Лани одев на курс за фотографирање имам nikon l 28 не е кознае што ама врши работа а сакам да си земам Nikon D 3000 моментално во нептун е 22.999 ден.
Ме интересира каде можам да најдам стар аналоген апарат, пр.Yashica TL Electro или било што друго што е функционално и може да се фотографира со него?
Имам желба за полароид, и тоа голема. Знае ли некој каде да најдам, цена, одржување? Инаку, имам Самсонг Галакси камера и задоволна сум.
треба да си купам професионален апарат, но не се многу разбирам во апарати, па барам мислење според вас што е подобро да земам canon или nikon ?
Јас собирав пари и оваа година во февруари си го купив Nikon D3100, бидејќи многу сакам да сликам, да се сликам и ми беше едноставно преголема желба да го имам. Кошташе околу 300 евра, ама ненормално добри слики вади! Одличен е до сега и си го обожавам .
Девојки ај да ве замолам за малку помош. Имам Nikon CoolPix апарат од кој сум презадоволна. Е сега проблемот е што при затварање тоа квадратчето ми се кочи и не можам да сфатам од што. Фотографиите што се прават се супер, се си е на место само ова затварањево кое ужасно ме нервира а дополнително не сакам нешто да му предизвика на апаратот. Бидејќи не ми е купен тука нема гаранција, ама дали знаете каде има сервис за Никон и дали воопшто може да се поправи??
Феминки закам да си земам професионален фотоапарат ама неможам да се одлучам Имате некој препораки, искуства сугестии? Пишете лп ако може Ви благодарам
Сакам да си купам ваков апарат fujifilm instax mini 8 . Има ли некаде ваков во Македонија ? http://www.savers.pk/media/wysiwyg/fuji ... camera.jpg
Гледам темава не е баш активна,ама сепак е соодветна. Сакам да си купам полупрофесионален апарат. Имам двајца другари кои се занимаваат со тоа и се разбираат и ми рекоа да не земам Nikon туку Canon затоа што Nikon-от не бил добар како марка. Некој кој има,да ми каже дали е вистина,и да ми препорача некој?
Искрено да ти кажам јас за Canon сум ама за обичен а професионален полупрофесионален сите викаат дека Nikon-от се подобри е сега нормално зависи и од моделот ама сепак за професионален мислам дека е подобар Nikon. И некако Nikon-от е поевтин. Јас кога се распрашував бидејки јас сакам професионален да си земам за Canon-от ми лупнаа цена... а сите што ги прашав се жалат од квалитетот на Canon професионалните апарати.
Цурееее сакам да си земам професионален апарат? И на овој му го фрлив меракот - Никон д5100 ама се мислам и помеѓу овој - Никон д3200 Некако сум повеќе за првиот Ќе ве молам за совет
Незнам дали ми е прашањето за тука,најверојатно е ако не е нека биде преместено мислењето. Сакам да прашам дали некој знае како може да си ги ставам сликите од апарат во компјутер,немав никаков проблем и сега од пред некое време има некаков проблем.. кога ќе отворам во my computer,нели removable disk и ми пишува дека фолдерот е празен,пробав и само со картичката не сака ни така. Знае некој за што се работи,што треба да направам ?