Ги молам оние кои пишуваат само за какушки, да не се тешат демек ,, нивните ,, т.е. дека какушките победиле... Да читавте и да ве интересираше и нешто друго на форумов, може и ќе ги приметевте и мислењата на @danichap и @Annath и таму... Честитки од моја страна, заслужено, ма да ја повеќе за Анатх бев, sorry not sorry. Позз.
Дани и Ани - делат 1 место Џој - 2ро Трето хмм Небитно еве ќе родам и јас едно па ќе збориме за гомца .. и ќе имам право на мислење каде што немаат право немајките
Битер, на другата страна ми ги нареди ко шо треба. Јас само по гласови броев членови: Анат - 1, Дани - 2, Џој - 3 .... За онаму...немам поима каква е ситуацијата и какви се правилата.
Честитки до @Annath i @danichap мило ми е и за ДВЕТЕ.Поклоните тука да ги споделите после со нас обожавам да ве читам Фаворит ми беше и @referentka Жал ми е што не победи се надевам наредна година али како и да е те обожавам да те читам секогаш смирена ,позитивна со став и со убави и на место мисли.
@Emy867 , те, гледаш ли оти имало паре? Оскудација, жими сВе @Annath , @danichap , искрени честитки до двете И двете сте долго овде, и двете се едни од најквалитетните што пишуваат, настрана фактот што и двете сте супер мајки и супер жени Уште долго да ве читаме овде, не за друго, да и ја побиете теоријата на @Lilit
@danichap @Annath Честитки жени. На здравје победа оти е апсолутно заслужена. Одамна сакав да прокоментирам за жената по име @Annath таа беше мојот избор во крајниот рок од гласањето. Жена, што умее од буквално се во животот. Може и не умее ама успешно и оди од рака трудот и убавата мисла. Мајчинство, кариера, семејство, брак, универзум и се останато во што се пронаоѓа и е јаката страна. Толку многу помош, подршка, совети, убави зборови и мисли, мудрости ми има упатено и подарено што дефинитивно многумина се среќни што ја имаат за човек а пред се пријател со кого можат да споделат многу нешта освен рандом пријателски муабет. Знаеш да си ми и ќе ми останеш најголем фаворит, повеќе приватно отколку овде. Ама среќна сум што те имам и те запознав овде. Изборот лесен ми беше ама те чував несебично за крај. Продолжи да бидеш своја на своето и да бидеш таа што си оти си голем човек тоа е мојата дефиниција за тебе . Можеби за тебе 5 минути од денот да одвоиш се ништо ама за некого на кого му треба се многу. Ти благодсрам за се. За секогаш што можеш и одделуваш време за да упатиш позитивност насекаде. @danichap честитки. Несомнено и за тебе важи заслужената победа од мнозинството. Мудра жена си и умееш вешто да се носиш со се низ животот, браво. Мојот избор овде падна и за две најпрекрасни девојки @Gosh и @Someonespecial . Од гош учам да се смеам и да влечам позитива и насмевки секогаш кога го отварам форумот. А од самуан учам за начитаност и квалитетни постови полни со разумност, манири. Несомнено заслужно се најдоа и сите останати на листата бидејки вредат секој на свој начин, има да се учи од нив многу. Супер ликови и членови што умеат да се носат со различноста, со дискусии, начитаност и мудрост. Сите сте победници заслужно. Да не бевте немаше да ве пишува погоре на листата.