Го имам овој и да ви кажам право задоволна сум си го купив пред две години од АМЦ и ми се наога за по одмори, прослави и такви ствари и плус не го купив ни скапо
Не знам,почто го имам веќе некој добри 5-6 години искрено не знам,апаратот е супер,но веќе е стар модел нема опција за сниманје али прави супер фотки,ти препорачувам да го земеш овој или пак Канон али понов модел
јас го имам светло синото кое е во долниот ред ,,,, ПРЕЕЕЕЕ ПРЕЕЕЕ задоволна сум од него веке 3 год го имам батеријата му трае 2 недели - а верујте дека во теј период сум со над 300 слики или клипови - хехеххее Сликам - бришам итн. Ако ви падне во раце јас препорака ви давам за да си го купите
Имам Sony DSC-w12, ама пред некое време ми се расипа срце ми се кине. Па прилично стар е незнам точно колку години има. Има 5.1 мегапиксели ама мене убава работа ми вршеше, додека работеше. Сега нема да претерувам со Никони, Канони со објективи и чуда иако секој би сакал. Скромна ке бидам, сакам да си го купам сама со парите што си ги штедам, Никон е, 14мегапиксели, HD слики и видеа и беше 5.500ден арно ама не ми текнува кој беше моделот.
[/quote]a огромна желба ми е да имам ваков Одсекогаш сум го сакала фотографирањето. Некои од моите фотографии можете да ги погледнете во темата Вашите "професионални" лични фотографии. [/quote] Me to
Имав KODAK aма ми се расипа Сега немам апарат, а не сакаат да ми купат нов Па морам да се задоволам со камерата на мобилниот... 5 mpx е, врши работа
Сакам да го купам овој, имам дигитален, ама сакам малку нешто повеќе, а сепак небарам од оние опасно професионалните. Го видов овој па ме интересира дали има некој коментар, и дали воопшто е налик на професионален, бидејки не се разбирам воопшто?
Прво кажи ми што е за тебе професионален па ќе советуваме . Разгледај ги P300 или P500 зошто мене л120 па и л100 воопшто не ми се допаѓаат, сепак кажи и до која цена сакаш.
Јас овој го имам. Го купив пред скоро две недели и стаклото ми се пукна одвнатре. Јас имам едно прашање, денеска ќе одиме со гаранцијата да го смениме.. Ќе треба да ни го задржат или одма ќе ни дадат друг? И дали може да се замени со некој друг апарат? Ептен ми е криво, само што го купивме. А многу е добар!
Јас имам 2 дигитални дома, мали и практични ми се, едниот ми е со 14 мегапиксели, мегутоа сакам некој со многу кристална слика, светла и јака убава боја, чиста слика да вади. Не ми ни треба некој професионален, а кога така викам мислам на овие погоре карактеристики, а што се однесува до цената, оваа е одлична и не би дала повеќе од 15 000 бидејки веќе имам 2 апарати колку толку, само сакам класа поквалитетна фотографија од моите.
anabel-a а како ти се скрши стаклото? ЗАвиси до фирмата. Ако се прави ќе ти остане не поправка и сигурно ќе почекаш малку повеќе за да ти го направат ( имајки искуство со нашиве фирми) или ќе ти дадат нов па ќе кажам зависи од фирмата. Пиши ни што си направила и ако не е тајна од кај го купи.
http://www.facebook.com/NikonCoolpixL120?sk=photos еве примери за какви слики може да извади никон л120, http://www.facebook.com/NikonCoolpixP300?sk=photos би ти рекла п300 бидејќи мислам ќе ти го даде она што го бараш, ќе видиш разлика со тие што ги имаш а сепак не е ништо професионално, скапо или гломазно. Посебно внимание обрати им на ноќните фотографии што може да ги извади п300, такво нешто од л120 нема да добиеш.
Го купив од Амц, кај соборна.. Иначе ми стоеше во ранец во едно како футрола, и изгледа сум се потрепрела некако на ранецот а апаратот внатре, и ми пукнал внатрешно. Сега пола екран ми е бел со линии некои. А дали може некаква компензација да направам Сони-во за некоја друга марка?
Разгледај ги P300 или P500 зошто мене л120 па и л100 воопшто не ми се допаѓаат, сепак кажи и до која цена сакаш/quote] http://www.facebook.com/NikonCoolpixL120?sk=photos еве примери за какви слики може да извади никон л120, http://www.facebook.com/NikonCoolpixP300?sk=photos би ти рекла п300 бидејќи мислам ќе ти го даде она што го бараш, ќе видиш разлика со тие што ги имаш а сепак не е ништо професионално, скапо или гломазно. Посебно внимание обрати им на ноќните фотографии што може да ги извади п300, такво нешто од л120 нема да добиеш.[/quote][/quote] Ау навистина, дневните слики ми се подобри со никон л 120, ама ноќните се феноменални со ниокн п 300, толку чист слика, одлично. Ти благодарам Ичковска на советите и одвоеното време, многу ми помогна, бидејки си неммам везе со фотоапарати.
Значи фотографирањето ми е страст хоби..Имав порано Никон професионален но на еден пикник ми го украдоа бидејќи не се делев од него...Сега имам Никон Д3000 од пред некоја година и супер е.Можеби наредната пак би се осмелила на професионален.
Мислам дека ќе ве тераат да си ја платите поправката, затоа што тоа е физичка повреда ,а тоа не спаѓа во гаранцијата. Ако веќе си го однела пиши како си поминала.