anabel-a како ти пукна стаклото одвнатре? Ти падна ли ? Мислам дека гаранцијата ти важи т.е гарантира за хардверот на тој производ дека ќе биде во добра работна состојба во текот на гарантниот период. Во случај на дефект на истиот, сервисот за поправка ќе ти обезбеди бесплатен сервис на апаратот. Гаранцијата не ти важи во случај на несоодветна употреба, ракување или функционирање на производот, како и несоодветно чување, паѓање и сл. Си пишува убаво на гаранцијата. Ако ти пукнало стакленцето при паѓање не ти важи, ќе треба да си го платиш сервисот, но сметам дека и самиот сервис би те советувал да не се нафатиш дека тоа е многу скапо. Можеби и поскапо од самиот апарат.
Девојќи ич не се разирам во фотоапарати а решив да си го купам мојот прв дигитален фотоапарат.. значи ми треба сериоазна помош. Од она до сега што разгледав ми се допаѓаат 3 категории на апарати: 1. 5500ден: http://tehnomarket.com.mk/products/0910 ... sd-4gb-cas 2. 7500 http://amc.com.mk/ShopDetal.asp?Article ... AA&Action= 3. 13500 http://tehnomarket.com.mk/products/0910 ... l120-black Се мислам помеѓу првиот и вториот бидејќи ми кажаа дека на стандардна слика, бр на пиксели не играл голема улога. А за третиот се мислам да не ми е прескап, оти јас па и не сум професионален сликар нели HELP!
Тука не верувам дека ќе добијам одговор, ама да си прашам. Знае некој, како иде тоа со апарати на сметка, нешто? Месечно се плаќало 200-300 денари, незнам што. Сакам сама да си го купам, некој просечен апарат.
ЈАс искрено сум за вториот.Има 16 мегапиксели камера и 5 зум кои играат голема улога во квалитетот на сликите.А за третиот ем е скап а ем ако не си професионалец не ти ни треба.
Женски имам олимус фе-160, ама нешто имам проблем како што сликав ми се исклучи и два дена не сакаше да се вклуче е после тоа се вклучи ама не сроз e сеа он се вклучува се ама вака ми стои како на сликава дали некој знае што е проблемот?? инаку апаратот е купен на старо од Црна Гора и дали знаете некој сервис за поправки фалаа
ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕМИ ............ значи имам дигитален апарат самсунг и го добив пред неколку год. пред 3 од прилика и ми е од Шведска..сега БАШ сега пред 15 мин. се сликав и го имав качено на регалчето со тајмер за да се сликам ..проклет да е часот кога го направив тоа..апаратот падна и сега ми е закочен кај што е она за отворање не се затвора..и сега мие многу страв да не го расипаф (((( вемолам кажетеми каде можам да го поправам бидејќи не сакам да му кажувам на родителите оти знам дека ќе јадам ќотек..иначе сум од Бт ако знае некој каде можам да го поправам го МОЛАМ да ми кажи...(( ќе ме убијаат што направив :'(
Мона-ли, јас го имам првиот S3100 Nikon и сум супер задоволна - супер бои и scenes, 14 мега пиксели и не се малце (по 5-6 MB е една слика). За парите е одличен, нема да згрешиш. Сепак, ако можиш да си го дозволиш вториот, земи го него
Значи за третиот, стварно немаш потреба, тој е за попрофесионални фотографи. За секојдневно сликање избери еден од првите два. Резолуцијата за секојдневни фотографии не е толку важна (освен ако не сакаш да правиш постери за на ѕид). Сосема доволно се и 4 пиксели (ако се решиш да ги развиваш ќе имаш супер квалитет на фотографија и 10*15 и 13*1. Колку е поголема резолуцијата, фотографиите ќе ти зафаќаат повеќе место на мемориската картичка и во компјутерот (според мене непотребно). Мене ми е многу важно апаратот да има литиумска батерија затоа што ќе можеш да направиш повеќе фотографии со истата отколку со батерии на полнење. Обрзни внимание и на тоа да слика моментално (со мојот стар диг. апарат требаше да почекам неколку секунди додека сликне, со што може да се изгуби моментот што сакаш да го фатиш). И двата имаат доволно голем оптички зум. Ако се прашувам јас, би земала Сони апарат. п.с. провери и по колку гаранција ти даваат за двата
Моментално имам Sony дигитален, супер си е 14 мега пиксели,ама конечно се решив да си земам пак некој попрофесионален, бидејќи стариот сестра ми ми го скрши.Е сега не можам да се одлучам помеѓу овие два, а и мала е разликата во цената. 1. Nikon CoolPix L120 Имам сликано со ваков, и навечер и преку ден вади убави слики, мислам дека е задоволителен но сепак не можам да се одлучам. 2. Canon PowerShot SX150 IS Со овој немам искуство, но има ептен добри reviews. Па помош?
Јас би ти го препорачала првиот мене многу повеке ми се допаѓа и јас мислам таков да си земам кога ке зберам некоја пара а сега за сега имам розево самсунгче а немам поима кој модел е а многу убави слики прави има 13.2 мегапиксели сега за сега врши работа
Девојки не се разбирам многу од апрарати, меѓутоа ако некој од вас се разбира повеќе, да ми препорача апарат со јак фокус како на сликиве....у други зборови да е многу мутно она што не е фокусирано. макро да може да слика, мислам така нешто имаше израз... еве пример на слики
Јас моментално го имам Nikon coolpix S3100 и навистина сум задоволна од него. Обожавам фотографирање и обожавам да фаќам некои интересни моменти.
Мојот фотоапарат е постар иако е од поодамна тогаш кога го купив беше некаде околу 1000ден. обично кога сакам добра слика сликам од моб.Ц905 или К800,но одамна не сум била на излет,а кога би отишла би го носела апаратот неоти кој знае како знам да сликам ама ете некако си го сакам,а воедно со тој фотоапарат ме врзуваат и убави спомени
Старо мислење ама има шанси да го прочиташ моево Зависи од буџетот на располагање, повеќето нови дигитални апарати имаат добар фокус, имаш да си местиш mode-macro и немаш гајле. Тие ти се со автофокус, ако сакаш со мануелен најефтиниот dslr ти e 25 000 негде. Многу е поинтересно на мануал, ама пак ќе кажам зависи колку си ограничена или неограничена. За апаратчиња ти препорачувам или канон или никон.
Ми треба помош од вас имам Nikon coolpix S3100 и имам еден проблем некое време ми стоеше па едно 7,8 дена празен и сега го вклучувам да се полни несака пробувам да го вклучам апаратот исто така несака дали знаете отприлика што е проблемот