@M-14, за 200 евра можеш да земеш добар полупрофесионален апарат. Види што избор има, што ти одговара и прикачи тука за да те советуваме.
Имам јас телефон со една од најдобрите камери, но сакам апарат со добра камера. Ете од Нептун гледав апарати. Кој би ми го препорачал ти околу таа цена? Не мора да е од Нептун конкретно...
Дечки ми треба фотоапарат за видеа. Се мислам меѓу Nicon d5300 и Canon eos 760. Со цена во моментов ми се тука некаде, а и буџетот е до 40000 ден. Секој предлог би бил добредојден.
Топло ти го препорачвам Никон Ј5- го користам веќе 2 години и презадоволна сум. Подобри малку перформанси имаш на Сони а6000 и а6300. Или пак Сони а6500 со 4к опција до 30фпс. Следен би ми бил а6500
Канон вади одлични снимки. Сум снимала со Никон и не беа убави снимките. Дефинитивно 760D за тој буџет, но земи го во обзир и 750D. На ист датум се искочени, само што 760D има слична одлика на 70D (LCD e одозгора). 750D e 200 евра поефтин, па можеш да вложиш повеќе во добар објектив.
Што мислите за овој дали е добар и дали вреди за тие пари?https://www.neptun.mk/categories/DSLR_APARATI/SONY-ILCE-5100-LB
Супер е Sony,али сепак јас кога би зимал би идел на ова https://www.neptun.mk/categories/DSLR_APARATI/CANON-EOS-4000D-BK-18-55- башка и попустот е профи
Несум многу по апаративе сепак денешниве телефони за нашите потреби имаат доволно добри камери ама сепак одсекогаш посакувам да имам професионален апарат многу ми се се допајѓа Nikon p900 знам дека вејке е доста стар ама мене ми се свиѓа
Во нептун никон д3400 е доста намален. Кој не го мрзи може малку повеќе инфо околу перформансите?? Сакам да купам па да вежбам фотографија
Скоро сите стартер DSLR-ки ти се од 350 евра нагоре. Ако сакаш да штедиш на опрема, во моментот попрепорачливо е да земеш од Канон марката - леќите и цела додатна опрема понатака како ќе планираш да инвестираш е поевтина од онаа на Никон, а да не зборам за Сони и останатите кои се далеку поскапи. Ако планираш на старо да зимаш тоа ти е мачка у вреќа, и тука имаш голем ризик да добиеш расипан фотоапарат. По мене, second hand опрема се зима подоцна кога ќе бидеш повеќе навлезен во фотографијата како и добро ќе ја следиш фотоберзата кај нас. Имаш 2 атикла во Пикс плус првиот канон малку поинфериорен од Никонот како и по цена така и по перформанси. Но кога станува збор за ДСЛР секогаш имаш можност да се надоградуваш понатака. Ако ти е за една леќа да користиш, тогаш подобро земи некој појак Point and shoot.
Може и до 450/460 €. Кој ми препорачуваш од овие Canon? Да, би сакал понатака да ја мењам леќата. Иначе го гледав и овој во Нептун. https://neptun.mk/categories/DSLR_APARATI/CANON-EOS-M3-BK-M15-45IS Компарација овој и тие што ми ги предложи од страната?
Ова е mirrorless, не е ДСЛР. Тоа е нешто као хибрид меѓу P&S со сензор ист како DSLR. Овие се иднината на оноа што понатака би еволуирало, но за жал се уште во зачеток и ќе треба години и години да поминат за да DSLRот го надминат и во економичност (леќите за овие се поскапи + ретко се наоѓаат) како и застапеност на пазарот. Ако наидеш некаде на Канон 1300D или неговиот братучед Никон D3300/3400 овие два модела би ти ги препорачал. Слични се по перформанси, а имаат долг распон на понатамошно еволуирање. Цената им е тука 440-50 евра, со кит леќа 18-55 мм која ти е доволна за почеток, оти е мултифункционална. Сеа гледам моментално ги нема во пиксплус но сигурно се наоѓаат во Нептун, Сетек или Техномаркет.
Да, тоа се стартер серија (кај канонот 1000 па натаму, кај никонот 3000 па натаму) Помеѓу гореспоменатите Канон 1300D и Никон D3300 нема некоја огромна разлика. И двата имаат ист сензор, и двата се со ист кит објектив 18-55мм. Разликата е во тоа што на Канон додатната опрема понатаму ќе ти биде за некоја иљадарка поевтина, за сметка на тоа, никонот има малку побрз процесор, па оттаму и сликите се за нијанса поостри. Ама оти се работи за ист сензор на телото, разликата е минорна. Затоа повеќе би одел на Канонот, ако планираш да останеш подолго време со истото тело, а да додаваш објективи. Сеа гледам дека пристигнал Никонот D3500 во нептун за 24 000 со happy картичката што по мене е добар пазар. Истото важи и за Канон D2000. Обично тие се поскапи пошо се понови. Кога го зедов мојот пред 5 години, веќе беше стигнат, и ја имаше таа цена. Оној канонот 4000D е инфериорен од другиве, највеќе заради големината на дисплејот што е по мене битен недостаток.
Провери ги дечкиве. Најевтини цени можеш да најдеш преку нив. https://www.pazar3.mk/Оглас/Се-продава/Скопjе/Скопје/ЕЛЕКТРОНИКА/ТВ-Фотографија-ДВД-Сателитска/Фотоапарати-и-додатоци/Novi-DSLR-aparati-NIkon-Sony-i-GoPro-Ekstra-ceni/3164823 Јас од нив земам кога ми требаат работи. Прават некоја си размена и ти ги даваат поевтино. Се даваат ново во кутија со гаранција. Од нив земав прво никон D3500 и обејктив а потоа земав и лаптоп. Си нарачуваш ти што сакаш и секогаш испаѓа доста поевтино. Лаптопот знам 100 евра ми испадна поевтино. Се исплати доста. Пишуваш на вибер и ти враќаат цена. Ако ти треба бројче од вибер пиши ми порака ќе ти пуштам