Добар избор си направил. Ма да јас би идела со Никон Д3500 ... сега имам Д3400 а имав прилика да фоткам со 3500 и ме бендиса.. Ма да мојата батерија држи повеќе од таа на канонот 2000д а тоа мене ми е мн важно Исто и со видеото.. боље е Никонот.. Ма да не е се во телото. Битно е и каков бјектив ќе купиш понатаму. Со здравје да си го служиш и да закачиш некоја фотка
Си избрзал малку. Можеше поевтино да поминеш али добро. Како и да е убав апарат си земал. Со среќа да го користиш. Пиши ми порака. Ќе ти пуштам туторијали од youтube ако си почетник
Здраво Сакам да си купам апарат но не сум сигурна кој.. Во нептун сега на попуст видов нешто. Сакам да вади убави професионални слики (колку е можно). CANON EOS 2000D, CANON EOS 4000D, CANON EOS 1300D, NIKON D3500?
Некој што повеќе се разбира да ми каже мислење за canon 800d, дали се исплаќа за парите 35-38.000ден се движи кај нас
Толку е? Зашто јас имам 750д и скоро 60 беше. Инаку се исплати како да не се исплати. Слики топ вадат!
Дали некој има Canon SX130is. Расипан или на старо. Ми треба за дел (капачето што ги затвора батериите).
Дечки ај некој што се разбира, имам апарат canon 600 D, за слики е супер ама мене ми треба за снимање, се е одлично, снимката е чиста ама снима неколку минути и се гаси изгледа батериите се стари.Каде има батерии и колку чинат отприлика ? Исто така имам и картица од 16 MG ама со 10 минути снимање ми вика дека е полна.Каква да купам или во што е проблемот ? Ви благодарам однапред.
Батериите многу побрзо се трошат при снимање, отколку пти фотографирање. А за картицата колку е поголема меморијата, толку побрзо и поквалитетна е обработката. Мислеше на 16 MB или GB? 16 MB и малку меморија незнам и дали има таква), 16GB е сосема доволно. Но сепак снимките и сликите треба да си ги вадите од картичката, да не се наполни меморијата и да нема место.
Да, GB грешка.Знам дека е доволно и затоа ми е чудно што на 10 минути снимка се прекинува снимањето а притоа на картичката нема ништо друго. Знаеш ли колку чинат отприлика нови батерии ?
Кој е заинтересиран за купување фотоапарат заедно со два објектива, нека ми пише. Станува збор за Sony a58.
Здраво, што мислите за Nikon D3500? Сакам да купам апарат за професионално фотографирање и на пример како што прават фотосесии за прв роденден, за нова година итн. Кој апарат би ми го препорачале вие?
Некој да ми препорача инстант камера, одма слики што вади? До 200 евра отприлика. Гледав има многу, незнам за кој да се одлучам.