Честитки @Annath @danichap Излишно би било да напишам било што. Едниставно прекрасни личности. Заслужено и за двете.
Ами темава е за оние кои се на листава. Сите што ги знам од темите поврзани со семејство и домаќинство ги читам редовно и во еден куп други теми. Што се однесува до гласачите, ако толку ви пречи, направете да не може да гласа секој. Нека гласа само оној кој има минимум (одреден број) мислења на минимум (одреден број) категории, теми, поттеми и слично. Вака пак не гледам логика за толку дискусија. Според мене се си е регуларно и победниците заслужено си добија награди. Честитки уште еднаш за Анат и Дани и за сите кои се најдоа на листава како топ тен.
Ајде и официјално честитки до @Annath и @danichap Убаво испадна на крај за првпат со две победнички Анат уште од кога се зачленив ја читам и почитувам, како прекрасен пример за своите деца, интелектуалец, со зрели ставови со кои се согласувам. Титулава си ја заслужувала уште одамна, во првите години од форумот За Дани доволно зборува гестот со наградата, секоја чест Јас сум една од оние на коишто им се омилени теми со филозофирање, реферати, психологии, религија. Тие ми се преференците на форумот и затоа најнајомилени ликови ми се тие што се врткаат таму, и не верувам дека тоа некогаш ќе се промени. Затоа постојат различни вкусови, право на глас и различни најголеми фаворити. Не кријам и не избегнувам тоа да си го кажам, бидејќи знам дека Анат и Дани се зрели и емоционално интелигентни жени што нема погрешно да разберат дека тоа би значело дека не ги почитувам и обожавам. Знам и дека и покрај тоа што се скромни личности, свесни се колку сите овде што пишуваа и спомнаа за ова, заслужено ги почитуваат, како и цел форум Всушност, и повеќе за самата себе ми е огромна чест и не ми се верува дека сум пред вакви генијални умови како овие со најмалку гласови, или воопшто тоа што четврта година по ред сум на едно од овие места наместо некој друг од новите такви освежувања кои не се најдоа тука Ви благодарам многу на сите што сте гласале, и сите што јавно ме спомнавте и тагнавте со убави зборови, секој од вас го почитувам и баш вие мене сте ми пример, без разлика дали помлади или постари Сите останати деветмина од листата, останете си какви што сте Среќни нека ни се празниците!
Честитки до првите. Двете вњ читам, ама една ми беше фаворит и за една гласав. Не кажувам која нели демократија. Битно е прво место
Моментот кога дознав дека администраторот ги читал темиве: А јас мислев дека и тој ја напуштил Македонија.
Честитки и од мене за двете прекрасни дами - @Annath и @danichap - скроз заслужена победа. Особено ми е драго што гледам дека нема правила кој ќе победи - на некои избори тоа се нови, интелигентни членови кои го размрдуваат форумов, а на други, како сега - квалитетни членки кои се долги години присутни на форумов. Не за друго, ова ми дава надеж дека и за мене не е касно, пошто ја више си се рачунам у вториве. Ама ја ќе си почекам да се врати на форумов мојот пи-ар менаџер @Yipman2, откако ќе го избркаат од која и да е комисијата у која го назначиле затоа што си доделил 6 екстра плати. Spoiler
Да не се лажеме ама еднаш мајка раѓа човек ко Бендер...(во позитивна смисла) За жал Бендеров наш си има Бендерка покрај него, и ако ви се пушта по пораки игнорирајте го. (слика од вчера вечер додека ние прославувавме) @x.Daisy.x Да се распрашаме дали Бендер има брат/братучед, па да се надеваме дека ги има истите карактеристики и гени, и на крај да ја врземе работата некако да си имаш дечко ко нашиов Бендер