Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Вајлд јас имам таква форма на очи, со закосени агли така надоле. Најубаво е да ја поправиш формата со молив или туш, ама не вака како на Анџелина. Ќе ставиш така што ќе оди шпицот погоре, во поостар агол. Значи повлекуваш линија, ама не сроз права, на крајот ја подигнуваш, како последната фотка тука: И никако црн молив од доле, никако!! Во предниот агол на окото нанеси малку светла сенка, бела, крем, така нешто понежно за да делува визуелно поубаво. Мој совет да земеш деновиве да си повежбаш. Така ќе си видиш како најубаво ти прилега.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Фала Старфиш. Направив, ама мислам дека е премногу.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Како бе премногу? Одлично е Искрено ти кажувам, одлично е. Може ти се чини многу, не си навикната, ама верувај дека е таман за на слика. Нема да се приметува воопшто колку шминка си ставила, ама ќе се гледа дека убаво ти е исртано окото. Супер!!! И уште нешто.... ЛЕлеееее ОКООООООО!!!!!
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Баш сега ги рагледував сликите од овогодинешните матуранти. Има многу матурантки кои направиле фризура небаре ќе одат на свадба! Одвратно дури! Со некои сарми на главата, некои светкави шноли... бљак Личат на прави теткици. Јас за матура се сликав со кошулка, косата ми беше испеглана и немав ставено којзнае колку шминка. Мој совет, што прочитав дека го напишале и претходно - не се штедете со шминката и бидете малку по храбри. Јас имав ставено туш, ама ептеен малку ми се познаваше. Една другарка што беше понападно нашминкана испадна многу поубава! А сите кога ја видовме како дошла за сликање, превртевме очи. Препорачувам што е можно поедноставна фризура, никако немојте да облечете нешто бело или нешто многу светло, а ни па шарен дезен. Убаво стои и карирано, една другарка така се сликаше. И бидете природни, без вештачки насмевки.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Фала Старфиш. Ќе го послушам твојот совет. Шминката ми е готова, а косата ќе ја пеглам. Сјајче ќе ставам праска боја, а можеби и проѕирно за повеќе волумен, ќе се одлучам. Веќе спремив што ќе носам.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Ние се сликавме пред 2 недели за таблото и ептен неорганизирано беше, прво машките па женските Јас 10 пати му се развикав на тој што сликаше, косата ја испеглав ама после 3 саати чекање почна да ми се витка Ставив нежно розова сенка, малку креон и на уста имав сјај исто во нежно розова боја. Сакав што помалку да се позанава шминката и да изгледа тоа што поприродно.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... И ние ќе се сликаме за околу две недели.Инаку сакам да изгледам природно.Шминка нешто слично како на сликите малку пудра , туш, сјај и можеби малку сенка ( само малку сум антиталент за шминкање па незнам што ке направам сама ) и пеглана коса значи некам да се преправам. Инаку за облека изгледа ке се сликаме во бела кошула што стварно некам Тоа не ми е проблем туку незнам да се местам за сликање и малку имам страв од апарат.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Вајлд ако си бринета сјајче праска боја ептен ќе ти одговара
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Да ви кажам само тие фотогарферите си ја знаат работата, и да ве местат не се бунете, зошто многу убаво испаѓа.Братучедка ми беше лани полуматурантка и прво се нервираше ја местеле, не била добра бла, бла ама многу убаво испадна. И немојте случајно да ве дувале со фен .
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Јас вчера заврашив со фотографирањето и само нервози немаше никаква организација и ние така прво машките па женските и косата малку ми се подрастури туку ајде бидна...Каква сум таква глупо ми е кога ке слушнам некои ке се пресликувале не бива доживотна слика им е оваа... Мене косата ми беше во овој стил ич не си ја бендисав али ајде бидна и шминката светло сиво и темно сиво и имав ставено плаво моливче(поради тоа што се сликавме во бело кошулче и плаво џемперче ) но не многу нападно..
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Штрумфи сум сега бринета, ама се мислам дали да ја направам повторно црвена со колор. Сите ми викаат подобро ми стоела, а сакам да ми остане слика со црвена коса за спомен од тинејџерските години! Затоа не сакам ниту да претерувам со шминка, а за сјајче ќе се одлучам.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... И јас ќе се сликам другата недела...само ние уште не измисливме во што Мене косата ќе ми е права, испеглана шишките ги пуштив сакам да ги израснам па ќе и најдам чарето некако, а за шминка само римел и туш ќе ставам и сјајче, секогаш така сум нашминкана па не гледам зашо и сега да не бидам
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Oу мај гад, немој така Маја. Еве ја мојата слика од апсолвент.Занемарете ја недобата боја, бидејќи сега со телефон ја сликнав сликата. Еве како бев нашминкана-значи ставив туш и црвен кармин (затоа што облеката ни е црна со црвено). И косата ми беше испеглана.Плус имав и руж во боја нешто измешано помеѓу кафеаво и розево. А сепак си бев најприродна од сите. Инаку, никогаш не сакав да се смеам кога се сликам, ама ете по 10 направени фотографии, на онаа каде што се смеев си бев најубавко
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Блонд, се додека изгелда природно е ОК. Баш пред некој ден гледав слики од матурантитие и апсолвентите (на ФБ на страна на Фото студио) и од секој факултет имаше по некоја стокмена ко за на свадба
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Пред една недела ние се сликавме за на табло. Од моето искуство можам да кажам дека колку сте поприродни толку подобро. Лично јас имав малку сенка, туш и маскара и сјај како устата, косата ми беше пеглана, а ги носевме униформите од пракса. Имаше од школските мои што биле на фризери и шминкери, дојдоа навиткани во косите, нашминкани со темни сенки и многу туш и маскара и самиот сликар им рече дека нема да излезат добро на сликата. И така и испадна, тие беа прекрасно средени, но како за на матурската вечер, а не како сликање. Патем, во алманахот сликите се црно-бели (барем кај нас) и ако си многу нашминкана или ако имаш темен кармин/сјај ќе изгледаш ужасно. Што се однесува до облеката, ние се сликавме еднаш по униформи (за на таблото) и по кошули (за нас). Според мене, нема ништо подобро од обична бела кошула, без марами, беџови и сл, бидејќи сега тоа е океј, но кога ќе се гледате по неколку години ќе ви биде смешно, а обична бела кошула никогаш нема да излезе од мода.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Кога станува збор за црно бели фотографии најдобро е шминката да ти биде како за таква фотографија. Посебна шминка е за во боја, а посебна за црно бело.
Фотографирање за табло-избор на гардароба,шминка.... Кај нас една слика е, само на таблото е во боја, а во алманахот црно-бела.
Инспирирана од твојот коментар, реков да си напоменам бидејќи тоа е темата. Кога ти спомена црно бело веднаш ми светна. Не мислев да те поправам.
Ако сакаш тогаш направи си ја така косата. Многу ми се допаѓа и мене црвената боја. Планирам и јас за година две да се исфарбам црвена
Сефора, ај ти се разбираш во шминка, на светло кафена коса, каква боја на сенка ќе стои? ( За таблото баш сакам да ставам виолетова )