1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фотоапарати

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од anamariia.x3, 14 август 2011.

  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    хахаха..колку е убаво така да живееш во своите сништа :D
     
    На LittlePinky, tinna123 и Name им се допаѓа ова.
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    И јас планирам да земам сони.Еве овој:

    Sony DSC-W610

    [​IMG]

    Добар е нели?Да не се зафркнам :?:
     
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    овој го имам, презадоволна сум :) 16.1 мегапиксели е:)
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    И јас во блиска иднина сакам да си купам еден огромен од тие професионалните.Незнам каков ама во глава се ми се врти тој Nikon-oт. Иначе сега имам Canon-PowerShotA570IS . Убаво слика не можам да казам не ама сепак професионални слики со слики на ваков каде каде се подобри. Многу го молам на татко ми и тој ми вети па ајде да го чекаме ветеното ама за брзо ке биде штом јас ви кажувам го познавам него , па после многу убавви фотчиња ке си правам хахаха :D :D :D :D Инаку фотографирањето ми е хоби. Многу сакам да фотографирам. :) :)
     
  5. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Ќе си умрам за убав Canon апарат :| инаку имам Nikon CoolpixS8000
     
  6. tinna123

    tinna123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Јас во моменов имам Никон Д3100 и Кодак нема да зажалиш ако си го купиш Д3100 а исто така добар е и Д90 и П510 . иначе пре заразена сум со сликање али не некои глупости сакам да сликам пејсажи ама убави не например како во двор да застанам да сликам цвеќиња и глупости а исто така и правам мали фотосесии на другарките блиските и некои други деца .
     
  7. tinna123

    tinna123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    И јас сакам Канон а како си задоволна од Никонот ? Дали има убав објектив и дали вади чисти слики ?
     
  8. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Се би дала за едно Никонче, од професионалните. :) Ајде па можеби еден ден желбата ке ми се исполни. Иначе многу, многу сакам да сликам, недај боже да фатам некој апарат, дури ме убедуваа и размислувам да одам на факултет за фотографија во Софија. Сестра ми и маж и викаа дека многу пари може од тоа да се добие ако се работи тоа, професионално, ама па јас не сум баш сигурна, незнам. :?:
     
  9. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Не знам дали е најсоодветно место да прашам, но деновиве треба да идам да купам апарат и немам никаква идеја каков да купам, а навистина ми е потребен.
    Зборам за обичен, дигитален апарат не од оние професионалните :) Ги прочитав мислењата, но ете сакав да ве замолам да ми кажете, според вас од кој апарат сте најзадоволни или кој би сакале да го имате? И која марка ја препорачувате највише: Никон, Сони, Канон.. ? :)
     
  10. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Уште еднаш ќе повторам, 80% од работите дома ми се сони. Презадоволна сум
     
    На sugar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Кој го има Canon A800? Сакам да го купам денеска. Добри слики вади? :?:

    [​IMG]
     
  12. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Да ви се пофалам. Вчера добив нов апарат од Холандија. Samsung ST76 :inlove:
    Љубов на прв поглед, верувајте..
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас имам два сони апарати и сум супер задоволна.

    Sony DSC W210 секогаш во ташна и при рака.
    [​IMG]

    Sony Alpha A200 за посебни пригоди.
    [​IMG]

    Mал совет за сите кои сакаат да си купат нов апарат. Не е важно колку мегапиксели има сензорот, колку што е важно колку е добар сензорот и колку е квалитетен објективот. 16 мегапиксели, 14, 12, 10 ...се што е веќе над 8 па и 6 е сосема доволно за "домашно користење". Неколку мислења погоре членка прашуваше за Сони апарат за совет, со Сони леќа не препорачувам, гледајте да има Carl Zeiss или T леќа. Сони леќите нема да ви направат ќеиф.

    За таков обичен идиот апарат, нема да згрешиш со ниедна од овие фирми. Супер модели имаат и Сони и Канон и Никон. Ако одбереш Сони, никако со Сони леќа, исклучиво Carl Zeiss или T-леќа. Избегнувај Панасоник, Кодак, HP, Самсунг и слични.


