Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумџики на годината 2017: Annath и danichap

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 17 декември 2017.

?

Која форумџика ја одбележа 2017 година?

Анкетата е затворена на 28 декември 2017.
  1. Annath

    208 глас(а)
    33,5%
  2. Bender Rodriguez

    123 глас(а)
    19,8%
  3. danichap

    208 глас(а)
    33,5%
  4. Dust

    126 глас(а)
    20,3%
  5. Gosh

    119 глас(а)
    19,2%
  6. joy1

    151 глас(а)
    24,4%
  7. Lella

    36 глас(а)
    5,8%
  8. Lianna Anna

    65 глас(а)
    10,5%
  9. referentka

    112 глас(а)
    18,1%
  10. Someonespecial

    125 глас(а)
    20,2%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Кој за што сака ќе си збори на форумов, гласовите ќе кажат кој ќе победи. Така да џабе се деградирате со 'муабетиве'.
     
    На Rama, eli25, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Јас и @Annath цела година чекавме за да блеснеме на овој ден.
    Ве молам не ни одземајте од гламурот и славата која ја носи подиумот.:emo::D

    Ако има дџ може музика да пушти, зборови се одвишни мислам.
     
    На do-re-mi, snegulkata, eli25 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Е добро кој не е човек овде бре Жабе?
    Сите имаме проблеми вон овде.
    Кој рече дека од пвде некој на некој му е проблем?
    Не мешајте баби и жаби.
    На некој му сметаат кандитираните,на дригиѕе им.се допаѓаат..
    Шо е тука комплицирано да се сФати?
    Дискутираат двете страни.
     
    На +++, eli25, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Само ќе се сложам со се што кажа Цка за тебе и би ја додала и Анатх за рамо до рамо. Без разлика која од вас ќе победи вие две сте навистина прекрасни личности.

    И не, не лижам газ, да кажам уште одма да не ме цитира некоја неповикана. Тоа е тоа што го мислам.
     
    На Rama, CameliaMiller, +++ и 7 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.518
    Допаѓања:
    251.484
    Додека ве прочитав, изумив и што да пишам:D.
    Јас пак сум од почеток овде, сега поретко коментирам други теми, ама читам речиси се. Бенедер го знам, ама Лела не ја знам. Никогаш не ми паднала во очи, а толку ја форсирате дека ја има секаде. Ама ја нема. Ништо лично кон членката, ама и лани и сега и секаде е ставена, а јас ете не ја приметувам до толку.


    Ова ќе е надовразување за да се надополнам. Си стварате некоја перцепција за ликовите и демек тие се најинтелигентните, тие се најпаметните и некој од нив мора да победи. Вака нешто беше и за Пирамидата. Возвишување на ликови. И се ствараат табори, кланови, кавги и се вади вешот надвор.
    Тоа што мене и Дани ми се, за друг се Бендер и Гош на пример, иако јас ја гласав Гош оти буквално секаде ја има и сакам да ја читам.
    Не ги гласам Ана и Дани заради мајчинските теми. Таму не ме сакаат баш]:), знам да се законтрам, а они не сакаат баш контрање:D. Ги гласам заради други причини кои за мене се најдобро. Гласам по лично убедување за ликовите и воопшто не се водам дали се мајки или не.
    Дискусијата за каките ја одведовте во неповрат. Има толку теми на форумот, за секој да си го најде местото. За некого тоа се каките.
    Вие немате зошто да коментирате за нечиј начин на живот со доза на иронија и потсмев оти некој 23 часа бил посветен на детето и домаќинлукот. Ако сака и 24 часа нека биде, вие скролајте ги тие мислења и теми:).
     
    На YoungandBeautiful, Rama, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Ај што некој се опседнал се домаќинките од мајчински и во кои се' домаќински, читај затупавени, теми пишуваат, ами што истите не мрднале подалеку од 40ка.
    Абе како ви се замара толку? Вишок време претпоставувам :rofl:
     
    На eli25, joy1, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    @Cka се врати, Навистина се врати!
     
