@marama Јас Никон имам, презадоволна сум од него, еве четири години наполни Во темава напишав еден review за апаратот уште тогаш, ќе оставам линк овде за да го ѕирнеш. Некои од сликите се изгубиле, не се гледаат, ама еве ориентационо - 99% од сликите што сум ги поставила на форумов, се направени со тој апарат. Значи што и да си видела од мене, да знаеш дека со тој апарат се направени фотографиите Убави предлози ти даде @Lady Phoenix, во глобала таквите полупрофесионални апарати се разликуваат за нијанса, така што нема да згрешиш што и да одбереш. Некои мали детали се различни, инаку тоа е тоа. Ако се одлучиш за некој ваков, ќе те чини и помалку од 250 евра. Прочитај ги и советите за IronLady што ги пишувавме претходно во темава, може тие ќе ти помогнат полесно да се одлучиш
@marama jа го имам Nikon Coolpix L840 Једина замерка е што нема мануелен мод, али неам ни потреба од тоа зошто другите опции ми се доволни. Исто е на алкални батерии, што е 1000 пати подобро од апаратите со литиумска батерија, исто и убави слики и бои ваѓа. Имаш ауто мод, не е мануелен, ама колку толку можеш да си местиш ISO и слично. Исто имаш и други опции.
Фала, нема многу искуства.. но колку толку прочитав.. сепак сум за канон или никон, а каков ке се одлучиме во продавница Сакам фотоапарат што ке вади убава слика, а и што ке фаќа чиста слика на дете што мрда
Подобрите камери имаат опција за правење фотки во движење чинам, а инаку не врзано за претходните коментари, туку општо сакам да кажам дека мислам да ако некој и има најдобрата камера што постои ако не знае да ја користи џабе му е. Многу е и до "сликарот" не само до камерата. На темава... лани јас зедов канон sx 600. За таа цена тогаш можев и некоја полупрофесионална да земам ама јас сакав покомпактна, демек кај уште да носам и толкав апарат со сите други работи за деца, ама сега веќе пројавувам желба и за некоја таква полупрофесионална ( да не е изгор скапа де)
Еве ви еден одличен фото апарат,само една мана е што работи со АА батерии. http://www.anhoch.com/product/15743/dig-camera-nikon-coolpix-b500-black иначе апаратот прави стварно добри фотки,и има одличен долг зум.
Што мислите за овие два, кој е боље.. гледам едниот има повеќе мегапиксели и iso од 100-12.800 се мести, па ваљда тој е подобар. Можам макс до 30.000 да дадам, повеќе не и затоа овие два ги разгледувам https://www.neptun.mk/index.php?route=product/compare не се разбирам којзнае колку, ама ке се научам..
оф мислев дека ке ги даде така со споредба... https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=27_103_167&product_id=218809 https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=27_103_167&product_id=213233
Јас го имам меѓу другите и Никон D3200, еден модел постар од Nikon д3300. Од Canon имам full frame EOS 5 Mark III кој е веќе сосема друга категорија. Не се врзувам за марки. И натаму останувам на ставот дека фотографијата ја прави фотографот а не апаратот. Лично се имам уверено луѓе професионалци во Италија кои со д3200 прават перфектни фотографии. Па ако мене ме прашуваш ако би бирал евтин(ова да не се сфати погрешно но никон д3300 се меѓу најевтините ДСЛР, во споредба со други кои чинат ѓаволски скапо особено за хоби корисници)јас би го земал Nikon D3300 18-55мм Ако ви е за портрети или сликање Short photo уште од старт ќе треба да си земете и објектив по можност фиксен, а кит односно фабричкиот објектив да се извади бидејќи и нема некоја корист голема од него. Со среќа и доколку земеш доопрва ќе имаш многу многу за истражување. Али на крајот резултатот и те како се исплати. Од ова може и добро да се заработи ако навлезеш во оваа проблематика. На запад е проверено, кај нас навистина незнам. Се е наопаку овде. Или