@IronLady, Абракадабра е во право. Ги гледав рецензиите за апаративе на интернет и убедливо најдобри опции и најдобри рецензии има за Канонот. Мислам дека нема да згрешиш ако го земеш. Единствено што мене ме одбива од овој апарат е што има литиумска батерија, а не неколку (3-4) алкални кои можеш да ги менуваш, да речеме, на сред фотографирање. Како и да е, премногу квалитетни опции има и е значително подобар од другиве два.
Лејди, јас не напишав дека е Канонот подобар од Никонот и Сонито - да не се разбереме погрешно. Ајронка сама треба да си провери што и одговара.
Абракадабра, муабетот ми беше, во право си за Канонот во однос на овие другиве два, без оглед на се'. Нормално дека нема да ја принудам да го земе пошто јас мислам дека е подобар од другиве 2, туку сама ќе си одлучи. @IronLady, еве ти споредба на сите 3 апарати, па види што ти се допаѓа, а што не (дадено е се' можно) и одлучи си се. http://www.dpreview.com/products/co...&products=canon_sx410is&products=nikon_cpl840
Јас колку што видов од корисниците, некако од Сони се најзадоволни. Тука сепак нијансите повеќе одлучуваат, за кои Ајронка треба да се реши. Лично јас, не сум љубител на толкави зумови во компаткни апарати.
@IronLady јас сум Никон човек, скоро четири години користам апарат од истата линија како овој што си го постирала, така што малку ќе бидам пристрасна во препораките Прво еден совет, нека не ти бидат пресудни мегапикселите, зашто гледам дека многу луѓе според тоа се одлучуваат каков апарат да купат - колку повеќе мегапиксели, толку подобар апарат. Што не мора да значи. Во случајов, 16 мегапиксели ти се сосема доволни. Освен ако не планираш да принташ билборди Второ, ми се допаѓа сензорот кај Никонот, јас сум повеќе за CMOS, отколку за CCD каков што имаат Канонот и Сонито. Колку што гледам овде кај компарациите, Сонито нема дигитален зум. Секако дека оптичкиот е повеќе важен, знам дека многу луѓе не го ни користат дигиталниот, ама јас месечината на пример не можам да замислам да ја сликам без дигиталниот Може некој ќе ти рече дека таквиот зум за ништо нема да ти користи зашто сликите ќе испаѓаат матни, ама јас имам еден куп фотографии кои се чисти, а се сликани со максимален зум. И последно - јас сум повеќе за апарати на кои можеш да им ги смениш батериите. Никонот ми беше прв таков апарат и морам да кажам дека не ми правеше мерак - кој ќе бара сега батерии, морам минимум 8 да земам, па ајде и полњач, па треба сите редовно да ги полнам за да не се расипат... Ама еве сега само такви препорачувам. Има квалитетни rechargeable батерии, ќе си купиш и полњач и така можеш да тераш со години. Јас не се сеќавам кога ги имам купено овие батерии што ги користам сега. Замисли одиш на крстарење, цел ден сликаш, сликаш, сликаш и оп! Battery low! Стварно не знам што ќе сум правела во тие ситуации да сум ги немала резервните батерии. Во однос на овие три апарати - јас би го исфрлила Сонито од игра. Нека биде изборот меѓу Канонот и Никонот. И двата се добри, можеш да прочиташ рецензии на интернет, па така полесно да одлучиш. Зашто едно е да читаш технички каков е, а друго е да прочиташ искуства од луѓе кои веќе ги користат и ќе ти ги кажат сите мани и предности
@Abrakadabra @Lady Phoenix @AnaKarenina Ви благодарам на вашите предлози ^-) Деновиве ќе седнам да одлучам, но прво ќе ги разгледам коментарите околу Никон и Канон. Сонито е исфрлено од игра Ќе ги видам рецензиите за овие два апарата, уште еднаш и перформансите ќе ги видам и ќе одлучам. Не ми се толку мп битни, отколку добро да сликува, да има добра резолуција. Како и да е, ви благодарам
Девојки, во блиска иднина планирам да си земам професионален апарат. Што мислите за Nikon d3100,сте имале ли некоја од вас ваков,добар ли е?какви функции има? и ако може да ми кажете колку пари чини од прилика. фала многу
Zdravo, dali ima nekoj sto prodava fujifilm instax mini8 ili nekoj drug model polaroid koj sto raboti so istiot film?
Девојки сакаме да купиме апарат, за домашна употреба. Значи бебе, прошетки, родендени. Јас сум да потрошиме до кај 15 000 , а мм инсистира за апарат од 30 000. Мислите ли дека за 15 000 ќе најдам прифатлив. Кажете ми на кој параметри да пазам. Односно што да има апаратот од опции? Скроз сум на непознато поле.