    На Espadrila, Doozy, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    По бројот на гласови од останатите гледам дека сум гласала и јас тука некаде. Кој и да победи заслужено ќе си ја однесе тутулата.
    Но,:!: сеуште сме на некое незавидно ниво, сеуште.
    Данке на оваа песна ми текна кога те прочитав. @danichap
     
    На galapce, danichap и Annath им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.325
    Кој, Цка ли?
    Најдобра другачка ми е од денеска:tmi::rofl:.
    Нејзиниот збор треба надалеку да се слуша и почитува8-|
    Леле Френди. Гонибожавам Роби.
    Ја погоди.
    Тие сме, таа генерација:inlove:
     
    На JuLleE, galapce, friendy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се појавам во дискусииве.

    Листата ја создаваат членовите на форумот. Членови има во огромен број, некои сконцентрирани само во одредени катчиња, некои разжестени во останатите дискусии на форумов. Нормално е да се случи од едниов "табор" да не ги познаваат номинираните од другиот. Нормално е и на некои да не им се допаднат некои од номинираните. Ама никој, буквално НИКОЈ нема право оваа тема, што треба да е најпрво за забава (впрочем како и целиов форум) да ја ус*рува како што се случи оваа година. Не е фер кон номинираните, не е фер кон членовите благодарение на кои номинираните се нашле на листава, а да не зборувам што самите се спуштате на некое ниско ниво.

    Единствената тема во која можете да терате избори и да правите пародија од реалните политички избори, вие ја претварате токму во тоа - реални политички избори.

    Дефинитивно треба да постои тема во која ќе се "евоцираат" спомени, ќе се истакнуваат негативните страни на минати членови и слично. Оваа тема не треба да биде за таа намена.

    Искрено, баш културно и забавно поминаа изборите кога победив јас. Беше достоинствено, беше забавно. Што ви требаа вакви луксузи оваа година, еве не знам. Да му се одмили на човек и избор и пишување и дискусија и целиов форум.

    Никој не ви брани да си го кажете мислењето, ама мерка треба да се има во се'. Три пати читај, еднаш пишувај инаку отидоа работите во неповрат.

    Не кажувам за кого гласав, иако имам неколку фаворити на листава. Сега трката е меѓу Анат и Дани, така што која и да победи - со среќа нека и' е, ама дека ќе и' биде преседнато - сигурно.
     
    На Rama, Lella, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    giphy (1).gif
     
    На YoungandBeautiful, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.784
    Допаѓања:
    169.650
    Пол:
    Женски
    А сигурно има некои со лажни профили, и кога ќе се одбиваат гласови, предлагам да се прогласува и „најфан:lol:

    Јас пак, сите на листава, во некое време, ги имам читано. :wasntme: Сепак, не размислував премногу кога го бирав мојот избор, и пишав зошто претходно. Дали сум задоволна од листава? Апсолутно. Да би можела да изберам 10, би биле сите, сосем заслужено. Е сега се случуваат секакви ситуации, и сепак гласовите идат од самите форумџии, па сега кој- каде чита, нормално дека од таму ќе си бира фаворит. 8-|
    Гледам во гласовите и е ептен блиску, и искрено потајно навивам за Анат. Ми значи за форумџика која ми е меѓу омилените за читање. Да се доизјаснам, јас имам страв од забар, и еднаш ме подуплаши и од тогаш одам и кога немам мака само за да не ги фрлам забите. Фала @Annath :hug:
     
    Последна измена: 27 декември 2017
    На kikkki, Annath, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Тука била забавата,а?:D
    Едвај ве исчитав и решив да се логирам да си кажам збор,два,чунки за ветеран се сметам на форумов:D.

    Годинава,за првпат не гласав за оние кои секоја година ги гласам,а тоа се пние од 40,бивши и сегашни членки кои таму пишувале и пишуваат,туку гласав за Гош,пријатно освежување е на форумов(и кога веќе ја споменавте,ме потсетува на Мерлинка од едно друго форумско време ,и таа имаше многу интересна смисла за хумор).
    И Бендер и Спешл сакам да ги читам,едниот е енциклопедија самиот за себе,другата е толку млада,а толку мудра.

    Дешавката со Пирамида не знам за што и како била,но јас имав многу високо мислење за неа.Секое сабајле неа и Кравче ги читав во СДК.Памтам во една тема каде пишувавме за младоста и нашиот град,помислував на моменти дека ја знам,и неа и Грин Ајс.

    Кога прв пат се зачленив на форумов во очи ми паднаа тогашните модератори,Ана,Лилит,Офспринг,Ариел,Реинбоу и сликата која тогаш ја изградив за нив,не се променила,само попозитивна станала низ годиниве.

