И јас се мислев под ова прашање. Изгледа ќе биде нормална шминка која сама ќе си ја компонирам . Kако ќе бидам расположена дента така ќе си се нашминкам . Мене гајле ми е како се дојдени Станка и Петкана , тие за нив си се нашминкани јас за себе . Имам природно права коса , што би рекла мајка ми како шајка ми е Значи неа нема да ја виткам како што си е така ќе си остане, со шишки настрана. Ќе се нашминкам како што си одам на кафе, пудра на лицето со мера, туш и маскара и евентуално некоја светла сенка за отварање на очите што ќе ја нанесам и над јаболчниците. Од руменило ќе изберам розево за да биде поприродно и толку
Девојки, другата недела се сликаме за табло. Може ли да ми пратите слики со облека како за на табло. А ако сте во можност и ставете некоја слика од некоја кошула така со машна, и сл. По ваш вкус. Унапред ви благодарам. Позз ве очекувам
Ние се сликавме во мантилот, сепак сме медицина и мора во тоа. Некои се сликаа во кошула под мантилот, некои во кошула со ланче црно, големо, доминантно. Јас се сликав само со едно нежно ланче, под мантилот носев црна блуза, ама не ми се познава. Сама се шминкав, а косата си ја пеглав, а напред прамењата ги фатив со шнолка. Единствено шишките не ми се допаѓаат, можев да ги потскратам малку, ама ајде. Јас си се бендисувам, иако некако многу бела сум испаднала, ама тие секако ќе не средат со фотошоп, дури и погрозно ќе не направат.
Уште малку ќе се сликаме, полуматурантка сум. Незнам што да облечам, како да се нашминкам, дали да ставам марама или штосно ланче на кожичка, дали да ги нашминкам само очите или да ставам и сјајче, пудра не ставам така пишавте неколку страни поназад. Помош ве молам
Нашминкај си ги очите со малку маскара и некое нежно сјајче, повеќе шминка не ти е потребна. Облечи едноставна маичка или кошула, најдобро е да ти биде во бела, црна или сива боја, и би ти препорачала некое едноставно ланче со кристалче. Така облеката на сликата би ти била безвременска, нема да си речеш утре „леле како сум можела да го носам ова...„ личен пример, сликана сум за полуматура во жолта маичка отворена до рамената, за никаде
Ние следнава недела ќе се сликаме, ќе бидеме облечени во бела кошула и мастилно палто. Позадината ни е розова, е сега ме мачи шминката. Не знам кои сенки да ги искомбинирам, не сакам многу нападно. Па некој предлог?
E па не знам, зависи. Ако носиш вештачка вилица извади ги да не пречат ако не со заби немаш избор, жалам... Се шалам. Види како изгледаш подобро така или така. Ако имаш убава насмевка зошто да не? Инаку, никогаш не сум разбрала зошто толку луѓево се потресуваат за сликањево. Одиш, те сликаат, готово. Не гледам тешка филозофија. Шминка не треба да се шлакате па да бидете ко селска невеста, се знае: малку пудра/коректор, маскара, може малку туш и сјајче. Смешно е да ставите три тона шминка ко циркузантки. И косата не треба да правите нешто радикално. Испеглајте се, извиткајте ја малку на краевите или оставете ја како што ви е природна, едн оф стори. А за жал се имам изнагледано од типки што доаѓаа со цветови, пунџи, торти... Смешно. Не се потресувајте и не се правете нешто што не сте. Не треба да ве запаметат како селска невеста туку како онаа која што навистина сте биле.
феминки оваа година завршувам 8 степен англиски јазик,во тоа училиште кога завршиш се сликаш за табло,овие денови треба да се сликам кје имам розова косула и плава кравата(ми се чини така беше) дајте ми предлог како да се спредам шминка,фризура..?
^^ Користи многу нежна шминка.Не изгледа убаво кога си нашминкана како за во кафич или за маскембал.Сепак, ова се слики од училиште, треба да изгледаме како ученички.Користи кремови нијанси, пастелни нијанси и сл. но да биди мат. Со светки нема да делува убаво, многу доаѓаат до израз.И немој да ставаш бела сенка, или ако ставаш само во ќошот стави, бидејќи со бела сенка ќе изгледаш многуу чудно.Користи туш или креон(твој избор) и маскара.Стави си пудра исто така мат, оти пудрите кои се сјајни не делуваат убаво.Стави си и малку руж, и многу малку сјај на усните.
