме има направено попаметна и многу мислења сум оформила благодарејќи на стари, добри, квалитетни феминки. Дете бев, и уште така се осеќам, иако сум студент веќе. Негоооо, Малена песната ете, секогаш на тебе ќе ме потсеќа, и една стара љубав, малце јас да ти евоцирам спомени тебе.
Аха, мисли си! Кога ќе постанеш жена од темиве директно ќе се префрлиш на снаи и свекрви и снаи и золви. Мене епик момент ми е што секоја како што ќе се омажи веднаш се транспортира во тие теми и дели совети таму. Мене помалограѓанска тема од таа за свекрвите ми нема овде. Онака, скоро секое мислење ми е проследено со фејспалм и така по малце трансфер блама доживувам. После ќе се преместиме во теми за деца, и колку јадевме денес, колку спиевме, дали прдна, дали ждригна, дали мека столица има, како мириса и сл. Не верувај ти Ребека ако не сакаш ама тоа ни е иднината на форумскиот живот овде. И ја мислев не е така, ама ете така да ти било. Ко што кажа Камелија, кога ќе родиме ќе знаеме, сега немаме право да коментираме.
@manja666 еве за тебе јавно, да те имаше на листава - ќе те гласав! Значи ти сега си во фаза - живеење заедно и можеш да збориш да перење веш и готвење ручоци. Ама пази што пишуваш и како се обраќаш, во темата има жени и мајки со искуство, кои знаат како треба. Да не биде после не си знаела, еве ја ти кажувам. Време - се наоѓа, стануваш, кафе-мафе, одиш на работа, переш, пеглаш, зачистуваш, обврски околу дете и пушташ рапорти тука, јер ако не пишеш исто ко да не си завршила ништо. На тема каки, да не сум скроз офф, кучката моја се замачкала во кучешки каки, ја бањавме на ладново. Е сега морам ја нејзините каки да ги пратам, да знам дали да одиме на ветеринар. Види што сум срцка, се спремам за соодветните теми.
Леле утре очекувам пак со дрвја и камења по нас трите. Еднаш, една членка ми рече дека е сигурна дека Камелија, Мања и Ребека се еден ист лик затоа што у ист чопор сме биле и ист памет сме носеле. Ај иди објасни им дека лично ниедна не се знаеме. Нема шанси! Пошто најодамна сум овде, ваљда ја сум ве створила, вие сте моите два дупли профили. Еве нов скандал на повидок. Шала на страна сега, ептен ама ептен сме оф. Мајки не ни замерувајте се, знаеме дека детето е приоритет и се трудите да бидете најдобри на тоа поле. Ама озбилно сега, и без иронија. Не мора се толку трагично да сфаќате и да ставате на срце, јас и блиски пријатели знам да зезам на ист начин кога ќе почнат да напнуваат со деца и домаќинлук. Никој лично не се посочува, само од различни аспекти гледаме. Пис жени!
Само ќе речам браво, што друго... традицијата продолжува За мене овој избор е начин да се види како размислува мнозинството. И искрено, привилегија е да се биде дел од листава, знаејќи дека администраторскиот тим тука ништо не решава. Ама, секоја година мора да се бара причина за пукање сеир, и тоа е она што ме нервира. И јас сум за тоа мајките да не бидат само мајки, да бидат сестрани, да учат, да се надградуваат, да читаат и понатаму, а не децата да им бидат центар на универзумот. Ама има период кога баш сме фокусирани на децата, што не значи дека се запоставуваме себеси. Само што ете, децата се тие кои во тој момент се целиот свет и воопшто не ми е глупаво кога некоја мајка зборува само за тоа. Ги почитувам искрените мислења на сите членови, и ги ценам нивните ставови, штом се искрено и директно кажани. Не почитувам и не ценам луѓе кои се кријат зад суптилните навреди кон мнозинството, со цел да си докажат себеси дека се над другите и да наметнат слика дека се подобри од сите. За тројца ќе ти кажам, за другите двајца или ќе погодуваш или сама ќе ти каже. Јас, @joy1 и @danichap сме на таа листа, 100%. Бидејќи единствено таа е инспиративна и посебна, а сите други сме нула споредени со неа. Не знам зошто воопшто дреме на форумов ако и е под ниво да комуницира со неинспиративни ликови. Ама не, убаво е да се пука сеир после пуштање на боцките, нели @Bridget?
Добро утро. Гледам еден глас разлика, па ми текна (вие сте криви со потсетувањата) дека вака беше и во годината за Трендафилка и Сноу, па у 12 саат честитавме на Сноу. Откако админите се разбудија и испија кафе, решија да и ги избришат последните 10 гласа, оти биле дадени од нови членови, па наградата да и ја дадат на Трендафилка. Она си ја зема наградата и си отиде. Проблемот беше што тоа правило не постоеше се додека админите не видоа дека нема да им победи саканиот член, па го измислија. Ова е на Билката, не можам да ја цитирам, темата е заклучена. Затоа пак следната година, иако напишано, не го почитуваа тоа правило, па така Бендер поштено си изгуби у фотофиниш, оти беше машко. Јас сакав да победи оти беше свежа крв, со добри мислења и затоа што знаеше да се снајде со чопор хормони. После ме разочара што прифати да работи за без пари, што не очекував дека така паметен дечко времето кое го има да го даде за без пари на некој, ама ете, гршеки се прават. Барем не е грешка да мора апче да се пие. И нормално немаше одговор. Така што, денеска и утре не честитајте на никој, ќе победи може третиот, зависи админите како ќе решат.ДИК повалидни избори имаат. И бидејќи одма ќе почнат со реченици од типот, не е така, јас за се си имам принсткринови Годинава, @danichap е формално правно и материјално заслужна за наградата од причина што ја има секаде, знае многу, мислењата не и се со 2 реда и кисче, посебно оти знае да биде со крената глава и со стил. Иако лично знам дека не ме поднесува и има некој ред лоши зборови за мене, ама јас сакам правичност (јебига дупли Стрелец) па затоа и тоа нема да го вбројам во прос и конс. Ама жичката у генот од баба ми не дава да не си речам. Како и да е, женава, е ѕвер. Мајка со две мали деца го пишува следново(може и трудна со трето беше и тогаш ама не знам): И мислам дека и отиде и направи што можеше.За тие што не знаат, ова беше за донација за семејството на Чадорче. Да не пишам за сите совети по темите, и што кога е во својство на модератор известува зошо преместила и избришала. Колку у да не сакам да ми влијае, ама ит дас... Е сега, се гасам, ве поздравувам, со сиот страв дека и ова мислење како и многу други ќе ми бидат изменети од модератор, без да добијам какво и да е известување, што е една од поголемите причини зошто ме нема на форумов у последно време. Сепак, со многу членки се познавам у риал лајф и нема смисла да ми се менува мислење без да знам а кое не е својствено за мене. За никое чудо,ама модератор може и да пише нешто во мое име па да си ја чукам главата. Затоа, подалеку. Исто така може и во мислењево имам некоја претпоставка пишано, па може да е причина и тоа за повторен бан. ПС. За мајки, немајки, точно е дека кога ќе станеш мајка, и детето 5 дена нема да кака, кога ќе ја видиш каката после ти иде да частиш. Ама за тоа шо викаше баба ми, треба да се расчЕпиш па да разбЕреш. ППС За евиденција на Цреша, денеска имам ден од одмор земено.