    За номинираните членки се најпозитивно,штом се на листата,заслужуваат.Со повеќето од нив имам дискутирано за најразлични теми,се имам советувано,несебично ми излегле во пресрет за некој совет,информација и сл.

    Среќна Нова Година.
     
    На Rama, Lella, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.520
    Има една драма од Шекспир која се вика Многу врева за ништо.

    Се надевам секој извлече поука за себе од целата приказна. Не за другите, туку баш за себе. Мислам дека доста се носеа мислења кој што мисли за другиот... ласт сизан однесување е.

    Наспроти идејата за нзс како победуваат членки на форумов која сигурно нели беше злобна и полна со завист ќе повторам нешто што веќе го кажав.

    Победуваат членки кои им го ѕвонат ѕвоното на сите, што би се рекло сечиј кап оф ти (некој сака да е сечиј кап оф ти, некој сака да има остри рабови и да не биде, различни сме и ок е), на ваков или таков начин и на крај почнуваат да се однесуваат под притисок на околината, губат од себе и затоа почесто на крај престануваат своевремено да пишуваат зошто притисокот станува преголем од очекувањата на како сакате кажете - анонимуси. Се десило... сме го виделе тоа.
    Смешно е и навино да помислил некој дека е така што си помислил - злобно, зајадливо, хајка, шиканирање, не знам веќе што...

    Со Трендафилка одлично стоев и ја почитував како форумски лик, ама со сите салтанати поштовање. Освен што се деси тоа што се деси, кој ја пратеше во тоа време после првата победа знаеше и да ја снема. Реално имаше и испади на нејзина сметка кои се однесуваа во смисла - не си таква каква што мислев? А каква сте мислеле почитуван публикуме? Некоја која виси на чивило да ве забавља? Нц.
    Љубам исто така. Почнаа сите да ја доживуваат како некој кој мора да збори во нивно име, која мора бескрајно многу да е креативна, да е аутсајдер кој се бори против инсајдерите, а за загрозените и не знам веќе што. На крај почна да пишува реклами, па од реклами прејде во друго, па искочи од контекст после, се поклопи со смена на модератори и испадна и тоа, нема врска, бидна како бидна.
    Дузи ја почитувам со години наназад, уште е ама далеку со истиот интензитет ко порано. Сите одеднаш од Дузи почнаа да очекуваат да биде откачена и забавна... А Дузи... си пиша низ што поминува низ колоритен и брблив начин.
    Лејди Финекс, Ана Каренина такоѓе намалуваат со интензитет на пишување.
    НЗС-то лично мое беше тоа - секој кој е избран кад тад се губи. Или притисокот е преголем и не сакаат да си го расипат впечатокот или не гледа предизвик, што не значи дека мора да е точно, но тоа е тоа "злобното" кое завчера ви понедостига во приказната.
    Има и елементи кои се природни и својствени, луѓе сме, се јавува и чувство на виша вредност кое спласнува кај поедини - сме го гледале и тоа, ништо страшно, ништо ненормално, поминува ко настинка.

    Во ниту една членка или член горе не најдов спорни елементи на некој нејзин начин...

    Ама форумот не е форум, ако нема драма, ако нема простор за правење на филм, на делење на добрите и лошите, на навредувачите и навредените... зошто сакаме да сме сите свои и различни, но се некако извадени под еден калап со исти вредности и верувања, интереси, шеги, стилови... И секогаш трга од оние кои хронично се осеќаат навредени, убедена сум дека чистината на нивниот дух ја одржуваат со секојдневна исповест кај нивниот духовен татко, еве не знам... Два-тројца се кои завлекуваат цела екипа после.

    Па морало да има злоба, да има завист штом нешто се збори (ај што се збореше нешто што немаше врска со никого е башка прича)... извинете ама внука ми во 2ро одделение ја тешиме дека штом децата и се смеат и ја озборуваат за нешто, мора да и се љубоморни. Она во случајот сама си ги исшиша шишките и беа до гола кожа од едната страна. Ама у ситуацијава, си сфати тој што си сфати така како што му одговараше и ја направи поголема од што треба. Би рекла, убавината е во очите на гледачот... Како гледаш на другиот така мислиш и дека другиот гледа на тебе.

    Многу пати по различни теми пишував - верувам на статистика. Што стои зад статистика мора да има зошто и да е релевантно, а списоков е чиста статистика. Ху ем ај ту џаџ?

