Па вака....Јас имам многу да речам глупа коса иако си ја сакам ептен ми прави и проблем. Каква е таква е моја си е значи она си е виткана помалце бушавкано проблемот е што е кратка и сег сакам да а пеглам или незнам што друго да и правам па ваше мислење да ја пеглам или пак не?
Неделава ќе се сликаме за табло, господе, кој го измислил ова нешто? Да се сликаме па уште да не закачат по ѕидовине, една групна од цел клас, ајде де, колку толку подобро, макар што од цели 4 години ретко може да се издвои некој момент кај што стварно сме биле клас, другото е се караница,озборувачка,зајадувања,провоцирања,и наместо последниве 2-3 месеци да се смири ситуацијава, сега се караат ко никогаш досега, јас само си ги посматрам и ми доаѓа да се фрлам, тамам на втор кат сме . . . Цела генерација зедоа кошула, ние последни, се подразбира-како и секогаш, денеска излеговме и ете на оваа падна изборот. Не ми го прави многу ќеот, ама ајде, што е до мене во црна обична би се сликала. А за шминка за табло не планирам ништо да ставам, римел,сенки,туш-не, сјај-не.
офф anuvche и кај нас е така сите си се мразиме секој на секому зло да нанеси баш пред неколку дена купија ама ич ама ич ќејфот не ми го прави и не сум единствената ама ајде веќе е купена иначе два дена се каравме околу тоа
Ние би требало после празнициве да се сликаме за на табло. Јас како и секогаш, планирам да изгледам поприродно. Од шминка ќе ставам: пудра, маскара и лабело, а косата бидејќи ми е права, ќе ја пуштам и нема да ја пеглам. Би им препорачала на полуматурантките да не се шминкаат многу
не ставај шминка и онака го чистат лицето јас ставив само маскара креон и сјај косата ја испеглав зашто инаку ми е катастрофа и излегов суппер ѓабе е сета таа паника што се ствара
Ние се сликавме минатата недела.. кошулата беше катастрофа бендисавме една ама не беше точна на едно девојче а две величини од истата кошула немашее. И на крајј влеговме во едно бутиче најдовме една кошула што ни чинеше на сите и ја купивме ама ич не ме бендисуваше А шминка ставив само пудра маскара
Не знам што е толкаво чудо сликањево за табло. Кога бев полуматурантка не се ни шминкав, ни сјајче не ставив. За матура маскара, и малку пудра. Имавме униформи сите, убав дрес код, да нема никакви поплаки. А тек па правење фризури, боже боже мислиш ќе ме има на телевизија или одам на некој свечен настан. Ни сенки, ни кармини, и пак супер излегов. Не е се до шминката фризурата, и гардеробата. Колку девојки имаше кај мене се испонашминкале, со фризури,а дента дуваше на сите им ги растури хахаха
Женски кажете препорака некоја девојка за шминка, за табло ми е, иначе апсолвентка сум. Да е некаде околу центар, или по можност до дома да доаѓа. И секако да не е некоја вртоглава цена. Фала ви