Јас го имам користено овој, мене ми го прави меракот. Нормално не вади профи фотографии, ама има супер макро, препознава лица и лесен е за ракување.
Професионални Апарати Ај ако некој сака да ми каже мислам тој што има cannon eos rebel t3i дали сте задоволни ili ako ima nekoj podobar do 300 evra ili 400 (da bide cannon ili nikon)
Професионални Апарати До 300-400 евра ќе најдеш само полупрофесионаен или некој професионален на старо.А ако сакаш некој подобар, минимум 500 евра ќе ти требаат.
Samsung PL20 e oдличен фотоапарат. Нормално, не е како професионалните, но со малку труд се вадат одлични фотографии
Јас купив ист ваков пред две недели,и за таа цена ми е одличен.Ме нервира само што неможеш да сликаш веднаш една по друга слика,туку малку почекаш,но добро скоро сите апарати се така направени,барем овие малите.
Јас имам ваков и супер задоволна сум. Прави убави, бистри слики, а можам и да го користам за “полу-професионални“ слики.
Ми треба малку помош во врска со батериите за апаратот. Тука си најдов за ефтини пари на промоција овој апарат кој е со алкални батерии за што брат ми ме убеди дека е подобро. Е сега, првите две недели имаше батерии во самиот апарат, ама откако тие се потрошија јас купив обични алкални. Новиве цело време ме зафркаваат, се празнат за 3 минути па после вика се полни, па после две слики пак се празни. Не знам дали е до батериите или до апаратот. Бидејќи овие батерии беа прилично ефтини, сега се мислам дали да купам од оние поквалитетните што се со полнач ама тие се поскапи. Некој совет?
Јас го имам овој и сум презадоволна . Има 18.2 Мегапиксели и 10xзум. Многу е мал и лесен за ракување . Има секакви ефекти и опции за да го доловиш фокусот , а останатото да остане замаглено. Сакам да си купам полупрофесионален , но еден другар ме убеди дека не ми треба таков бидејќи се поголеми и јас како што не сум баш многу марлива и спретна , ќе го зафркнам многу бргу. Го купив од Амазон,пред 3 месеца тогаш цената му беше 265 долара. Првиот дигитален апарат ми беше Сони и од негов бев во тоа време задоволна , потоа добив на подарок Никон , но бргу ми се расипа иако јас бев крива за тоа.
чисто исти и бојата му е таква и се!! па може да се каже задоволна сум од него..али професионален си е професионален..
Тајгер, мојот Никон користи четири батерии, па откако му се потрошија тие што одеа заедно со него, купивме 12 батерии ( + два полњачи за по 4 батерии) за да можеме да ги менуваме. Истиот модел на Никон го имаше со литиумска батерија и со 4 АА батерии. Ние ја избравме втората опција како подобра, за кога и да ми се испразнат батериите, да си имам резервни (а не ретко знам да заакам по планинине, па ми се наоѓаат резервните батерии). Купи си поквалитетни rechargeable батерии со полњач и не би требало да имаш проблем.
Сакам да си купам Nikon D3100 но несакам да дадам толку пари без да знам дали има некоја маана, да не ми се расипе брзо или слично. Ке може ли некој кој веке го има тој апарат да ми помогне да ми каже добри и лоши особини на апаратот.
Јас, изродот на земјата, барам Полароид 1000. Знае некој каде да си најдам, или пак да праша по дома во подрум да не му се наоѓа, па да си направиме бизнис??
Општи прашања Јас ја поправав леќата во Видео Дата спроти зоолошка, значи ми се заглави (најверојатно од прашина) и за тоа ми земаа 1200 уште ги жалам. А иначе и јас го имам овој проблем и искрено страв ми е пак да отидам кај нив да прашам колку би ми земале (најверојатно повеќе отколку да си купам нов апарат ) Знам дека они се овластени сервисери за самсунг и уште некои други марки, а исто сервис имаш во зградата на ONE кај железничка, ама од задната страна на зградата (извини ама не ми текнува на името на сервисот) ама од кажувања на други луѓе и тие имаат така некои солени цени