    Анат е една од пионирите тука, 8 години без пардон ми е меѓу омилените членки. Нема ни потреба да пишувам зошто...сакам да победи, зошто 8 години квалитет на форумов, мора да е под некој ИСО стандард.
    Бендер е издржан и квалитетен член, треба почесна награда да му се даде како едино машко кое се изборило во листата. Сакам да победи зошто е маЖ со длабоко Ж, а не големо М.
    Даница, ќе се задржам на неа заради тоа што спорот на темава и оној кој се осетил погоден од заебанциите е она. Сега малце као ќе се насмееме тука на темава, ама фактот е факт, се навредила. Данице, никој не те мрази и никој не ти прави хајки, еве тука да ти кажам отворено пред сите.
    Наспроти такоѓе лошите работи кои ги има да ги каже за мене во секое време и спаѓам во кошната на Чка и Бриџит, во ниту еден момент не сум и го спорела членството, ликот и делото, како што и сама знае тоа што го знае кое стоело како разговор кој секогаш бил коректен и искрен и со позитивна намера да испадне на крајот од денот се како што треба, бар од моја страна. Што се случи за да преку ноќ упатува такви зборови и однесување, она си знае, јас не знам и искрено, не сакам ни да знам, обскурно ми е да размислувам во насоката која ја претпоставувам и не можам да замислам дека просто може нешто такво да постои, а искрено, навредена сум од тебе, но тоа не е важно и не значи дека те мразам или ми сметаш или не сакам да победиш или не знам веќе што... Сакам да победи зошто луѓето обожаваат да ја читаат и навистина вложува да го пренесе она што го живее во живописни детали без пардон.
    Даст е брблив член кој или ќе го разбереш или нема да го разбереш, детска енергија има и тоа е... затоа е веројатно допадлива или ти оди да и речеш - седи кец. Сакам да победи зошто му треба подмладок на форумот и таква енергија, запаѓаме реално во баби...тоа е.
    Гош и својата интелигенција заслужуваат место тука. Сакам да победи зошто ги оживува сите теми.
    Џој колку сака нека ме игнорира и нека глуми навредена, од три реда погрешно сфатени нешта и лоша екипа околу неа која долеа масло на огнот заради нивни лични едвајчекамбичфајт за да поентирам, е од оние луѓе кои секогаш ќе бидат сечиј кап оф ти, лани го доби заслуженото, мене лично ми фали во 40ка да пише некоја заебанција. Но исто така знам дека неа и фали 40ка исто така. Не читам во мајчински муабети сем ако не ми искочи на пребарувач ако ми треба нешто да прочитам, па тук и таму фаќам мислења, ох колку само се забележува буквално низ секој збор дека 40ка и недостига. Не сакам да победи, лани победи.
    Лелла ми е најискулираниот член евр... толку. Не е сечиј кап оф ти. Реално. Сакам да победи зошто можда некогаш и да не се согласам, ама ставот од типот - јас ќе си кажам и не навлегувам даље, многу ми се допаѓа.
    Лиана Ана, не ја знам премногу морам да признаам... Штом сте рекле да ја има, сакам да победи, што па да не?
    Референтка ми е д биг мама, заедно со Анат. За сите. Знам дека знае и шамарче да ни заплеска, ама знам и колку знае да биде смешна, нежна, забавна, топла, неретко остра и реална. Не знам за другите, ама многу се смеам на нејзините мислења, а збирам и по некоја мудрост. Знам дека неретко знае да ми упати критика онаму кај што седат само боговите. Секое право има да е на списокот и сакам да победи зошто често е рефлексија на членот од другата страна. Треба некој да ти го даде огледалот за да се видиш малце самиот себе, епа она е тоа.
    Самуанспешл ми е од членовите кои или ми се угоре или ми се удоле, или бескрајно ќе се согласиш или па ич, ама после сфатив и зошто. Самуан спешл е кај да биде ако не на список некаков? Сакам да победи зошто треба да има некој и кој ќе не збуни, така? А башка што и забавна е.

    Лично моите кап оф ти, не се на списокот, те само една е. И е супер ок.