    Ова се два модели на апарати од сосема различни класи и не може да се споредуваат воопшто. Од една страна на старо купуваш квалитетен апарат со можности за надоградба во иднина, од друга страна купуваш квалитетен нов апарат со супер квалитет. Прашање на личен избор ќе биде.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    ^ Мене ме чуди како тоа постарите модели им беа со Carl Zeiss, а сега почнаа со Сони леќи.
     
  15. MiDnIgHtLaDy

    MiDnIgHtLaDy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    21
    Јас да прашам нешто..
    Пред некое време забележав додека сликував дека на сликите излагаат хоризонтални или вертикални линии ,а пак кога сликував надвор, на денско светло сликите излегуваат бели,еве вакви:
    Ако имал некој сличен проблем,како може да се поправи... :? Инаку имам апарат Canon A430
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2477.jpg
      IMG_2477.jpg
      Големина на фајлот:
      184,2 KB
      Прегледи:
      344
    • canon-a430-front.jpg
      canon-a430-front.jpg
      Големина на фајлот:
      32,9 KB
      Прегледи:
      343
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Искрено и мене ме интересира ова, ако има некој постручен да каже. Дали не ни биле подесени сетинзите убаво, не знам. Ретко ми се појавуваат и мене хорисзонтални линии, а потоа не следните слики веќе ги нема.
     
    На MiDnIgHtLaDy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Во однос на леќите, морам да се согласам со girl1985 и да кажам дека Carl Zeiss леќите се неприкосновени. Татко ми на сите негови професионални апарати и zoom додатоци, им ги има сменето фабричките леќи и заменето со Carl Zeiss. Разликата може да се увиди кога ќе ги погледнете фотографиите.

    Дома имам три дигитални фотоапарати, сите три од различни производители:
    Sony DSC-S650
    [​IMG]
    Фино просечно апаратче, ништо посебно во однос на спецификите.
    Квалитетни слики вадеше, ама некако како да беше премногу осетливо, па при мало мрднување со раката, сликите беа многу матни.
    Му давам замерка и за боите. Некако беа бледи, не беа толку живописни.


    Samsung Wp10
    [​IMG]
    Првенствено го земавме затоа што е водоотпорен, а татко ми долго време бараше таков. Па кога го начекавме, воопшто не размислувавме за да го земеме. За под вода е одличен, вади квалитетни слики, може да функционира до 3 метри длабочина и има 12.2 мегапиксели, што е солидно.
    Летово го измалтретирав, му ги пробав сите опции. Најчесто го користев со блиц, и на мое изненадување - сликите воопшто не делуваа вештачки.
    Освен тоа, одлично си ја врши работата и „на суво“ иако има мал објектив.


    Nikon Coolpix L120
    [​IMG]
    Од овој сум најзадоволна!
    Иако не е професионален апарат, има доста солидни опции.
    Цената дури е и прениска во однос на квалитетот.
    Има 21х zoom, 14.1 мегапиксели, HD видео, и нешто што мене најмногу ми се допаѓа - работи на четири АА батерии. Па си купив 12 батерии што се полнат, за секогаш со мене да имам резервни во случај да ми се потрошат.
    Делува малку комплицирано, ама е многу лесен за ракување.

    Во спојлер ќе ставам некои мои фотографии направени со овој апарат и малку повеќе детали
    Апаратот има навистина добар избор на опции. Не само во однос на експозиција, големина, острина, квалитет на фотографија и слично, туку и опции што ги селектирате во зависност од тоа што сакате да сликате. Се уште ги немам испробано сите, ама еве ќе напишам за тие што досега ги имам пробано.

    За сликање пејсажи, панорамата е идеална.
    Со апаратот ми дадоа и цеде на кое има програма што самата ги прави панорамите.
    Јас само ги селектирам сликите и во рок од пола минута ги спојува автоматски. Можете и рачно самите да ги спојувате сликите.
    Бројот на слики што може да се направи во една панорама е бесконечен.
    Ама и онака не можете да направите премногу, затоа што сликите зафаќаат голем дел од пејсажот, па ако сакате да се свртите 360 степени, доволни ќе ви бидат десетина слики. Имате опција да селектирате дали панорамата ќе ја почнете од лево кон десно, од десно кон лево, од горе кон долу или од долу кон горе.
    Еве пример од моја фотографија.
    Панорамата е направена со 3 фотографии.


