Сакав да ве прашам за мислење, подобри се Сони со Carl Zeiss? Мислење од некој постручен шо се разбира
Да! Едно време низ нашиве продавници не можевме да најдеме Сони апарат со Carl Zeiss леќи, ама ако си начекала таков, јас повеќе би ти ги препорачала тие леќи отколку Сони леќите. Зборувам од лично искуство со двата типа леќи.
Јас имам ваков и задоволна сум. Татко ми ми го купи пред некоја година од Италија, мислам дека чинеше околу 25 евра. 14 мегапиксели е, и добри слики ми вади.
Јас имам Sony и Canon. Незнам точно како се имињата, но сум задоволна. Сакав и да прашам нешто, дали може да се смени маската на фотоапаратот поточно онаа што е од страната кај што е објективот, не кај копчињата? И дали може да се најде во продавница наменета за фотоапарати и слична технологија, полнач за Canon?
Спојлер Имам ваков, Катастрофа е! Воопшто не сум задоволна.. Имавме едни батерии, ама се потрошија, имаше и полнач. И ги полневме сега не фаќаат, и користиме батерии исти од продавница.. Не фаќаат.. воопшто не сум задоволна, дома се празни.. така да не го користиме
Ваака сакам да си купам апарат го гледав овој со овие карактеристики NIKON COOLPIX L-310 BLACK ДИГИТАЛЕН ФОТОАПАРАТ 14.1 МЕГАПИКСЕЛИ / 3 CCD СЕНЗОР ШИРОКОАГОЛНА ЛЕЌА: 25 -525 ММ ОПТИЧКИ ЗУМ : Х21 / NIKKOR ЛЕЌА ДИСПЛЕЈ 7,5 СМ. (3 ИНЧИ) ИНТЕРНА МЕМОРИЈА 102 МВ / СЛОТ ЗА SD/SDHC/SDXC КАПАЦИТЕТ - АЛКАЛНИ БАТЕРИИ : 420 СНИМКИ Дали некој сто се разбира или го користел може да ми прати слики какви вади и како е задоволен ?
Јас имам ваков и првата година бев презадоволна,но еве вторава година ми се расипа едно копче(кога стискам десно тоа работи како да сум стиснала горе).И поради тоа можам да сликам само обично и црно бело.
Јас направив целосен review за овој фотоапарат во оваа тема. Ама бидејќи сликите ги прикачив на мислењето, еве линк за да можеш да ги видиш Линк Едит: Сега забележав дека не е истиот фотоапарт, мојот е L120. Ама квалитетот на фотографиите е ист, бидејќи исти перформанси имаат. Дури и на овој што ти си го постирала би можеле да бидат подобри И разликата е во батериите.
Фала ти за мислењето сепак по посот другиот ден го купив презадоловлна сум со истиот си купив и картичка од 8 гб и батерии што се полнат( иако веке 5 6 дена ги користаам литиумските што одеа со него и има уште сликање во нив )и да топло го препорачувам одлични слики вади
Да прашам нешто имам направено една слика на фотоскејп и сега ако ја ставам на усб и ја однесам да ми ја извдадат дали може како оргинална слика да излезе или?
Ќе излезе таква каква што си ја направила во Фото скејп. Ако сакаш оригинална,однеси ја оригиналната.