    Ваљда на сите ни е јасно дека не можеме секому да се допаднеме.
    Некои сакаат покруто, некои сакаат да им го бакнуваат гзот, некои сакаат да се испокараат и после да им биде како ништо да не било, некои сакаат површни муабети, некои ко Камелија сакаат дискусија, некои сакаат да лелекаат, некои сакаат да бидат лицемерни зошто не сакаат да се замараат. По кое мерило ќе мериме тогаш? Не можеме да наметнеме еден начин. Кој е пак поединецот да суди и да каже како ќе биде? И луѓе, сето тоа е ок.
    Има генерални правила и се јадат банови ако одиш надвор од нив.
    А вашите лични правила, вредности, верувања, ставови на добар и примерен член... има каде да се применуваат. По дома...

    Резултатите како што и обично бидува, знаат и да се сменат. И еве видовме вчера-денес...
    Досудивте пред време... нели - многу врева за ништо.

    Нема врска.

    Јас и понатака ќе продолжам да се заебавам ако ми е до заебанција и немам намера да се сменам за да бидам сечиј кап оф ти, пошо не сакам да бидам сечиј. Не за друго ќе треба до година да ви ја земам наградата, па после цело време ќе сакате да ви глумам и ќе престанам да пишувам... или ќе ми снема мотивација. :o
    Жал ми е ако некој поинаку сфаќа, но тоа е негова лична перцепција. Уствари не ми е жал, се ла ви.
    Нека победи најдобрата и таа што навистина заслужила, зошто лани, полани и сите години не била никогаш најдобрата и најзаслужената, ама ова е таа година ко и секоја претходна што беше. :D

    И малку да бидам искрена... до пред 40ка... не ве приметував поголемиот дел, не па да забележам дека поедини органски не можат да ме смислат или да цитирам - не ја можам. :D

    Што се тиќе темите... Отворете од првата година до денес и видете ја динамиката, природен процес е, не е ништо ненормална преференцата на теми. Форумов е жив и се менува секоја година. На почетокот сакавме еџи работи, сега подомаќински. Но тоа сепак не значи дека примедбата на Камелија не е на место.

    2011 форевр ин мај харт. :l:

    Среќна нова дечки.


     
    Последна измена: 27 декември 2017
    На Rebecca_R, YoungandBeautiful, Stephen Amell и 28 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    ^ го гледам долгометражениот пост над мене и помислив си зела Многу врева за ништо си ја прераскажала :whew: :lol:
     
    На НаталиЛили, Stephen Amell, Lella и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    97.007
    Лиле мa, овој твојов спиЧ подолг и од оној божиќниот на кралицата Бетка II:rofl:.
     
    На Abeja, kikkki, mareane и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    259.297
    Пол:
    Женски
    Не си арна!

    Многу страници наназад. Немам толку голема желба да сфатам што се случувало.
    @Lilit @ph.orhideja :bow:

    Според * сум гласала за Бендер, Даница и Спешлка. Би гласала за сите од списокот.
     
    На Bender Rodriguez, Annath, JollyGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.520
    Извини дарлинг, битна сум. ;):rofl:
    Мораш да се изјасниш пошо има луѓе што работат у Благој Ѓорев и живеат од интриги.

    Шала на страна сметав дека е коректно да се изјаснам зошто заебанцијата ја почнав јас.

    Тоа Михајло ќе обезбеди колективен попуст за у театар комедија. Едно време им беше на репертоар.
     
    На Asistentkа, JollyGirl, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    268.788
    Тоа и го правиме.
    Ама демократија е... право на забелешка имам.
    Не мора да биде прифатена.

    Инаку, знам дека многумина “ги мрзи“ да читаат долги постови.
    Јас топло ви го препорачувам постот на сваќа @Lilit , убаво си е објаснето.
     
    Последна измена: 27 декември 2017
    На buba4e89, Lilit и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Каква трема ме фати кога видов дека @Lilit нѐ анализирала сите номинирани по ред :lol: Па и дека последна, додека да го прочитам целиот реферат :sweat:
    Ме изненади пријатно со позитивните коментари за сите, посебно за мене. Скроз истото ко јас да сум го пишала за тебе, нели и те тагнав во другата тема за форумџики од Гош во многу сличен контекст :) Ама искрено мислев дека јас тебе ништо посебен впечаток не сум ти оставила, не знам зошто :$ :D
    Секоја ти чест и голем респект до тебе :bow: :handshake:
     
    На crazylady, Stephen Amell, kikkki и 7 други им се допаѓа ова.