Ни јас не се разбирам многу во фотоапарати, ама можеш да си земеш професионален (ако си во можност) а ако сакаш мал и практичен јас ти го препорачувам Sony Cyber-shot DSC-W610 Јас имам ваков и ептен сум задоволна.
Девојки ај вие повеќе се разбирате- сакам да земам апарат со цена до 5000 денари..ко што гледав по каталози и во амц во продавнициве низ Скопјево имам избор меѓу - Sony DSC-W530 14.1 mp ; Nikol Coolpix S3100 14.1 mp ; и Canon со исто 14.1 мп ..и сега јас некако повеќе сум за Канон ама сакам да чујам ваши мислења колку и како сте задоволни од апаративе
Овој Сони DSC-W530 14.1 е сличен на мојот DSC-W610, разликата е само тоа што DSC-W610 е понов модел, барем така ми кажаа кога го купував. Јас сум задоволна а и не е скап 4990 мислам дека татко ми го купи. И Nikon Coolpix S3100 имам слушано дека е добар а за Canon не знам, ако има некој нека ти каже.
Јас сакам да земам водоотпорен апарат, а дали знае некој од прилика колку се движат цените,или пак да си земам водоотпорна маска а што викате?
Мислам дека нема да најдеш водоотпорен кај нас. Јас бев заинтересирана да купам маска пред неколку години, прашав во Сони (апаратот ми е таков), немаа. Сега може има маски, само зависи од моделот. Во повеќето туристички места надвор од земјава има за една употреба, доста ефтини. Мислам дека тоа ти е најдобра опција.
Здраво, дали може некој да ми каже дали има исуство со NIKON COOLPIX S9100 и NIKON P300. КОј од овие фотоапарати е подобар? Особено ме интересира ефектот на замаглена позадина. Дали знае некој дали со овие фотоапарати може да се постигне тој ефект?
Јас обошааваам да сликам!!!Моја желба е кога ќе пораснам да бидам фотографер,а иначе имам Nikon Coolpix L22 и сум многу задоволна,исто така имам и Canon ама тој апарат е повеќе професионален и е на филм,па затоа не го користам до толку.
еве го мојот..... а овој мора ад е со мене и каде да сум .....и тоа горе ама тој мајка ми многу не ми го дава...тој така за поседни пригоди а овој вториот за секојдневно....
Луѓе каде можам да најдам ефтин апарат за под вода? Барав сегде,сите се негде околу 5000-6000..знам дека има и од 2000-3000 имав едни флаери уште минатата година ама незнам кај ми се ( некој да не знае?
Резолуцијата за секојдневни фотографии не е толку важна (освен ако не сакаш да правиш постери за на ѕид). Сосема доволно се и 4 пиксели (ако се решиш да ги развиваш ќе имаш супер квалитет на фотографија и 10*15 и 13*1. Колку е поголема резолуцијата, фотографиите ќе ти зафаќаат повеќе место на мемориската картичка и во компјутерот (според мене непотребно). Мојот на пример има 14,1 мп. а јас фотографирам со само 4. Мене ми е многу важно апаратот да има литиумска батерија затоа што ќе можеш да направиш повеќе фотографии со истата отколку со батерии на полнење. Обрни внимание и на тоа да слика моментално (со мојот стар диг. апарат требаше да почекам неколку секунди додека сликне, со што може да се изгуби моментот што сакаш да го фатиш). Важно е да има и доволно оптички зум. Ако го користиш дигиталниот зум, тој ти ја намалува резолуцијата (т.е квалитето, а ако имаш мала резолуција, тогаш квалитетот на фотографијата ќе ти биде послеб). Канон и Никон се добри марки, ама ако се прашувам јас, би земала Сони апарат. Се до сега што сум купила било од брендот Сони и сум презадоволна. Ако те интересира нешто, слободно прашај.
Јас имам 2 професионални, едниот е канон а едниот најкон, канон од Германија го купивме 93000, огромене а најконот е од Италија 60000, и имам мал дигитален канон....Многу саам да се сликкам и имаме дом цела опрема за фотографирање,како в студио, з светлина за се, во една соба ама бидејки јас сакам да позирам викаме фотограф и ми прави фотосесија ко од списанијата дома со на опрема
Има и за 3 000 и нешто , ама зумот им е катастрофа. Убав апарат над 5 000 ( 14 x 7, 15 x 8 oтприлика зум и резолуција )
Јас на пр. не би дала многу пари за апарат за под вода, а и не ми е битно толку за зумот. И мене ми беше интересно пред да купам и купив од оние еднократните со околу 20 фотографии. Многу брзо ми помина меракот, дури и не знаев на што да го досликам филмот. Сликав рипки, корали (во Црвено Море има многу интересни риби), па ние под вода, над вода.. и толку. Не би купила пак. Затоа ви препорачувам да не трошите многу пари за ваков апарат. Поубаво дадете за квалитетен за фотки на суво
Имам никон д5000 професионален,ама ми треба некој ефтин за под вода,зумот и не ми е ни битен.. каде да најдам?
За овде не знам кај можеш да најдеш ама ако одиш во странство на одмор тие за една употреба можеш да ги најдеш во трафики, продавници за сувенири и сл. Ефтини се.
Дали некој го има користено овој апарат-sony a200 или знае дали добро слика?Се решив да купам професионален апарат,бидејќи другиве грди слики вадат.Но,кога ги видов цените бев... Сега го најдов апаратов на старо за 15.000.И тоа ми е скапо,али сепак се работи за професионален апарат.Некој нека ми каже ако знае дали добро слика апаратов и колку би било на ново цената отприлика.Да не испадне да има мала разлика у цена Сакам побрзо да дознаам се за апаратов да не ми го продадат Секоја информација е добредојдена
http://www.amazon.com/Sony-Cyber-Shot-DSC-TX10-Waterproof-Panorama/dp/B004H8FNH6 Еве го мојот фотоапарат од кој сум презадоволна.
Незнам за апаратов ама бидејќи ја видов цената и гледам дека сакаш да си купиш нов би ти препорачала да се распрашаш за Nikon L120 Coolpix јас го купив пред некое време во мај и дати кажам одличен e (еве ти линк па види си ги карактеристиките ) Спојлер http://www.nikonusa.com/Nikon-Products/Product/Compact-Digital-Cameras/26253/COOLPIX-L120.html