Се секавам кога се фотографиравме ние за матура за табло. Сите мои школски беа во една иста поза со грбот завртени, абе глупости. Инаку јас од шминка имав само неутрален сјај на усните, многу маскара, без сенка за очи, и малку руж. Косата ми беше испеглена со шишки на страна (не многу долги). Ние се сликавме со бела кошула и доминантно сино ланче. Сега другата недела ке се сликаме за апсолвентско табло и планирам косата да ми биде намотена само на врвовите нанадвор, и шминка исто како за матурска само малку сива сенка за очи. Сама ке си се шминкам инаку, сметам дека ме бива до толку да се средам. На глава инаку ке носеме од оние капите коцкасти како се викаа и тоа ми крши филм
За основно * несакам сите во исти светкави кошули и кога ги гледам сите нашминкани како тетки ми се , доволно е само сјај и маскара. За средно* сите во исто, со шминка во нежна боја. Доста е Ако сакате да изгледате ко тетки,има кафичи,маскенбали
Леле човеци моето сликање за матурското табло Толку нервози никој не видел Колкави нервози само си претрпев ... Прво фризерката не ме сфати што сакам и како сакам , ме закасни квалитетно ај прво косата ќе ја правам и тоа пази закажано ама правеше сарми на едно девојче се натегаше со неа а јас си чекав . Ми ја навитка косата ми додаде 5 години плус и си шибам накај дома нервозна вријам ! Имам 15 минути за шминкање закажано сликањево ни напоменаа каснење нема . Леле ау кога ќе се сетам идам застанувам пред огледало рацеве ми треперат од нервоза не можам да се нашминкам . Како што ставив тој ден пудра никој никогаш не ставил тврдам истурив на дланката еден куп и ја шлапнав на лице на мачкам со ДВЕТЕ раце онака ко да ме шминка дете . Ставив многу повеќе од што треба . Ставив маскара , сосема малку перли и сјај за усни ... Одам возбудено куп луѓе и сите зошто не си шминкана ? ! ? ! ? ! загрижени околу мене се врткаат , ме судат а мене умот кај косата ми беше бев свесна дека ми е дебакал . Чекав едно 5 саати да дојдам на ред косата стана уште поужасна зошто немав шишки фактички праменот напред пушти и бев како Моцарт напред истурена . Видов не видов сите со Венди ама ок си добра ти е косата само вака направи , зафрли ја , префрли ја наназад нанапраед ааааа скренуваЧа . Ни едно ни две земав шнола и фрц ја прибрав некако бесната шишка . Една другарка ми иде ми вика те молаааам те молааам да ти ставам туш не бе викам , не ми се ризикува сега . Е добро барем веѓите да ти ги исцртам не си шминкана ми вика . И богами во спредба со другите на професионални шминкери , нијанси , пудри коректори 3 слоја . И ај и дозволив малце помина со тушот веѓите си останаа минуси . Аааа заборавив главниот настан пудрата т.е циментот што го шлапнав го извадив 70 % Иде сликањето тамтараааам нервозна , гладна , и несредена и шминка испари за фризурчето бапско нема муабет . До душа сликарот беше душичка ме слика ми направо фотосесија додека не се допаднав . Не бев вооодушевена ама ми беше незгодно го измалтретирав а сликаше веќе 7 часа . Ај викам онака без мерак . Идат сликиве и сите ваа шо си убава природна . Не се свиѓам и ден денес подобро од што очекував но не е нештп посебно ама ок е помина ...
Не се остава само на маскара и пудра зашто откако ќе се ретушира и обработи сликата, без нагласени црти на лицето, изгледа безживотно и без никаква линија. Немојте да мислите дека додека средува фотографот на сите ќе ви нагласува контурите и ќе ви додава руж итн. Побитно е бојата на кожата да се погоди и да има свеж и здрав тон место само нашлапано бело пудра, отколку бојата на сјаеви и сенки, лично искуство. Розови, зелени, љиљакови - ни најмалку не е мојот избор за табло, јас одев со земјени кафени и црна и најприродно изгледав. Имав нијанса - две потемен од бојата на устата кармин и сум презадоволна. Сама се шминкав и е меѓу поубавите пати како ми излегла шминката.
Да, и според мене никако само со пудра и маскара. Обавезно руменило, ама не премногу нападно, сјај за усни во некоја нежна розева или крем нијанса и истакнување на очите, најдобро со земјени и кафеави нијанси. Јас вака се спремив за табло и баш си се допаѓам. Дури можев уште малку повеќе сенка да ставам на очите. Сепак, кафеавите нијанси воопшто не делуваат нападно, според мене и само го истакнуваат тенот. Друго, никако сликање во некои светкави или дреч бои, па дури ниту црната не ми се допаѓа. Бело кошулче, сиво, кремасто па и кафеаво е супер. Една школска на ништо не личеше. Носеше црно, очите ептен ги истакна со туш, а плус има црна коса, и тоа виткана. Воопшто не ми се допадна. А и има темен тен Искрено, на ништо не личеше.
Може и мат пудра, ама обавезно руменило. Барем малку од малку да се истакнат цртите на лицето, да не биде еднолично. Светкава пудра па ептен ми изгледа како за настап
^А знам за руменило. Него оти видов на намаление убава мат, а не користам често така да ако ја земам сега ќе ми трае и до сликањето, па тогај да не купувам друга
Ја прочитав цела тема и скроз на скроз се збунив едни викате никако туш за очи, други обавезно туш за очи се збунив тоталка Јас вака за школо баш и не се шминкам многу, едино пудра што ставам и чат пат маскара, сега за табло се мислев дали и туш да ставам и руменило малку, бидејќи јас имам светол тен и темна коса па да не изгледам многу ко духче се замислив сега.. незнам дали е подобро само со маскара да се сликам или да ги истакнам очите со туш.. исто и за бојата на облеката, што е подобро - темна или светла облека?