Фотографирање за табло – избор на гардероба, шминка...

Дискусија во 'Мода и стил' започната од TheCandy880, 27 февруари 2011.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.297
    Пол:
    Женски
    Пред некое време ја отворив темава па ја избришав,ве немаше да ни одговорите на нас матурантките и да ни предложите во што да се фотографираме,која боја,што е најпаметно да облечеме кошула,некое сако или нешто друго..? Каква шминка да ставиме и слични работи..
    Па ајде да ни помогнете ..
    И лично мене најмногу ме интересира дали е подобро само фенирана па пеглана коса со шишки на страна или пак виткана без шишки се двоумам
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Во однос на гардеробата не би знаела што да кажам затоа што во моето средно се сликавме сите еднакви: бели кошули, машни и наметки и капи одозгора (од кошулата само јаките да се гледаат и мал дел од машната).
    Во однос на шминката можеш појака шминка да нанесеш затоа што самиот апарат одзема од интензитетот на шминката.
    Косата, ми се чини што поедноставно - тоа поарно. Ако ти е природно права косата, можеш да си ја испеглаш и шишките на страна.
    Исто така не треба со накит да се претерува. Едни нежни обетки мислам дека би биле доволни. Луѓето треба ТЕБЕ да те гледаат на сликата, а не да не можеш да дојдеш до израз од многу кинџурење.
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.679
    Пол:
    Женски
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Иако веќе еднаш дадов одговор за темава, еве пак :)
    Прво за гардеробата, мислам дека треба да се носи нешто потемно, за да има добар контраст и лицето да дојде во преден план. Никако нешто шарено со дезен кој ќе го одвлекува вниманието од лицето. Најпогодни се тоновите на сива, црна, тегет, ама сепак зависи и од тоа каква боја ќе ви биде позадината.

    Шминката треба да биде поинтензивна, посебно нагласена кај очите. Иако можеби ќе си викаш дека е многу, верувај дека на сликата тоа не се гледа. Во студиото кај што се сликав јас, самиот фотограф не тераше да си ставиме и многу сјај на устата, за да таа изгледа убаво на сликата.

    Фризурата нека биде едноставна. Без ниакви посебни фризури и експерименти. Најдобро е да се исфенира косата на начин на кој си ја носиш најчесто и најдобро ти стои.
    Што се однесува на накитот, или стави обетки кои нема да бидат мно нападни, или стави марама околу вратот. Но, ако веќе имаш некој акцесорис во косата немој ништо друго да ставаш на тебе.

    На крај краева, треба да делуваш природна, нормална, баш каква што си. Се што е нападно и премногу ќе те направи вештачки да делуваш на сликата.
     
    На passion.for.fashion и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.567
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Ние кај нас сите во исто треба да бидеме облечени... мене тоа ми е искрено проблем, пола од класот носат S... во прво одделение не ме собираше во S, а тек па во четврта година... дај ми ти мене едно XL, или барем L :D па да не биде кусо мајка му стара, да си биде убаво, комотно... имаше предлог да се купи нешто во два броја,... веројатно така и ќе биде ;)

    За шминка, планирам да одам кај професионалец... затоа што сепак е слика, не дај боже ќе оплескам нешто,... како на онаа од полуматура,... па се отепа од висење 4 години на ѕидот, одвај чекам да ја извадам :@... косата ќе ја исфенирам, дали собрана нагоре или не, ќе видиме.... воглавно ова...

    Лично сметам дека гардеробата треба да биде нешто тајмлес,... не да се сликаш во нешто ултра модерно и по 2 години те мава шок... треба барем 20г да поминат... па да те мавне :D
     
  5. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    680
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    би се опишала самата себе кога се сликав за на табло па се надевам дека ќе ти помогне тоа во изборот.мене косата ми беше фенирана,имав пудра колку да ми добие лицето нијанса,малку креонче и маскара и ништо повеќе.за облека имавме кошули кои неколку девојчиња од класот ги донесоа за сликање,заради тоа сите девојчиња од класот да бидат склодно облечени а не секоја различно да се двои од другите.јас лично сакав природен изглед и таков и си створив за тој ден кога се сликавме.додека за матурската вечер имав флизура поразлична од таа кога се сликавме,имав големи локни,и повеќе шминка.во секој случј секоја девојка знае што сака од себе си во даден момент,па така и ти.и покрај тремата и недоумицата ти ќе го направиш најдобриот избор на одлука :!:
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.297
    Пол:
    Женски
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....


