1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фотографии

Дискусија во 'Слободно време' започната од kate21, 29 август 2010.

  1. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    И јас 4есто си се сликам, кога сум расположена дури и досадна сум , а обожавам дома да ги гледам старите албуми од мали кога сме биле ...хаха слатко ќе си се изнасмеам...
     
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Имам една кутија со слики што стои кај баба ми и дедо ми и некогаш ми текнува да ја отварам и да ја потпрашувам баба ми овде кај биле, овде што било, што се случило и тука поминуваат два/три часа во раскажување на младоста на баба ми и дедо ми.

    Иначе ние сликите ги чуваме во албуми, сликите се од оној тип на поновите и некако старите ми имаат некој подобар шмек, нешто што говори многу за минатото, за спомените, за времињата, дури се излитени или свиткани на краеви, тоа покажува дека многу години поминале + секогаш се сликале во посебни прилики.

    Додека денес можеш да се сликаш кога ти душа сака, кога ти е досадно и без посебна прилика, веќе не ја имаат важноста фотографиите како порано што ја имале.
     
  3. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Обожавам да гледам стари фотографии. Колку се смееме кога ги разгледуваме фотографиите со другарки или роднини.
    Со дигиталниве фотоапарати се губи магијата на фотографијата. Се сеќавам со каква возбуда ги имам чекано мама и тато да се вратат и да ми ги донесат развиените слики. Секоја фотографија беше посебна, а денес се сликаме и по десетина пати на ден - не ти се допаѓа сликата, ја бришеш и никому ништо. Тоа ми е најинтересното кај фотографиите, сите тие смешни, спонтани фацки и пози :wasntme: :lol:

    Криво ми е што немам навика да ги вадам сликите од дигитален па да си ги гледам кога сакам :worried:
     
  4. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    ретко се сликам , но често ценам добра фотографија
     
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Моја тема, дефинитивно :)

    Фасцинирана сум од фотографиите. Идеите во главата ми доаѓаат како луди. Јас не ги гледам фотографиите, јас ги чувствувам. Јас не ги гледам фотографиите, јас го мирисам воздухот кога таа била сликана, јас го осеќам врелото сонце на моите рамена и ладниот ветар на моите раце.

    Јас не ја погледнувам фотографијата. Јас ја гледам. Можам да ја гледам со часови. Можам да ја гледам и на секое ново видување да најдам по некој нов детал. Јас не ја сакам секоја фотографија. Јас ја обожувам секоја фотографија, ја ценам и почитувам исто како да е човек. Зошто? Таа е всушност човек. Фотографирана од човек, позирана од човек можеби, гледана од човек, спомен на човек.

    Сакам да фотографирам. Исто така сакам да сум фотографирана. Ги сакам несовршеностите на сликата. Несовршеното е совршено, што би рекла. И голотијата може да биде уметност. Секоја поза која е можна е уметност. Секако, објавувањето на секаде не е уметност!

    За жал, спомени од ова време ќе ги нема. Со воведувањето на новаа технологија, овој дел од животот ќе остане како една црна дупка во историјата. А кој не сака спомени од најубавиот дел од животот? Жално е.. Најмногу ги почитувам старите фотографии. Толкава вредност, а за некоја година ние ќе ја немаме.

    Се извинувам за долгиот пост, но оваа е мојата тема и на неа можам да зборувам со часови. :wasntme:
     
    На Ket.Rin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Ме интересира, за оние што се љубители на добрата фотографија или пак се занимаваат со сликање т.е фотографирање (било аматерски или професионално), каков апарат ми е потребен ако сакам да направам слики со висока резолуција ?? (не мислам на стандардите фото-апарати од 8-10 или 12 мегап.)
    Битно ми е, бидејќи за тие портрети и општо замисли за слики потребен ми е нешто поквалитетен апарат од овој сега што го имам Canon со 10 мегап.
     
