Ич никого да не следиш и направи си како што тебе најмногу ти одговара Башка што сега веќе има дигитални апарати кои обичен граѓанин ги има кои се и подобри од оние во студио Па и со обичен дигиталец испробај си најдобри пози. Осветли си дома како никогаш да не си видела светло и voila За бојата на облеката, зависи од позадината која ќе ја одберете или која ќе ви ја одберат.
Позадината ни е сива со бело нешто, ко облачиња или незнам што се Иначе ова со тушов за очи се замислив бидејќи јас имам многу ситни очи па сакав да ги истакнам малку со туш ама па гледам како критикуваат девојкиве на темава за тие што биле многу нашминкани и дека поприродно само со маскара на очите испаѓало поубаво на слика
Сега нас за некое време за алманах ќе не сликаат,па јас планирав да ставам само пудра,коректор за подочњаци и малку креон на долниот дел од окото.На устата лабело. И толку. А за облека-GN'R маицата и црни фармерки.
Нека си критикуваат, нема тие да бидат на фотографијата туку ти Ако тебе така ти одговара, направи си како што мислиш. Сепак во предвид е мало потенцирање, а не шлакање од чело до брада. За тенот, си има фотошоп. Ти истакни ги контурите (иако и тоа е лесно да се направи) и потоа можеш да им спомнеш да ти го нијансираат лицето (се разбира, доколку се разбираат). Ако белото од позадината е најмногу истакнато, никако немој да носиш кремасто или бело. Не друго, ќе те снема
Јас бев едноставно нашминкана пудра, маскара, креон и лабело косата ја пеглав а за облека цела генерација бевме во исто бели кошулки и црни елечиња
Уште нешто... Фотографијата за табло е нешто што ќе остане. Сега со технологијата ќе ве испеглаат и ќе ве средат, но за останатите работи (шминка и фризура) бидете колку што можете поприродни. За облеката, бидете „вие“ и ако се договарате да бидете во исто, не мора да значи и дека секој го сака тоа. Сликајте си се во тоа што си сакате. На крај, на сликата стоите самите вие, а не мозокот од сокласниците!
Јас многу црвенеам. И сега, страв ми е да не бидам на сликата целата таква црвена. Како да го скријам тоа, каква пудра да ставам? Обично не ставам пудра, ама на излегување кога ставам камена пудра пак поцрвенувам. За фризура, па не ми е матурска фризура да правам. Ќе се испеглам и толку. Друго од шминка-маскара, креон или туш. Е сега, и за уста се мислам дали црвен кармин да шлакнам или нешто безбојно. За облека, најверојатно ќе бидеме во бели кошули и марама.
Мене за таблото ме шминкаше другарка ми, а косата само кркмата и малце долниот дел виткан, 10 пати ме слика и на крајот 1 слика ја одбрав Стварно сликата е нешто што останва, јас секој ден си ја гледам, и не можам да си ја изнагледам . Се сликавме во мантил, плава кошула, и имаше беџ плаво пеперутче, плава беше позадината, стварно беше перфектна комбинација
Тоа е најмал проблем Затоа го измислија „Photoshop“ Ќе прашаш дали ќе биде проблем малку да ти го осветлат лицето бидејќи си имаш проблем со вцрвување (од топло/исмисли нешто) и ако се професионалци, нема да имаат проблем со тоа, само да не те заборават.
Spoiler Да си се самоцитирам и да споделам импресии, иако нели помина речиси година од моето сликање за матура. Сама се шминкав и можам да речам дека на прсти се броевме оние кои имавме поскромна и нормална шминка. Јас стварно не можам да сфатам кое е тоа задоволство на слика од таков карактер да се појавиш со пет кила вамп-сенка на очите, ненормално извлечени линиишта со туш или пак џиш-црвен кармин. Не се ни трудете да ми објасните, никогаш нема да го разберам ова, патетично е. Освен пудра, маскара и руменило, си го испочитував постот и се исцртав со туш во граница на нормалата, минимално, малку сиво моливче одоздоле (затоа што се зафркнав на полуматура бев пребледа - не ставив никакво моливче) и наместо бело или некое посветло моливче, ставив едно бело-сребреникаво на почетоците од окото. Потенцирав да не претеруваат во лицкањето и мазнењето и морам да кажам дека сум многу задоволна од крајниот исход. Доказ за тоа е и сликата што ми стои врамена во соба - за претходната официјална имаше забрана за поставување во дневна на мегдан.