    starfish фала за издвоеното време и за пишувањето на советов по втор пат :)
    Тоа ни е тешкото не се знае каква ке ни биде позадината од фото студиото,некои од сокласничките сакаа да се фотографираме во црна кошула мене ич не ми се сака некако многу ми е онака тмурно ноу веј :shake: ..Јас лично сакам да се фотографирам во ваква сина боја за нијанса потемна од оваа на фотографијата
    [​IMG]
    и сакам да не е кошула сите запнале со тоа кошулчињата мака ми е од нив :puke: .... Пред некој ден шетавме со сокласничките низ бутициве и избор...НИКАКОВ :x
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    63.322
    Пол:
    Женски
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Фотографирањево за табло е циркус поголем од евровизијава наша :lol: Кај мен ево клас некои девојчиња бараа да се сликаат по 40 пати, што е многу многу е, а за позите да не зборувам.
    Јас носев црна кошула, ланче и обетки. Имав пудра, руж, сјај, виолетова сенка и туш. Маскара имав ставено неколку пати, сакав очите да ми бидат поубави. И на сликата сум тоа што сум си јас, а не да не ме препознае човек.
    Оние што се сликаа со бели кошули или розеви кај мен ево клас излегоа многу лошо, оние што биле на професионален шминкер им ставиле премногу корктор па изгледаа 5 години постаро. Сакав да кажам не се правете нешто што не сте, сите сакаме најубави да бидеме, но не по цена некој да не не препознае.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.679
    Пол:
    Женски
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    А зарем мора да се купува нешто ново за сликање?!
    Најди си го твоето омилено џемперџе или маичка од плакарот и носи го тоа. Нема потреба да купуваш нешто, или пак да носиш нешто во кое не се чувствуваш удобно.
    Смешно ми падна и тоа наоѓање на шминкери. Дај не се зезајте, ко којзнае каков настан да е тоа.
    На крај ќе видите дека толку стресови не ви биле потребни.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.465
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Ние се сликавме со мантили, бидејќи учев медицинско, па за изборот на облека бевме ограничени. За шминката и јас мислам да биде малку појака околу очите за да дојдат до израз и да бидат убаво оцртани и на сликата и некое сјајче за да ја подистакне устата, но сепак да биде во нормала за да не се изгледа како кловн. Јас имав црно моливче и маскара на очите, но не се нашлапав многу и ставив само на горниот капак ( така повеќе ми стои), само колку да ги изразам и на устата имав сјај ( ставав почесто зашто дури чекавме за сликање го јадев :lol: ) А косата ми е права и долга, па само ја измив, ми се исуши, ја исчешлав и летечкте влакна ги прснав со малку спреј ( и пак, дури чекавме, ќе ја подисчешлав за да не ми е замоткана). И излегов природно на сликата ;)
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Јас памтам дека кај нас во мојот клас најубаво беше излезен еден дечко, којшто беше преубав на сликата, препрепре убав. Сите ме прашуваа ееееееј кој ти е другарот.
    А тој иначе цело лице бубулици, дупки, а на сликата ПОРЦЕЛАНКА!!! :lol:
    Така да не се секирајте ќе ве измазнат, ќе ве направат лепотици од викторија сикрет каталог!


    Земете си пудра, креонче, римел, малку туш може горе но само како линија не претерано, сјај и руж.
    И подобро црна кошула него бела. Белата те прави блед. Црната дава контраст и малку повеќе свежина.
    И коса пеглана исфенирана и готово.
    Ако се замарате толку за едно табло ах што ли ќе биде за матура.
    Одат на шминкер за табло :rofl:
    Не да се размазени новиве генерации тоа е чудо!
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.567
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Да се надополнам, спомнав шминкер заради усогласување на контрастот на лицето... имено, на дотичната слика лицето ми е со пудро, вратот не.... детиште, што сум знаела тогаш :D па изгледа прилично смешно и непрофесионално....

    Сега ми е повторно страв за тоа, сакам да си имам убава слика.... не значи дека ќе одам со три тона шминка... има добра разлика меѓу дневна и вечерна шминка... нормално не е финтата никој да не те препознае ;)
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.442
    Допаѓања:
    123.864
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Кога се сликав за табло во средно првиот пат појдов да ме шминкаат, и шминката ми беше добра, ама не ми се допаѓаше како испаднав на сликите па се пресликував, но сега другарка ми ми стави пудро, ми ги оцрта очите, едно сјајче и толку. Излегов 100 пати поубаво. И лани кога се сликав за апсолвентка сама си се средив и супер излегов. Коста во сите случаеви ми беше пеглана. Така да, колку сте поприродни и поедноставни поубаво ќе излезете. :)
     
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Кратко и едноставно: Колку по природно изгледате тоа поубаво :)
    Ние кога се сликавме за табло една другарка отиде кај шминкер и
    на сликата искочи 20 год постаро,па се бунеше сакаше да се пресликува :^)
    Затоа најубаво сами да си се нашминкате како и секој ден што правите само очите треба повеќе да си ги истакнете и готово... :$
     
