Тоа веќе би било избор за најомразена форумџика. А баш добра идеја, ми се допаѓа. Мрчатор за 2017. Ова со омилениве, цуци буци патетики, мир во свет е премногу мејнстрим за мој вкус. За овие спротивните избори повеќе би се потрудила.
А кога ќе се знае победникот? Ние од дијаспората треба да си легнеме веќе, а без да знам на кого треба да честитам не си легнувам
Јогурт-какао-греана ракија-уште некој саат и победникот го молам да части фервекс Што убаво вака, кога сите номинирани ти се кул, па кој и да победи, таман ти е
Оди легнувај, утре свекрва ти треба да ја чекаш...Со подочници сакаш да бидеш? Дани ќе победи, ваљда за 8 минути ништо нема да се промени...Секако овие последни гласови се од дупли профили (барем во мое име си кажувам)
Некој мајтап како да тера со нас и гласовиве . Баш да видам дик што ќе каже кога ќе се удри чешелот кој се валидни
Гласав за Annath . Искрено, поима немам која е, ама да биде интересно до крајот Поздрав од дијаспората
Михајло си тера мајтап... Михајло е како Господ...Сите знаеме (мислиме) дека постои, ама никој не го видел. ВицОдПочетокотНаНоватЕра