Нијанси на зелено, златно, кафено, праска боја, шампањ...Вакви тонови претежно. Зависи и од очите исто така.
Препорачувам тие што ќе се сликате обавезно да ги исцртате очите и ставете руж(перли) за да ви се исцрта и лицето малку,зошто ако не ставите ништо ќе бидете како гумени и бледи во лицата и очите,сепак не претерувајте со боите.Доволно е исцртани очи и сјајче со малку боја каква ви одговара нели,зошто со проѕирно некако лицето ќе ви биде бојата на устата.Затоа е убаво уста,очи и образи да исцртате (истакнете),таа што не сликаше нас, на девојчиња што дојдоа без шминка им рече дека не требале така да дојдат само со маскара и сјај дека сепак треба да се малку нашминкани,па се дошминкуваа таму
Ке се сликам сеа за полуматура ... имам светло сини очи кафеава коса и бел тен ... не сакам многу да се шминкам ама сакам да ги истакнам очите некој совет ?
леле и јас се сликам утре за алманах-.- неееејќам ич! уше неам одбрано шо да носам не знам шо боја ќе ми одговара највеќе инаку имам смеѓа коса и плави очи па ако има некој предлог нека каже
Јас кога се сликав за апсолвентско табло бев нашминкана со виолетова сенка и убаво исцртани очи (благодарение на братучетка ми), пудра, руж и некоја розева нијанса на сјајче.за усни. Имам темно кафеави очи и темно кафеава коса, права, тогаш до рамена, за пригодата само пеглана. И носев еднобојна блузичка и обетки (едната малку се ѕирка) и ланче со сваровски привезок. Ептен едноставна. Фотографиите беа убави, и црно белите и тие во боја.
Sweety-Tweety одличен погодок за кафени, или кафено зелени очи си направила! IndieGirl ме мрзи да пишувам пак, ај побарај во погорните постови, мислам има напишано од некој. Ако не, ќе напишам пак.
Незнам зошто некако сум убедена дека ќе ја утнам работата ако се средувам сама. Кога ќе дојде време ќе одам кај професионалец, немора да значи ако е професионален шминкер знае работи исклучиво со пемба кичести дреч бои , и при секоја посета кај него ќе излезеш непрепознатлива или попознато како the свадба look.Ќе побарам да ме нашминка ненападно, несакам да излезам како трансвестит башка со сељачки огромни сјајни светки.
Шминкерите си ја знаат својата работа и нема да утне ако ти му посочиш што сакаш. Заработуваат од тоа и ги шминкаат клиентите онака како што е побарано. Мене колку ми е фуфка ако се утнам за табло кога ќе се шминкам...
Јас не му се мислев многу знаев дека кошула со карнери ќе носам, косата згрешив што ја направив поинаква отколку што сакав, а шминката самата си ја направив многу нежно и дискретно, иако најпрвин се нервирав поради тоа што направив локни, а требаше пеглана со шишки, веќе не му се замарам, било поминало, симпатична сум си...и тоа е тоа, за некоја година нема ни да се сетам на сликата
Јас кога се сликав за на табло носевме бела кошула,и лилјакова марама.Косата ми беше пеглана и бев така малку нашминкана. Задоволна сум од тоа како испаднав на сликата
Најнормален свеж излед, без прешминкувања и теткински фризури и ненападен но впечатлив накит. Што се однесува до гардеробата, ние во средно си бевме во униформи и немаше тука простор за замарање. Исто и за апсолвентско табло има наметки и капи што се потемна боја така што џабе е потресувањето за фризури и онака ништо нема да се гледа. Ако не ви е обезбедена облека, нека биде нешто потемно и ненападно.Без светкави материјали и нешто што боде очи.Застанете само во нормална поза во којашто се осеќате удобно, да не ве врткаат како сакаат, божем за којзнае каков фешн каталог се сликате... а резултатот на крај е извиткан врат и недефиниран поглед у будучност. Какви шминкери и фризери луѓе не се заебавајте Ме нервира што премногу ги ретушираат фотографиите, на другарка кривиот нос и го измазнија и исправија, мене трепките ми ги избледеа ко озрачена бев.Ама тоа е.
Леле, се сеќавам кога ние се сликавме за табло. Не си го познав класот кога дојдовме за сликање! Се осеќав дека одредени личности за прв пат ги гледам. Се накитиле како новогодишни елки! За шминката ич да не коментирам најубаво. Сите дошле со мотото- што повеќе тоа подобро. Во лицата црвени како велигденски јајца од руж.. па и кармини, чуда, а дотогаш не знаеле што е кармин. И навистина, на сликите испаднаа многу лошо. 90% не си личеа на себе. Според мене, што поприродно- тоа подобро. За облека со некоја кежуал кошулка или пристојна блузичка. Ако ви е пуштена косата најубаво воопшто да не се трудите со ставање обетки, затоа што нема да се истакнат. Аман, не правете фризури да не може човек да ве препознае! Природниот изглед на вашата коса или пак испеглана ако не можете да си ја средите. Околу шминка, ако знаете сами убаво да се нашминкате - само напред, но со мера. Ако не знаете сами, искусниот шминкер сигурно си ја знае работата.
Јас да прашам: Што мислите за пеглана коса и шишки настрана. Од шминка- на уста само сјај, на око- само маскара, и пудра на лице. ОК е или премногу едноставно?
^ Не е. Баш ќе изгледаш природно. И јас сум матурантка годинава и планирам да направам ваква комбинација со шминката како тебе, само можеби мааалку ќе ги исцртам очите со туш, или сивкасто моливче. Сакам баш онака минимално да ги истакнам, а пак да си се задржи природниот шмек.
Јас лани завршив па врз основа на тоа како излегоа сликите можам да ти го кажам следново Косата пеглана повеќе ми се свиѓаше на сликите отколку виткана; Шминката ти е ок, само можеш да ставиш и малку руменило на образите, така ке изгледаш посвежо; За останатото не грижи се, фотостудиото ги средува сликите ке ви ги исполираат лицата убаво ке ве направат пиц пец И плус совет од мене - насмеј се. Многу поубаво изгледа отколку намуртена. Јас лично не сакав да бидам насмеана на сликата и направив неколку такви,неколку каде сум озбилна и на крајот избрав од оние првите.
Мене не ми се допаѓа кога е пеглана косата, затоа што вклучуваат фен/вентилатор што и да е. За шминка мислам дека е потребна, но не пренападна и никако многу коректор ставање н подочњаци. Очите убаво исцртани со туш или црно моливче, а на усните мислам дека кармин е боље него сјај. Јас бев со виткана коса, имам сенка, туш, маскара, руменило, кармин, па сјај врз него. Ама пред сликање ко да се забриша сјајот зошто чекавме само 3 часа. На сликата изгледам природно. Оние што биле кај професионален шминкер не ми се допадна како излегоа. Плус фотографот претерува со позите, па мислам дека е најдобро да одберете на крај поза каде што сте благо насмевнати и во нормална седечка положба.