Во Pix+ најскапата e 250 евра, така да можеш и таа. Шала на страна, најпродавани мислам дека се овие.
Дали кога купуваш фотоапарат доаѓа вклучено во цената и полнач или посебно се плаќа? За Canon 800D од Pix+ конкретно зборувам
Здраво . Искрено немам познавање од фотографирање меѓутоа сакам да научам . Потрено е ми за лична употреба ( сликање на сопствените изработки за продавање ) . Кој фотоапарат би ми го препорачале како за почетник. Благодарам.
какви изработки, колку се големи? ако не се многу големи jaс би ти препорачала фиксен обjектив 35mm f1.8, например од никон, и апарат поефтин nikon d3200 или нагоре. ако го земеш само со обjективот што доаѓа нема да приметиш многу разлика од сликано со добар телефон а со ваков фикс објектив лесно ќе вадиш остри слики со матна позадина ако сликаш мали и средно мали изработки. и за без блиц а во затворен простор таков објектив е добар
да ве прашам дали има негде можност да изнаjмам апарат на еден ден (сега за во недела ми треба)? не си го зедов моjот од Германиja, ќе правиме крштевка ама без гости и без фотограф и сега си велам барем јас да можев да посликам.. може и полупрофесионален.. не мора надворешен блиц.. каде да прашам?
не успеав да ти одговорам, а многу ми помогна ти благодарам - баш таму добив неколку понуди и изнаjмив апарат супер завршив работа!
Дали некој знае ксде можам да купам usb кабелче за nikon coolpix l 830, барав анхоч, нептун ама нема. Благодарам
@KidA каков објектив би ме советувала да купам како втор? Имам Никон D7200 и Nikkor 18-140mm, се мислам дали да земам некој 1.8 или 1.4, или пак зум? Од фотографирање, сликам се' и сешто, најчесто природа, но и домашни миленици
Не се разбирам многу од фотоапарати а сакам да купам еден.Но фотоапаратот само фотографира,а јас сакам нешто што ќе снима видеа.Мислам има ли таков што ќе можам да снимам видеа и да фотографирам?
Секој дигитален фотоапарат има можност за снимање видео, некои дури имаат подобри перформанси од камера. Сепак зависи со колкав буџет располагаш
Па би сакала нешто до 500 евра.Дали за тие пари може да се најдат стварно квалитетни?Кои се најдобри за тој буџет?
За 500е можеш да најдеш солиден фотоапарат, еве еден аматерски и снима 4к https://www.pixplus.com.mk/canon-powershot-sx740-hs.html
Со раширеноста на мобилни телефони со камера и тоа со доста јаки, веќе се губи примената и потреба за фото апарати. Освен ако се за професионалци.