Ние имавме апрат но ни се расипа,и сега дека не сме имале некоја голема потреба од апарат не сме си купиле,и се помалце ние тоа во план бидејќи сега има телефони со добра камера,па ни се како замена за апарат. Инаку би сакала профисионален апарат,но за тоа има сеуште време, ке почекам
Нема подобар апарат од Canon. Одлична резолуција, зум, боја, функции, ефекти, снимка, а да не зборам колку пати ми има паднато од 5 метра па не му е ништ.
Јас планирам во најскоро време да си го земам Sony Cyber-shot Digital Camera H200 не се многу разбирам во апаратите но сакам нешто како професионален апарат..па дајте некои совети за овој апарат пред да го купам би сакала да знам некое искуство фала однапред еве го хх еве нешто повеќе за него: http://store.sony.com/webapp/wcs/stores ... onalImage1 ајде итно ми требаат советии!
Не ми е погодена темата ама мислам дека највеќе одговара за моето прашање. Оние полначите за батерии, знаете за кои зборувам. Во нив можат да се полнат било какви батерии или? А и успат да не го има некој овој апарат да ми каже нешто повеќе.
Можеби не е погодно прашањето за оваа тема.Имам канон А490.Многу е добар и убави слики вади.Но има еден проблем.Таму батериите кај што се ставаат има капаче и не се затвара убаво.Нез што е проблемот ај ако знае некој дали би го направиле ако го носам на поправка.
Конечно имам свој апарат http://www.dpreview.com/reviews/Canoneo ... ntview.jpg И презадоволна сум од него
Имам nikon coolpix s220 и навистина е добар и функционален или беше. Пред неколку недели на екранот се појави lens error а објективот постојано се вовлекува и испакнува. Сите други опции се во ред, можам да отворам мени да ги разгледувам сликите и видеата. Ете го проблемот. http://www.youtube.com/watch?v=mEkZxdRwX_8 Знам дека менувањето на леќа може да чини колку нов апарат, но се надевам дека може да се поправи некако без да има потреба од нова. Било каква помош е добредојдена.
Имав ваков, пишав задоволна сум од сликите, ама со батериите беше проблемот. Брзо се трошеја, сега воопшто не работи, не го користам. Моментално со телефон сликам, а сега планирам да си купам нов апарат