И јас бев залетана едно време по тие професионалните, и јас ќе бев фотограф, ама секое чудо за три дена-па и тоа ми помина. Си купив Никон Кулпикс, 16 мегапиксели, а најбитен момент беше да е розев. Ништо не ми фали дека немам некој професионален од 500евра и овој прави супер фотки. Работата е во талентот и колку ти фаќа окцето...
Јас сакамд а си купам Sony DSC TX10 Cuber shot али немам видено каде го има? Во АМЦ го немаат каде да видам и колку пари е? Ако некој знае нека ми каже.
Моментално имам HP Photosmart M547 a огромна желба ми е да имам ваков Одсекогаш сум го сакала фотографирањето. Некои од моите фотографии можете да ги погледнете во темата Вашите "професионални" лични фотографии.
Самсунг некој имам, розев и работа врши. професионален многу сакам да имам, обично идам кај другарки и со нивните се сликам Наредно нешто што ќе купам е професионален.
Обожавам да фотографирам,тоа е и моето хоби,имам еден фотоапарат Канон исто така имав и водоотпорен еден само што тој веќе цркна..незнам што му е одамна е забатален во фиоката ме мрзе и да го однесам нешто на мајстор или да го видам.
И мене ми помина желбата за некој професионален со објективи некои и триста чуда. И овој сега што го имам прави одлични слики. Ако станувам некогаш фотограф ( ) може некој подобар. Засега овој ми е супер.
За роденден добив fujifilm s2950 и сум презадоволна. Полупрофесионален е и како за почеток е одличен.
На листата е веќе ставен Собрани пари до пола и сега чекам некоја паричка да капне и јас да се порадувам малку Мислам дека е најдобар апарат за непрофесионалци, кои имаат пасија кој добра фотографија
јас лично го користам овој апрат Nikon D3100, апаратот е погоден за аматери-почетници. Ако сте почетници ви го препорачувам токму овој модел. Доколку ве ве интересира нешто + слободно прашајте. Тука сум за вас
Би ви била многу благодарна ако ме советувате за фотоапарат до 5000 денари (марка, место за купување во Ск..) Конечно и јас ќе си купам, знам дека за 5000 денари не може да си купи кој знае што, ама сепак...
Кога го купив апаратот значит бев заразена за него нонстоп се сликав правев фотки сега ептен ретко се сликам иначе имам апарат Olympus
И јас сакам некое апаратче до 5,000... Со 14 мегапиксели да е и по можност 4х зум. Да ми препорачате некое добро вакво?!
O, да! Jас не ви се пофалив пред неколку дена си купив Cаnon EOS 600D конечно Aли слики неможам да ставам бидејќи мојот лаптоп се расипа па чекам да ми го направат..