  7. Cookiemonster

    Cookiemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    70
    И јас ги обожавам сликите иако повеќе не се вадат јас сепак си ги цувам на компјутер и секогаш ги гледам од пред 2-3 и повеќе ФОТОГРАФИИТЕ СЕ НАЈУБАВИОТ СПОМЕН

    I love photos because the best thing in them is that they never change even if the people in it change!
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Повеќе сакам да фотографирам од да бидам фотографирана..... порано црнобелите слики биле многу квалитетни и јас се уште ги чувам од баба ми и дедо ми, а некои понови слики во боја се избелдени.... Многу ми се допаѓаат тие црнобели слики од времето на баба ми и секогаш кога ги гледам заедно со неа ми вика Пупи види каква коса имав на времето или види јас и дедо ти тука сме на игранка аааа јас му викам баба многу сте биле убави :lol: :lol: :lol: секоја слика е спомен
     
  9. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Ги ценам фотографиите...ме потсеќаат на минато на смеа, будат добри спомени
    ги глеам сликите коа сум била мала..секој чекор ми бил сликнат, татко ми имал пријател што развива слики и таму све сме развивале
    од последниве две години нема ниту една слика развиена..ниту една..ама ќе ме фати инает и ќе ги извадам.. :lol: :lol:
     
  10. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Имам многу слики од моето детство кои се од хартија нели,многу често ги гледм и си се смеам,а и некогаш и си плачам кога ќе се видам,често се сликам фотогенична сум ,но и сакам да сликам некои така интересни фотографии,но овие фотографии што ги сликаме сега од дигитални,мобилни и.т.н нема да ги имаме за жал.
    Друго е кога ти е дом фотографијата а друго во компјутерот и.т.н :)
     
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Ау не, бегам од фотографорање. Ако сакам да се сликам, ќе се сликам сама, со саати ќе се сликам, и само една ќе ја зачувам. Инаку, избегнувам. :tmi:
     
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Хелло хелло и позз за темава
    Јас би додала дека сепак и од оваа нова верзија на Фото - Дигит Фото
    може се уште да се забавува :angel:
    Решив да од моте 30 ГБ фотографии да направам некоја скромна колекција која
    ке ја однесам да ми ги извадат сликите и да правам албум кој ке биде целосно
    мое дело и корици и внатрешност и се останато кое треба да се прави...
    Имаше мнн мнн филмови каде по Америките се собираат демек на седенки и
    си прават албуми со украсување со текст и со се...
    Предност е што има преголем избор и секако може да се направат предобри
    нешта кои вредат да се зачуваат за свое задоволство.
    :angel:
     
  13. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Не бегам кога слика некој со мој апарат :D
    пошто и да испаднеме тапа ја не ја ставам сликата на фб
    а имам една идиотка од основно ќе не слика и сите онакви фаци ретардирани оваа ги стаила на фб
    кога и се развикав одма ги тргна (не бев ја толку лоша ко што беа останатите али намерно така праи..)
    иначе обожавам да фотографирам ОБОЖАВАМ! :D
    само тоа ме исполнува, сега да ми стигне Канонот и се договоривме со другарка да идеме да сликаме
    уф едвај чекам! :D
    иначе јас сум за фотографии што се вадат али технологијава иде у пропаст!
    затоа јас најдобрите слики што ќе ги сликам со апаратот ќе си ги вадам и ќе си ги чувам :)
     
  14. Makaronkastil

    Makaronkastil Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Преферирам јас да фотографирам и мразам луѓе што несакаат да се сликаат,но исто така мразам луѓе што злоупотребуваат фотографии,а ако сака некој да ме слика зошо да бегам.
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.070
    Обожаваааам да се сликам :inlove: Ете признавам.Тоа го знаат сите,па ме сликаат -хаха,знаат дека нема да се бунам.Ми значат фотографиите,и сакам да ги имам што повеќе за да еден ден се сеќавам на сите убави и неубави моменти,да ме враќа нешто во минатото,и да-уживам во тоа.
    Сакам секој момент,па и најобичен,секојдневен да го овековечам и да го имам. :)
     
  16. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Сега е се полесно, се сликам често но уште почесто сликите си ги чувам за себе и за одредени личности кои јас сакам да ги видат. Не се експонирам на ФБ со 5843 слики :D :lol: . Иако неможам да одречам дека немам ставено, но тоа е прилично малку. Кога се сликам си ги префрлам сликиве со доволно податоци, за кога некогаш ќе ги отворам да знам од кога и од каде се. Ретко разгледувам стари албуми но кога го правам тоа дружбата знае да трае со часови. Враќам спомени се радувам на убаво поминатите мигови. Вредноста на фотографиите е иста доколку ние го направиме тоа, можеме и сегашниве фотографии да ги извадиме во фото студио, само ретко кој го прави ова.
     