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.539
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Ние оваа година се сликаме. Кај нас цел клас девојчињата се сликаат со едно исто, собираат пари и купуваат. Така е традиција тука инаку мене ич не ми се допаѓа. А за сликање ич не сакам, смешно ми е циркус некои се сликаат 40 пати додека не им се допадне сликата :tmi:
    Ич не сакам да се сликам, размислувам и чисто онака да не се сликам и никому ништо не ми треба.. Ама ајде мајка ми кој ќе ја слуша ненормална сум била |(
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.679
    Пол:
    Женски
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Инаку, во склоп со постот на Карина, пред рецимо пола декада, сликањето за табло не било задолжително. Се сликале само оние кои си сакале. И друго, цело тоа сликање, плус алманах+ за табло, чини мало богатство, што е апсурдно.
    Кога се сликав јас, чекавме пред фото студиото цел ден, од 3 попладне до 8 навечер. Влегуваа две по две, и се задржуваа внатре по 20 минути. Позирање, чуда, шминки, па да си изберат и која слика ја сакаат и какви корекции да се направат |(
    Кога дојдов јас со другарките на ред, фотографот беше на крај со нервите, не намести, не чкрапна 6-7 пати и ајт бирај од тие. Пуста јас, фотогенична сум да, ама на сликиве ептен безвезе. Ќе видите и сами како ќе ве местат, тоа комедии е.
    Како и да е, ќе се повторам, не се замарајте, не се оптеретувајте со шминки, гардероби и сл.
    И не давајте да ве дуваат со фен, НИКАКО! :!:
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.539
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Кај нас не практикуваат дување со фен фала богу :wasntme: Се сликаме ние секој клас во посебен ден па не се ствара гужва. Ама ете мене ептен глупо ми е , сликање за табло голема работа па гледам почнаа веќе некои другарки и за пробна фризура да си закажуваат |(
    Не ни сакам да се сликам воопшто, чисто онака за мене сеедно е ..ама ајде сите се сликаат и јас црна овца да не бидам.
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Ахх моето фотографирање за табло е една посебна прича...
    Зошто имам многу густа и инаетлива(како мене :D ) коса бев на фризер да ми средат, испеглаат. И бидејки се знам со фризерката, кога и кажав дека ќе се сликам за табло ми кажа седи јас ќе те нашминкам, работи и со тоа во салонот. Јас планирав да ме шминка некој така по професионален , но се двоумев :?: . Не сакав сама зашто ќе неможев да се одлучам дали ми е добро или не, и кога ми рече фризеркава си велам „Одлично, нема да се замарам“.
    Така и беше ме исфенира, ме нашминка одлично, ми се допаѓаше многу,отидов дома се пресоблеков и на сликање.Носев бела кошула, со брош ништо особено.
    Е сега тука почнува комедијата, сите средени, пеглани, чешлани, некои виткани кога фати еден ветер да дува, и нас ќе не однесеше а не фризурите. :rofl:
    И ајде една по една, влегуваат стигам јас на ред и кога ме седнаа кога почнаа да чкрапаат едно 40 пати, јас само се смешкам а тој ме врти, ме мести и ми покажува кај да гледам. И заврши тоа, добро е што не ми го шинаа вратот, и одбрав слика...
    Но најинтересно е што добив професионална понуда да работам со студиото за некои фотосесии, многу убаво лице сум имала и слични глупости. Ме давеше едно 15 минути јас одбивам, а тој ми нуди хонорар и сам со себе се договара :^) . И на крај сфати дека нема шанса да попуштам, се откажа но и ми даде цд со сите слики, т.е. со сите пози во кои ме сликнаа.

    Јас ја одбрав наједноставната, во најприродна положба сум и многу ми се допаѓа, а кога ни ги донесоа сликите цел клас кажа дека сум била најубаво испадната, дека сум најубава не за друго :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На pamelche и Victorya им се допаѓа ова.
  18. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    200
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Јас многу мислев што да облечам,како да се нашминкам дури месец дена пред да не сликаат.Како што си поминуваше времето се помалце се замарав за тоа и на крај си одлучив да се сликам во една кремаста кошула не класична со мала крагњичка и со тенки кафеави линии (иако идеја беше девојчињата да се сликаме во бели кошули сите јас несакав зошто несакав да бидам ко келнер),едноставни обетки (кои не се гледаат на сликата од косата).Косата ми беше испеглана со шишките на страна и шминката природна(пудра,руж,маскара и лабело кое малце ја заруменува устата) :)
     
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    3.473
    Пол:
    Женски
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    За гардеробата мислам дека најубаво е некоја кошулка во црвена, лилакова или бела боја. Немојте да се затварате во црно не е убаво (знам јас се зафркнав)
    За шминката истакнувајте ги очите а на усните само нежен сјај, никако црвен кармен :)
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.539
    Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка....

    Ние за една недела се сликаме. Не се оптеретувам многу ќе ја исфенирам косата кај фризерка а изгледа сама ќе се шминкам. Инаку како ме советувате прво косата да ја правам па шминката или обратно. Дека се двоумам кај фризерката ми е закажано одма пред сликањето, тогаш имаше слободно па ќе треба да се шминкам претходно нема да стигнам инаку.. евентуално да се нашминкам таму откако ќе ми ја среди косата :?: