Јас имам ист ваков само друга боја. Го купив пред околу 6 години и тогаш бев премногу задоволна од него,мада и сега сум.Само што незнам од време на време што му се дешава.Сам си заглавува. Ама задоволна сум од Никониве. Здравје Боже да си соберам некое денерче и планирам ваков да си земам : Многу убаво слика,многу!
Глупава, не.. Јас сакам да прашам за една функција, што незнам што значи. За што служи таа стрелката? Таа кривата, на десното копче? Спојлер Тоа подвлеченото, ми е како ми е подесено. Auto On Show Synchro Off Дали јас дека постојано штракам... Ама еве, батеријата веќе ми се испразни..
^ Мислиш на блицот? Ако е тоа и ти е на On, значи дека светнува на секое фотографирање...Треба да го наместиш на Aуто
Незнам дали овде треба да прашам,ама неможам да ја најдам таа темата ,,Совети за фотографирање" така нешто беше...Како можам да заматам позадина на апаратот? Ваков ми е апаратот Имам прашувано во ,,Каде е темата" ама никој ми нема одговорено
^ Cacy јас не се разбирам многу околу Сони апаратите но мислам дека треба самиот апарат да има таква фунција (AF- автоматско фокусирање). Еве ти линк баш тука има убаво објаснето па разгледај малку. http://www.sony.rs/hub/saznajteiuzivajte/3/3
Ако имаш macro mode на апаратот, ќе можеш до некој степен да заматиш позадина со тоа што треба објектот, ликот да го ставиш буквално во прв план и да ти биде на многу мало растојание. За се останато постои dslr.
јас имам професионален Nikon D3100.го купив зимоска али не ми прави мерак.немам кај да научам да сликам убаво.чим е професионален бар да знам и професионална слика да направам.а слика ко слика можев и со обичен.
како што ти кажаа на макро можеш да заматиш ако сликаш нешто од поблиску и предметот ти е во центарот на фокусот ама ako мислиш од подалеку и позадината заматена нема објектив таков апаратов
Како што кажав, го имам овој. Спојлер Во последно време, многу зафркава. Купувам едни батерии duracel, мислам се викаа. 80 денари, две. Незнам дали е до нив, демек евтини, ама.. Кога слика, ми ги вади или скроз црни сликите, или исто како да се во темница сликани. Како да не е уклучен блицот, а уствари уклучен е. Поточно, така прави кога си ги сликам ноктите, или кога фокусирам нешто.. Незнам дали да го носам од понеделник, на сервис. Или пак, и така планирав да земам полнач за батерии, па и некои поасални, дека многу брзо се трошат. Незнам до што е..
Пред еден месец си купив Nikon D3100 и сум презадоволна.Ако сакате да си купите професионален мислам дека Никонот е најдобар избор.Има безброј опции и сликите ги вади многу чисти :wink:
Идиотче е ама за 6000 ден сликите се СТРАШНО ДОБРИ! 2 години фоткам со него и мислам дека солидни слики прави. Сакам DSLR ама се у свое време...