ќе заработи човек или ќе му го дигнат Луѓе во Италија со кои имам разговарано по професија биле доктори, членови во високите политички партии, директори на сектор во позната италијанска фирма,и сите тие напуштиле работа и огромна плата за да работат со фотографија. Веројатно заработката со еден апарат и неколку објективи е поголема отколку да се биде доктор или во партија. Јас едно време имав мерак за фотографии на далечина па на враќање во мк го начекав канонот со објектив од 350мм. Имаше релативно добра цена и го земав. Кај тебе верувам дека е за short фотографии и би ти го препорачал никонот и обавезно додатен објектив и леќа Ова е апаратот кој јас го користев до неодамна и фатен е во истиот момент авион кој го баравме добри 50-60 секунди бидејќи од долу воопшто и не се гледаше. По звукот разбравме дека има авион и тргнавме по потера на небото.Зум на 300мм и Ете го авионот на wizz air да бил. Сликава оди уште поблиску но при ставање се губи на квалитетот. Кај оригиналот слика со зум е уште поблиску до таму што се гледа и црна боја од некоја гребнатина. Се надевам дека се било во ред со авинот тогаш
Фала ти на одговорот, се осеќам како да те измачив Инаку сега за сега ми е за домашна фотографија, фотографирање на палаво детенце, фотографирање на одмори, плажи, зимување, да го сликам малиов и мм како скија.. сакам убави фотографии за спомени. А воедно занимација за мене, бидејки не работам па сакам да фотографирам... На малово му правев минатата година фотосесија дома сама, со фотоапарат од братучедка канон ама објективот зафркаваше и мало мрднување на малово се заматуваше... Сакам домашни фотосесии да му правам, па здравје и на наредно детенце.. ако ми тргне може и да сликам други па и да заработувам од тоа Фала уште еднаш за одговорот, јас сум за Никон, неделава би го имала паа ке ставам една слика тука, прва аматерска
Нема зашто, Нека бидат само здрави и живи. Претпоставував дека ќе биде за такви фотографии портрети. Никонот е одличен избор. Само препорака уште од почеток или во најскоро време да се смени фабричкиот кит-објектив со помал објектив 50 или 35 со кој значајно ќе се намали и големината и тежината и ќе се вадат поубави слики бидејќи намената им е токму за такви фотографии. Едно време најдобра беше Сигма и чинеше околу 7000 денари. Сега незнам како е но неверувам да има промени. Провери си кај нас дали би имала можност да го земеш само телото за поевтина цена па дел од парите да си инвестираш во објектив за блиски слики како сигмата,а и Во Грција и особено Италија Никонот може да се купи и само телото без објектив нормално со пониска цена па потоа ти да си одбереш каков објектив сакаш. Дали сигма објектив за блиски фотографии или пак со поголеми 18-105, 200мм, 300мм во зависност од потребите. Уште еднаш со среќа нека е !
Јас го имам овој апарат ама не сум задоволна од фотографиите, претпоставувам дека и недоволно ги имам проучено перформансите. Посебно не сум задоволна од фотографиите ноќе. Апарат Canon SX150 Веќе некое време гледам DSLR апарати и во недоумица сум дали да купам. Конкретно овој. Ваше мислење дали вреди да инвестирам во нов апарат или да седнам убаво да го проучам овој што го имам? @mariz го зема ли апаратот?
Нема споредба дигиталецов Canon Sx 150,со професионалниов никон д3300.Немој да се залажувате на ефтини апарати кој имаат 24х зум или 50х зум и готово јако сликаат,во апаратите играат улога многу фактори. Ти препорачувам да го земеш никонот дека нема да згрешиш и дека навечер ке имаш топ слики,се разбира ако знаеш да ракуваш со исото ,затоа што не е работата само да сликнеш и готово имаш топ слика,сепак треба да знаеш да го поседиш сетингот на апаратот,затоа треба проучување и чепкање.