Како поминува време на форумов имам се повеќе фаворитки,омилени членови...номинирав 3 ама имав повеќе од 23
@Dust Си ја номинирав и си ја гласав одма кога ја видов на списоков ете @Lianna Anna Не ја номинирав,но заслужено го доби мојот глас,оти ја обожавам @joy1 Не те номинирав(дека лани победи),ама те гласав сега,оти те читам цело време
Јас никој не номинирав, не знам како цело време заборавав ми изветреа мозоков. Двајца што уствари сакав да ги номинирам се на списоков и таму отиде мојот глас. Трет не давам, не бев многу активна некако годинава и не се осеќав дарежливо туку така.
Тежок, многу тежок избор. Ни еден од тие кои номинирав не се на листава. Иако не очекував да бидат зошто не се работи за ултра- активни членови, ќе ги чувам вака тајно. Е сега за сегашното гласање, и тоа семи- тајно или јавно да си го кажувам...? Јас уште страни назад се изјавив дека @Bender Rodriguez ми е криво што не го номинирав, иако знаев дека ќе биди на листава зошто ми потфрли меморијата. Така да, таму и замина мојот прв глас. Прво, сакам машки член да победи, бар една година и мислам тој е тој кој треба да биди. Од прв ден кога го забележав, мелез за очи ми се неговите мислења и мило ми е што почесто има квалитетни членови како него кои се појавија во текот на оваа година и тука мислам на @Briar Rose и @Lianna Anna, а се почесто и @Црна Ружа. Ми се нема случено да сретнам ваше мислење и да го скокнам, и жал ми е што не немам можност да гласам за вас сите. Покрај Бендер, вториот мој глас летна кај мразачката на луѓе @Gosh! Знаеш да се вклопиш во секоја ситуација во апсолутно твој стил, без да си изгубиш cool. Тоа патем, е одлично. И мојот последен глас оди, кај претходно споменатата - @Lianna Anna - кога те читам ја имам онаа желба буквално "кога ќе пораснам сакам да бидам како Лиана Ана". Никогаш не гледам најсветла иднина, повеќе сакам да ги анализирам лошите работи, но ти, во ФМЌ најчесто кога идиш, опишуваш една силна жена, силна жена каква што сакам да бидам. Ете од таму ми е тоа дека сакам да пораснам во тебе. За скоро секој член во листата горе имам да кажам по некој (прилично многу) добар збор, и е малку тешко да се избира, ама годинава бидна вака, па в година ќе видиме.
Забавата почнала. Значи, двајца од тројцата што ги номинирав, се на анкетата. Се знае дека повторно ќе гласам за нив, плус уште за еден. Сите што се на анкетата, сметам дека се сосема заслужено таму, вклучувајќи ме и мене. Има и такви кои не се таму, а заслужуваат. Затоа гласајте за мене и догодина ќе договорам со админи да има листа од повеќе феминки. Сега, озбилно. Сакам да им заблагодарам на сите што ме номинираа. Како и на оние кои гласот го дале за мене. Морам да признаам дека сум изненадена што воопшто се најдов на анкетата. Секако позитивно. И апсолутно не за приматот кој по ова ќе следува ниту за наградата. (Иако, нема да ми се слоши од истото ). Ами ми е посебно драго за впечатокот кој сум го оставила кај вас. И ми е сосема доволно тоа што се најдов во потесен избор. Навистина се ова многу ми значи. Малку е да ви кажам благодарам. Моите гласови одат кај @Someonespecial @Lella и @Bender Rodriguez
Се изненадив кога си го видов корисничкото име тука, но ќе си признаам дека ми е навистина мило што сум дел од оваа листа. Од срце ви благодарам на сите што ме номинирале, и што го дале својот глас за мене... форумов ми е едно од омилените виртуелни катчиња запознав доста квалитетни ликови тука, и не мислам да го напуштам во скоро време, иако сум тука од самите почетоци. Моите фаворити за жал, не се најдоа на листава, сепак мислам дека требаше да биде малку подолга. Како и да е, изборот за гласање е тежок... а сепак верувам дека годинава ќе имаме Форумџија
Многу ми беше тешко да номинирам. Ама си го остварив правото Бидејќи периодов се движев по темите за бебе, номинациите ми беа оттаму. Две членки ги има веќе. @Annath со години те читам. Време е @danichap Третиот глас е меѓу @Gosh и @referentka Другите номинирани освен џој и даст искрено не ги читам. Изгледа се разминуваме низ темите. Ама кога ќе имам време ќе зирнам.