Немој никако црвен, ама не ни безбојно, зошто може устата и да не ти се познава. Некое розево, така колку да ги оцрташ усните, ем природно, ем убаво.Или пак оцртај ги усните со моливче во нежна боја и после малку размачкај, да не ти се познаваат линиите, и стави безбојно сјајче. Јас имав неутрална сенка, бежова, и маалку потемно горе на капакот, зошто имам спуштени капаци, а сакав да ги истакнам очите повеќе. На уста имав розев, многу нежен кармин што едвај се познава. И испаднав добро, само косата е веќе друга ствар. Еве ви убави слики, само без толку туш и секако без карминот на втората. Spoiler
Јас кога се сликав за полуматура, носев една поформална маичка, црна со бел принт, не дека беше некоја огромна утка,ама..кога би се сликала сега, не би ја избрала неа, дефинитивно. Шминка...имав пудра,руменило, бел креон под очи и маскара. Косата ја препеглував 100 пати пред шминкањето, а шишките ми беа фатени нагоре. Не сликна тој шутракот 5-6 пати, ни рече да си избереме слика за експресни 3 мин. и тоа беше тоа.
Јас сум од охридска гимназија и кај нас е убаво што не се замараме со тоа....се сликаме со познатите матурски црвени мантии и на 90% косите им се пеглани поради задолжителното присуство на капите А за жминка да не е многу нападно, па и крај краева многу е фотошоп ќе има после И да си грд убав ќе си
Ние се сликаме утре. Паника се крева ехе-хеее! Фризурата, шминката, па како ќе не сределе у фотошоп, па сарми по главите. Од сета тензија и јас ќе почнам да паничам. Кошулата што ја одбраа е од грда погрда. Одвај чекам да поминат овие глупости.
Јас кога се сликав одбрав ненападна шминка, ставив само пудра, туш и римел, а на усните малку кармин за нијанса потемен од бојата на усните. Косата ми е права, но малку ја испеглав напред. И тоа беше тоа. Многу лошо ми изгледаше кога видов девојчиња со пре нападна шминка, црвен или циклама кармин, еден тон сенка на нив во некоја јака боја и слично. Во однос на облеката, сега би избрала некоја еднобојна маичка или кошула, инаку носев маичка со цветен принт.
Ако не сакаш, никаде немаш закон со кој си обврзана да ја носиш. Ти ќе си на таа слика. Ако другите си се бендисуваат во едно, не значи дека секој треба да е согласен со тоа.
Извини, ама во многу теми те приметувам вака, се „поднафрлаш“. Се подразбира, ако не сакам - не морам. Да не се разбереме погрешно, нели..
Прв дел: Извинето, нели форум беше ова и секој го прави она „нафрлањето“? Втро дел: го напишав тоа бидејќи никогаш не сум била за униформираност. Едно е да се има униформи, друго е да се прават дека имаат униформи и притоа да сум приморана да дречам пред камера во екстра портокалова кошула која на ништо не личи. Ама ако го сфати како нешто друго, тука не можам ништо.
Како поим за антифотогеничност - супер сум! Ставив малце пудра со нијанса како мојата кожа и супер излезе. Исто ставив малце туш ама не правев мачкини очи и што ти знам. Малце, дискретно. Исто и креонче од доле. Римела, и усните ги оцртав со црвено, темно црвено моливче, го впив со салфета, размачкав и ставив безбоен сјај. И верувајте, подобро излезе од оние што одеа та кај шминкери та не знам што. И многу природно. Немојте да ставате руменила и сенки, најдобронамерен совет ви кажувам. На оние што ставаа руменила и триста пудри лицето им беше морковкасто портокалово, а вратот бел. Не личи на ништо. И така ве чистат и го затемнуваат малце лицето. Фризура нема потреба да правите. Вештачки трепки - булшит. И да, се сликавме во кремаво сако и бела маичка под сакото. Не се лоши и тие што се сликаа во портокалово дреч, ама пак, класика си е поубаво. Не се китете со марами. Некое едноставно ланче ставете ако имате, ако не оставете.