@irena.1 џабе ќе потрошите толку пари на апарат ако не знаете како да го користите. DSLR фотоапаратите знаат да бидат многу комплицирани за почетници, до душа, ако сакаш да фотографираш, сè може да се научи. Ова ме потсети на една моја помала братучетка што кога почна да слика со еден ваков Никон, ми се жалеше: Абе не знам како да ги пуштам сликите за да ги гледам, на дисплејот ми покажува само бројки, букви и некакви си испрекинати линии. Сето тоа се опции на апаратот, ако не знаеш што е ISO (на пример), нема да ти значи дали е 100 или 1600. Пример само ти давам. Ако сакате да вложите во поквалитетен апарат, за таа цена што ја кажа ти, може да си земете полупрофесионален. По нашиве продавници имаме и Никон и Канон, и двата се добри, а за 15000 ќе најдете солиден апарат. Ѕирни погоре во препораките што ги напишавме за IronLady, можеби тие ќе ти помогнат полесно да се одлучиш. Тие апарати се солидни, полесни се за ракување и мислам дека ќе ви завршат работа за она за што ви треба. Сепак, пак ќе кажам, ако имате желба за фотографирање, можете слободно да си купите некој професионален апарат, сè се учи. На крај краева има туторијали на интернет, каде сè е објаснето. Само да имате желба
Баш така. Скроз ми се поклопува мислењето со твоето. Супер толку скап профи апарат, ама ако не го ползуваш со цел капацитет џабе парите. Имам желба и те како да научам, ама со бебе и обврски немам шанси да седнам на компјутер и да истраѓувам, а си треба. Инаку првиот дигитален обичен што го купив беше 400 евра, прв пат кога излегоа, еден од најскапите тоагаш и душата му ја извдив, ама по цели денови со него бев. Сега шанси нема. Ќе ти биде ли тешко да ми појасниш некои работи. Мислам ако имаш време. Значи што е ISO. Разлика на сензор CMOS I CCD. За каква батерија и јас сум во недоумница. Обичните што се полнат се супер од гледна точка да имаш резерва со тебе. Ама па смачено ми е само полнам батерии. И некако имам впечаток дека се понеквалитетни се. И поскапи и поевтини сум купувала и не ми траат како да речам пред десетина години кога ќе купев батерии се заборавав по колку пати сум ги полнела. И одберам некој модел, ќе сакаш ли да го погледнеш.
@irena.1 ISO е осетливост на сензорот. На фотоапаратот кај ISO опцијата можеш рачно да наместиш со колку да слика, обично е од 100 до 1600/2000 (а на некои апарати и повеќе). Колку помалку светлина има, толку поголем ISO ќе користиш. Разликата меѓу CMOS и CCD сензорите е во тоа на кој принцип ја „креираат“ сликата. Или за наједноставно да ти објаснам - CCD сензорите ја прават целата фотографија наеднаш, а CMOS сензорите тоа го прават пиксел по пиксел. Во однос на тоа кој сензор е подобар, мислењата се поделени. CMOS сензорите се излезени по CCD, па затоа многумина мислат дека сè уште не се доволно усовршени. Можеби на почетокот биле лоши, ама поновите CMOS сензори се многу подобрени и во многу случаи се покажале како поквалитетни од другиве. Освен тоа, трошат многу помалку батерија од CCD сензорите. Што се однесува до батериите, овие што сега ги користам ми се купени од странство, па можеби затоа се покажаа како доста квалитетни и долготрајни. Макар што, имам и еден комплет од пазар купени што ептен ми се погодија и уште ги користам. Ама те разбирам што сакаш да кажеш, зафрканција е постојано да ги пазиш батериите, да ги полниш сите, а сигурно ќе си купиш барем два комплети за да ги менуваш. Е сега, зависи и дали воопшто ќе имаш можност да одбереш апарат со литиумска батерија, зашто по нашиве продавници некогаш нема такви модели за да избереш. Јас на пример кога го купував мојот, немаше таков модел, па морав да земам со батерии што се менуваат. Разгледајте, па и прошетајте низ продавници ако имате време, распрашајте се и видете какви модели имаат. Можеби некој продавач ќе ви помогне во изборот.
Сакам да купам професионален фотоапарат но немам доволно финансии. До некаде се одлучив да земам половен. Што мислите за половен фотоапарат? Првично сакам никон. Зависно од моделот која цена би била прифатлива? Ако имате и знаете некој кој продава споделете. Почетник-аматер сум но доста добро се снаоѓам со професионални апарати. До пред некое време користев полупрофесионален.
Мое мислење во врска со ова што си го пишала е да не купуваш професионален апарат, зашто ако за него немаш финансии, тогаш ќе немаш финансии ниту за да си купуваш леќи. Во прво време можеби ќе се задоволиш со леќите што ги имаш, ама после тоа амбициите растат, заедно со нив и желбите и ќе се фрустрираш што не можеш да си дозволиш разно-разни леќи. Ама тоа е само мое мислење, не мора да сум во право. Инаку, сум забележала дека на Пазар 3 се продаваат, ама не сум баш сигурна за купување вакво нешто на старо. Нека се јави некој поискусен.
@AnaKarenina @Lady Phoenix сакам да купам апарат со кој ќе можам да правам фини фотографии за на блогот. Што би ми предложиле?
Nikon CoolPix L340 ~ 9500 ден., просечен е Nikon CoolPix L840 ~ 11500 ден., имаш одличен зум од 38х, добри слики вади, мислам дека Ајронка има некој сличен на овој. Немаш мануелен мод, ако тоа ти значи. Fuji FinePix S9800 ~ 16000 ден., 50х оптички зум, полупрофесионален, имаш мануелен мод при кој можеш да подесуваш сама параметри. Одличен квалитет на слики. Позитивното е што и овој и претходниот работат на алкални батерии и не мора да се замараш за тоа кога ќе ти цркне литиумска батерија. Јас имам искуство со Фуџи, додуша мојот е S8600 и чинеше околу 10000-11000. Задоволна сум многу. Сите модови ги користам, иако има некои што повеќе ги форсирам. И со мануелниот мод експериментирам и добри слики излегуваат. Си купив rechargeable батерии за апаратот, ми траат доста долго, во просек 300 слики правам пред да се испразнат скроз. Зумот е супер. Имаш макро и супер-макро опција за од блиску. Од мое искуство нема да згрешиш со Фуџи. Можеш на Јутјуб да ѕирнеш некое видео ако се доведеш во ситуација да се двоумиш. Ана нека каже од нејзина перспектива. Канон имаше, ако не ме лаже памтењево.
Хоби ми е,а можеби и идна професија.Имам Nikon D5200,супер е,го купив околу 42 илјади ден,пред 2 години.