Нешто поедноставно, еве можеш на јутуб да најдеш нешто слично на ова http://www.youtube.com/watch?v=khr5glMa10Q ги има многу, побарај
Лелееее денес ми кажаа дека во сабота се сликам и кај сеа ја сако и кошула да најдам, а кај па и за шминка да закажам и тоа во сабота,уф небаре секој ден за на табло се сликам па вака у пет до 12 ми кажуваат бре, што е ова,аман Планирам,т.е. сакам сако темно плаво и бела кошулка и некое штосно бисерно ланче, сакам кет ајс за шминка ама не нападно нормално туку дискретно и тенко,а пудра нормално доволно за да ми ги покрие расчепканиве брумки(во живот олку не сум имала) на усни сјај и тоа,ама што од сето ова ќе успеам да најдам...
Феминиум, прошетај деновиве низ продавнициве особено низ калиопе и теранова. За шминката обрати се кај девојките што шминкаат по дома, и ќе закажеш лесно и без паника. Вака ако ствараш паника ова она едно друго ништо нема да направиш. Полека ќе биде се во ред.
Мене денес ме фоткаа за табло. Искрено, можев многу подобро да излезам, али ајт, океј е... не сум којзнае колку задоволна, сум излегувала многу подобро на слики ама тоа е. не можам веќе да се замарам со ова прашање, каква сум, таква сум
Сенза, ја се фенирав кај Сандра Екслузив воедно и се шишав, јас сум задоволна зошто имав ваучер преку групер и си немав мака. А се шминкав кај Tina - make up девојката убаво шминка зема 500 денари. И шминката стои.
Јас оваа година сум матурантка, но незнам дали да закажувам во некое студио или дома да си се нашминкам. За облека не му се замарам многу многу, само ова шминкава ме буни..
Јас планирав кај Фиторе, мајсторка невидена е за шминкање, ама ме предомислија другиве... Стварно се многу да плеснеш 2-3 илјади, да те шминка и прави со саати, да отидеш и само да се сликаш. Здравје за апсолвентска ќе одам кај неа. Разгледував и кај другите Албанки, и мислам дека ќе одам кај некоја од нив... Никако да не се најде некој навреден, ама мајстори се за контурирање и цртање со туш... Немам видено некој од нашиве да ги прави така. @senza.parole секако мислам после нас се сликате и ќе ме видиш сигурно каква сум, можам да те контактирам ако сум задоволна, ќе ти дадам бројче. Шминка и фризура заедно прави, мислам дека не е поскапа од илјадо денари.
Пробај неколку пати сама да се нашминкаш исто како што сакаш да бидеш нашминкана за вечерта нормално, ако ти успее можеш и дома
Сликите и онака ги средуваат, така да и да се шминкаш сама не е страшно, на крај сите се слични и оние со малце и оние со многу шминка
Гледајте да ви е понежна шминката, зошто кога ќе ве израмнат со три тони фотошоп ќе дојде многу повеќе до израз, боите ќе дречнат и ко мачорки ќе бидете. Што поприродно тоа подобро. Не е целта да бидете непропознатливи на фотографијата И да, две три илјади за шминка на една фотографија која ќе биде извадена на табло неколку дена и после ќе си ја гледате само дома, реално е многу. Јас сама се шминкав иако многу мислеа дека сум била на шминкер.
Па и за тоа уствари несакам да одам ме шминкаат, а без шминка да се појавам глупаво ми е некако. Ќе пробам сама, ако не иде ќе си закажам дефинитивно во Фиторе. И не е толку скапа @Doozy. Сестра ми се шминкаше за свадба и косата ја правеше па и зема 600 денари. Ја направи ептен добро.
@Baby-bubu 600 денари? Мене ми рекоа дека испод две илјади не е, и тоа ако и кажеш дека си со некој посебен повод, ќе ти земе уште повеќе... А се подраспрашав на неколку места и сите таа цена ми ја кажуваат... Ии, ако е толку ич не се мислам, одма одам.
И за матурантките, а и за полуматурантките мислам дека е потребно да ги среди професионалец сепак тоа е нешто што секогаш ќе ти остане спомен, а да се шминкаш дома нема да биде исто како она што ќе го направи шминкер сепак професионално си е професионално. Но ти треба да одлучиш дали ќе имаш многу или малку шминка на себе. Полуматурантките може да имаат помалку шминка бидејќи на тие години подобро е да се изгледа што поприродно но исто така и убаво, а за матурантките мислам дека е во ред ако стават повеќе шминка.
Толку е Баш се чудевме со сестра ми толку добро да ги прави, а ефтино зема. Плус не окапуваш многу како кај некои. Сестра ми ја шминкаше и и ја правеше косата за еден саат беше готова. Шминката цела ноќ и остана и косата исто. Е сега за невестиве може да е поскапо..
Има уште некој прашано за цена за во Фиторе? Мене не ми е за верување оваа цена. Сестра ти си кажа за која прилика и е потребна шминката? Ако е таа цена не се ни размислувам, ќе си одам таму И без разлика дали се фотошопираат сликите или не си има разлика од шминка од професионалец и сама шминкана. Јас си се свиѓам сама кога се шминкам ама толку сум нефотогенична што ретко кога си се свиѓам на слики. За матурата сама се шминкав косата само бев да ми ја средат, природна си бев ама не ми се допаѓа како излегов а тие слики еве уште ми се моткаат по докумети индекс и слободни... За Мина не би ви ја препорачала. Другарка се шминкаше кај неа за табло, и не знаете колку криви и ги направи очите и веѓите Не знам зошто така и ја утна шминката девојчево природно си има симетрично лице а на сликиве хаос. Јас ионака ретко се сликам па знам дека сликиве ќе ги користам и за понатака сакам да си имам убава фотографија
Еве ме и мене во темава Годинава сум матуранка,па кај и да е треба да се сликаме за на табло Сакам дома сама да се шминкам,не ми се даваат пари по фризерници искрено 1000 денари за една слика,покрај толку многу давачки за матурава многу ми се :\ Ама тоа е друга тема Имам ситни малку јапончести очи, и размислувам дали да ставам само туш и моливче и маскара,пудра руменило и кармин Или пак да ставам и сенки...и онака после тоа ќе се ретушираат сликите.. Не знам,сакам искрено вака да се шминкам,па ако може некое клипче за шминка ко оваа би ви била многу благодарна Да не правам реклама,инаку сликата ја најдов на фб страната Изабела Мејк ап,само е кропнав За секој совет сум однапред благодарна,фала уште еднаш
Ми се допаѓа ова, со исклучок на вештачките трепки. Исто ова многу ми е убаво не е толку нападно, зацрнето и не изгледа како вечерна шминка. Можеш и ти да си купиш вештачки трепки, не мора цели да ги залепиш, само по неколку клопчиња за да изгледаат поистакнати.