    Макро опцијата е исто така одлична.
    Особено со оглед на тоа што јас обожавам да сликам минијатурни работи, на пример пеперутки, апаратот со оваа опција одлично ги доловува и оние ситни детали.
    Многу лесно можете да направите фотографија во која фокусот ќе биде на одреден предмет, а позадината ќе биде заматена.
    Еве една моја фотографија која не е толку добра, ама убаво доаѓа до израз тоа што сакам да ви го прикажам.


    Опцијата одлично работи и со zoom.
    Еве слика


    Спорт опцијата е навистина интересна и со неа можат да се „фатат“ многу добри моменти, затоа што со неа се прават повеќе слики во една секунда и буквално се замрзнува секое движење. Кога ќе ги гледате сликите набрзина, делуваат како видео :)
    Штета што сите слики со оваа опција ми се лични, па не можам да ги постирам. Ама ете во иднина повеќе ќе ја проучувам.

    Опцијата за сликање домашни миленичиња е одлична, особено ако имате вакво милениче како моето кое не сака да се слика. Има опција single и continuous, па кога ќе ја штиклирате втората, можете до бескрај да правите слики една по друга се додека го држите копчето на апаратот. Така ќе „фатите“ интересни моменти. Оваа опција е нешто слично на спорт опцијата, со тоа што прави помалку фотографии во секунда.


    Особено сум задоволна од тоа колку добро работи автоматскиот фокус.
    На пример, месечинава ја сликав со максималниот zoom и тоа без сталак.
    А нормално е дека при толку голем zoom, и со најмалото движење на раката може да го изгубите предметот надвор од кадар. Месечината ја сликав неколку пати и ниту еднаш сликата не испадна матна. И толку добро ја доловив, дури и кратерите се познаваат. Ако ја зумирате на компјутер, целиот релјеф ќе го видите.


    Исто така постои и smart portrait опција, при чие вклучување, апаратот слика сам кога лицето во кадар ќе се насмее :) Тоа е многу интересно и забавно за сликање во друштво :wasntme:

    Има уште многу други опции кои се уште не ми се испробани, чекам малку слободно време за да сликам. Имам пофалби и за боите, доста се живописни.
    [​IMG]

    За оние кои сакаат да снимаат видеа, овој фотоапарат ќе им биде одличен, бидејќи има HD видео и доста опции околу снимањето (на пример автофокус, големина и квалитет на видеото, контрола на звукот при ветар и слично).
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam, Impossible.Sarah, mamma-mia и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ќе замолам некој, што се разбира, во апарати. Да ми помогне при изборот.
    Споредени се 6 апарати, на сликава.
    Овие се поефтинките. Ама јас освен мегапиксели, друго ништо не се разбирам. :wasntme:
    (Кликнете на сликата, за поубаво да се види) :wasntme:
    http://www.retrevo.com/search?q=Samsung ... d=23907589
    А овој, го немаше таму, и не можев да го споредам. :$
     

    Прикачени фајлови:

  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ова е класичен проблем кој порано или подоцна се јавува кај оваа серија на Cаnon. Некоја фабричка грешка, т.е. одреден проблем кој се јавува кај секој модел скоро па без исклучок. Поправањето нема да ти се исплати воопшто, затоа ќе мора да си одбереш нов апарат, за жал..

    Ако се прашувам јас, ќе ги дисквалификувам сите Самсунзи и Кодакот. Од останатото би го одбрала Канонот. :geek:
     
    На MiDnIgHtLaDy и Elennaa им се допаѓа ова.
  20. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    готово, толку ми требаше, сега го сакам апаратоов, во подобро светло не можеше да го прикажеш :D
     
    На Cloee и AnaKarenina им се допаѓа ова.