За прв пат во историја на Фемина Пата пата масовно на цело село Честитки Дани и Ана, сосема заслужено и за двете
@danichap @Annath Честитки иако не гласав за вас од едноставна причина што не сме се начекале на исти теми и не сме размениле ни збор-два. Магична година со 2 нај форумџики,,
Барем не ми е мака ако победеше едната, а другата не. @danichap и @Annath најзаслужено, честитки . Многу се радувам оти сте прекрасни ликови од кои сите треба да учиме. Ана и Дани има што да понудат, што да кажат. Затоа и победија.
Човекот зад профилот на Фемина кажа дека им недоситигал минатогодишиот хумор...Значи главните читаат цело време (ама се прават наудрени). Честитки @danichap и @Annath со здравје да си ја користите наградата....Мило ми е што и еден од моите гласови (за Аннатх ) придонел да се избере форумџика на годината Се дружевме што се дружевме, ајде сега да си се вратиме по собите зашто вака од многу шетање по темиве, може промаја да не фати Се читаме до година кога Дани и Анна ќе ми ја предаваат круната. Повесели, порадосни, помногубројни во Новата г. Амин.
Се смеевте на мајките? Ете ви две заинат . Честитки на победничките. Имаше доста што да се научи деновиве. Особено од нив двете.
Останав будна, делумно од радозналост, делумно деца што кенкаат. Најпрво честитки за @Annath независно од резултатот, за мене лично, целосно ќе беше заслужен победник. Еден од малкуте ликови кои низ сите овие години на форумов успеа да остави не само дел од себе низ секој пишан збор, туку вистина јак печат кај голем дел од форумџиите. Целосно заслужено. Фала на сите што гласаа за мене. Благодарност до Фемина за поклонот и мала молба. Би сакала наредната година, доколку воопшто повторно некој ме пријави за изборот, моето име да биде изоставено од листата. Неколку години веќе се наоѓам на листата и мислам дека беше доволно, посебно после годинешниве интензивни избори. Благодарност уште еднаш на сите кои гласаа, сеедно за мене или Ана.
@danichap честитки уште еднаш, се надевам дека ќе го донираш таблетот во прави раце, ако не се лажам наговести нешто такво. Во секој случај, многу ми е мило за тој гест.
Да. Се надевам ќе донесе насмевка на едно детско лице. Податоците би биле споделени со фемина кога ќе бидам исконтактирана околу истиот.
Ја следев темава цело време,и баш беше интересно. Нема да е комплетен форумов без препукувањата,али годинава не беше толку траги-комично. Можеби дека и двете се интелигентни и прекрасни личности, и стварно ми е мило за наградите. Честитки женски!