  17. lucky-girl

    lucky-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    колку сме и благодарни на технологијата,толку и треба да жалиме што се усовршува пребрзо..до пред некоја година беше најмодерно да имаме од оние апаратите што развивавме слики и на одмори,излети,родендени..ке се сликуваме и потоа ке развиеме слики,во албум и често ќе се присеќаваме на истите.. а сега,дигиталниот во џеб и секаде со нас,вечерта сликите на компјутер,утредента на фејцбук,ама важно сме се пофалиле како сме го поминале минатиот ден, ГЛУПОСТИ! ми недостига апаратот и сликите во албумче...велиме ке ги испринтаме и овие новиве од компјутер но реално колку го прават тоа? :worried: во минатото моите ке ме сликуваа на престави,родендени и одмори и сето тоа денес ми е пред мене и ке го гледам а на комјутер денеска ке ги префрлим,за некој месец ке ги разгледам и пола ке ги избрисем зашто не ми се допаѓа како сум наместена..се знаеше-36 слики,развиени во рака-каков си таков,следен пат поубаво намести се ама спомен си е спомен. ми недостигаат тие моменти кога на сликар прв пат ке ги разгледам сликите :lol:
     
  18. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Јас би се сликала,но не сум фотогенична,но за сликањее...аууу фотосесии правам со моето ново апаратче(1 година старо,,но сепак пак е ново нели,го чувам како црнките во очите :lol: )
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    За фотографирањето научив многу од татко ми, кој инаку покрај другите работи е и фотограф. Па претпоставувам дека љубовта кон тоа сум ја наследила од него, а потоа со негова помош сум се надоградувала. Имам безброј слики, цел шкаф полн со албуми каде има фотографии уште од моето детство. Татко ми го фаќал буквално секој наш чекор, па сега најдобрите фотографии на мене и сестра ми, ни се изложени во соба :)
    Фотографирањето не е толку едноставно и наивно како што изгледа. Дома имам неколку големи книги во кои до детал е опишан целиот процес на фотографирање и дадени се многу техники и идеи. Но, се трудам, во слободно време фотографирам, а потоа татко ми откако ќе ги разгледа сликите ми кажува забелешки. Сама себе не сакам којзнае колку да се сликам, ама затоа уживам кога сум во природа и најчесто таму ја трошам својата инспирација.
    Денешните дигитални апарати се многу лесни за употреба и мошне прости. Вистинската техника се гледа во фотографирањето со Zenit, каде што имаш цел објектив кој треба добро да го наместиш за соодветното кадро што сакаш да го фатиш, каде што имаш филм со определен број на фотографии кои можеш да ги искористиш, каде што немаш блиц туку мораш да го надоградиш на апаратот, и така натаму... Дома имам три Zenit апарати со целосна опрема, ама ете не ми текнало да си купам филм и да фотографирам со некој од нив. Не знам ни дали сеуште се продаваат такви филмови. Со дигиталниот ми е многу полесно затоа што можам да направам преку 200 слики, да ги видам на компјутер и да ги одберам најдобрите. Ама вистинскиот тест за тоа колку знам да фотографирам, ќе го имам кога ќе фатам стар апарат со филм од 32 слики :)
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Не сум од оној тип на девојки што спијат со апаратот во рака и што секоја слика име е со "силиконска" уста...а ниту пак од оние што се: лелеее леле не ме сликај,аууу бегај не си се свиѓам денес. Или пак, ауууу бриши,леле колку суммм грдааа (и чека некој тука да ја теши и да и дава комплимнети како е денес баш убавка, да и рече види ме мене и теши се итд.)
    Значи сакам да се слика кога има причина и повод,да тој момент остане за спомен и да бидам таква каква што сум си била во тој момент, макар и да немам сјај, да ми е подраснат коренот или пак иако имам мозолче на носот.
    Со дечко ми обавезно сликаме и снимаме моменти, прослави, прошетки....а потоа истите по дата си ги редам во албум.Сметам дека слика не е за во folder да стои на PC, сите слики си ги развивам и редам. Може не често,но ги разгледувам албумите, си се присеќам и смеам на самата себе си каква сум била тогаш, или како сум може тогаш тоа да го облечам.(што вели дечко ми,денес колку и да се средуваме, утре нашите деца ќе ни се смеат како сме биле облечени).
    Ако не за друго, кога чистам и кога ќе наидам на албумите обавезно седнувам да ги разгледам (изговор-време за одмор по чистењето) :lol:
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.