Ми фалат гласови. За прв пат годинава сите членови ми се баш фини човечиња, и кој и да победи со здравје да си го користи нештото. Два гласа ми одат за моите номинирани @Someonespecial и @Lianna Anna Е сега за третиот глас се борат 5 души Почесто што ги читам @Gosh @Lella, ноооо исто квалитетни членови што придонесуваат со своето искуство ми се @Annath и @referentka Ноооо тука некаде низ листата како печат во општина ми се фура и @Bender Rodriguez Така да, оставате ме на тешки мисли и маки сум Ќе ме фати и депресија каде и да е. Ќе се затворам сега неколку дена во соба да размислувам... Ова не се поднесува.
Јас си гласав за @Dust @referentka @Someonespecial оти ги има по сите теми, кај и да свртиш, таму се... И фала за номинацијата, и гласовите. Ако победам, ветувам истата саркастична и иронична мразачка на луѓе ќе си останам и наредната година, ич нема да се потрудам да се подобрам... Истото важи и ако не победам. Така дааа, гласајте на ваша одговорност... Кој ќе ги ,, брани ,,, боите и честа на Фемина наредната година, you decide. Poyyy.
Услов при гласање ми беше форумџиите да сум ги среќавала низ повеќе различни теми. @Bender Rodriguez, секогаш културен и толерантен при дискусија, не само забавен за читање, туку и информативен. Гледа добри серии @Someonespecial, навистина посебна девојка која годинава си ја покажа и бунтовната страна. Фина, мила и со одлични ставови. @Gosh, мојот фаворит! Може е мразачка на луѓе ама јас многу ја сакам. Директна но не и некултурна, без влакно на јазик но не и дрска. Опасна девојка со која нема лабаво.
Па ова веќе не излезе така лошо. Оти во номинациите среќавав тролови со дупли профили, кои на листата ги нема. Е сега, форумџика на годината... @Someonespecial беше најактивна и најдружељубива цело ова време, она ни е најпопуларна тука... друг, па не знам кој се истакна, а беше воедно активен цела година, треба да размислам... Освен @Bender Rodriguez да си ја надомести изгубената победа од лани, не ми текнува на +1. Вака, @Lella би била ОК, ама не пишува многу често. @Lianna Anna како да не е тука доволно долго и редовно, или мене така ми се чини. Остана уште @Gosh, која ја гледам секој ден и сите ја знаат. Ама сепак ништо не ми е конечно, правото на гласање ќе го чувам за крај, ќе биде применето ако може да повлијае. Иначе, мои лични фаворити беа @Lella, @Ketchup и @theowndemon (од нив, двајца не се на листа), но сепак се работи за одбележана година, а не за лични преференци.
Ауу се логирам и гледам еден таг, два..три...прекинав да бројам.. си викам каде избила војна Тоа да ме имало на листава Искрено, не очекував. Со оглед на тоа што оваа година се се исподешава..па и модераторството се случи...а со него знаеме што се следи.. Како и да е, ви благодарам на сите што ме номиниравте. Благодарам на сите што ме гласавте и ќе ме гласате.. Следната година со подобри впечатоци Ве гушкам
Не е важно да сме на листата, важно е да се сакаме и мирно да ги следиме изборите. Како што ми гледа и годинава ќе биди тесно.
Џорџ, учеството е можно само за тројца членови кои имаат над 500 мислења. Јас и Лилика немаме толку сеуште. Ама фала ти најмногу, мило ми е што си го читам никот кај тебе, не можам да речам дека не.
На жалост моите фаворити не се мегу избраниве , и ке го прескокнам гласањво . Со срека на избраните кандидати
Не ни видов дека горе има избрани за гласање,ама како и да е шејм он дем што не сте се нашле меѓу нив